Најдобар е тој на golden rose. Не сум го сменила долго време, многу сум задоволна. Ако некој е во потрага по добар фиксатор, нека си го купи.
Не можам да се одлучам помеѓу тој на ГР и на Балеа. Не ми е толку важно да ми трае 24ч колку што ми е важно кожата да ми изгледа свежо бидејќи секогаш користам камена пудра. Или ако имате друг предлог во тој ценовен ранг.
Јас го имам користено само на ГР фиксаторот и задоволна сум. Не ми лепи кожата отпосле а имам баш свеж изглед. Сакав да сменам да купам некој друг, ама изгледа пак ќе го купам тој од ГР.
Препорака за добар фиксатор за шминка? Само да не е на Urban decay. Нареден месец сум на свадба и цел ден ќе бидам во трчанции па и со детево мало 100% ќе трчам и со сигурност ќе се испотам. Пудра во прав користам на Laura Mercier ама чисто сумњам дека ќе издржи на топлово (не сум ја испробала доволно). На пример овој на NYX како ви се покажал .Или следниве на сликите
Го купив овој уште кога излезе во продажба , само воопшто не се сеќавам дали ми вршеше работа на топлово. Фала ти сепак на предлогот, ќе го имам на ум. Може да го земам моментално кај нас е со 50% попуст Edit: сега добро ја видов сликата. Ова е обичната верзија така? Го имам моментално ама го користам за хидратација, мене овие спрејчиња (освен за тој што зборам јас, мат верзијата) не ми личат на фиксатори
Oвој е prep+prime имаш и за мат изглед се става пред шминка и на крај јаС обична слика сум ставила на фиксатор тој prep and prime барај го
@koritsaki на Avon mark да си го нарачаш ако имаш можност. Ретко користам фиксатор ама ми се допаѓа овој. Може да го користиш пред шминка и после шминка за да фиксираш. Не е за секојдневно користење, но за посебни прилики е одличен.
Јас го користам на Револушн matte fix oil control, сега кога беа горештините го користев врз Цц крема и супер се покажа, за неколку часа. Можеби за повеќе треба да се нанесува пред и по шминка.
Фиксаторот на Кико Милано е фантастичен, потпишувам со две раце, шминката ми издржа 9 часа, после веќе морав да ја извадам. Не користев камена пудра, само обична течна и стик за контури.