fiksna proteza Сакав да прасам дали некој носи или носел фиксна протеза.Јас треба да носам но мојата другарка која носи ми реце дека не смее да користи мастика.Дали тоа е вистина?
nosev i jas fiksna proteza na gornata vilica no luge vnimavajte na umnicite i slikajte gi dali gi imate i potrebno e da se izvadat zatoa sto jas gi ispraviv zabite mi nikna umnik i sega pak mi se krivi i zosto davav pari ?????????? pred da stavete ubavo prasajte poveke zabolekari sto i kako ispitajte se detalno, a ne smetaat protezite za nisto [mod-kirilica:2wkq0ls6][/mod-kirilica:2wkq0ls6]
Носам фиксна 3 години и пред некој ден ја извадив протезата од долната вилица и забите ми се најубавииииииииииии јејејеј .. само сеа ќе мора да ми стават некаква зица внатрешно на забите а едвај чекам во среда и на горната вилица да ми ја извадаттт ќе бидам пресреќнааааа
^ баш ми е драго што убави ти се долните а инаку кај кој доктор ги правеше фиксните ако може да знам? пиши или тука или ако сакаш преку лп. јас уште неколку месеци и ке ги вадам
Name ... јас во Штип ја ставав и извадив протезата а докторката се вика Марионка Иванова инаце Lose96 ич не боле
Носев фиксна две ипол години. Толку се навикнав на нив што ми беше чудно кога ми ги извадија. Бев решена да имам убави заби и среќна сум што го постигнав тоа. Пред тоа носев мобилни протези и немаше никаков резултат, па морав да ставам фиксни. Не беше нешто посебно непријатно, ниту пак болно.
Нема да те лажам и да ти викам дека не боли пошто стварно болеше. Не е едноставно да ти ваѓаат нешто што ти било цврсто залепено година/две и сега наеднаш да го ваѓаат. Во мојот случај и крв ми течеше а и непцата ми се воспалија, но на крај се излезе добро. Мене малце ми останаа од брикетите на забите(очигледно лепакот бил премногу добар) ама ми ги истружи и не се ни познава .. Сепак завиши од човек до човек. Ќе стисниш заби и ќе помине одма
Мене воопшто не ме болеше, ама ни малку. За 5 секунди готово беше, само потоа ми ги полираше забите и тоа траеше подолго.
Јас толку мн си ги засакав фиксниве што незнам како ке ги извадам Инаку си имам нови ластичиња виолетови, преубави се Се мислам нареден пат да ми стави ластичиња во боите на бенетон, што мислите како би изгледало??? Мислам дека би била смешна
Денеска ставив фиксна протеза на горната вилица,ама 5 и 6 ми се извадени,па докторката ми кажа дека прво требало да носам фиксна па после да ставам порцелански заби.Дали некој го има истиот проблем?
Па можеби ќе се пополни местото и нема да има потреба да ставаш заби Обично вадат ако нема место, ако ти е мала вилицата
Инаку девојки јас носев фиксна протеза на долната вилица во 7мо одд. Значи ако има помали девојчиња НИ СЛУЧАЈНО немојте толку рано да носите протеза. Ја носев една година, ја извадив и забите ми беа бисерчиња ама месец дена Носев и мобилна и се, џабе беше! Ми се вратија исто скроз како претходно и морам да напоменам дека ми се потполно исто искривени како што му се на татко ми Како и да е, кога почнаа да ми растат 8миците уште толку почнаа да ми се криват и фино лепо отидов да ми ги извадат со операција со надеж и желба потоа пак да ставам фиксни. Долните ги извадив, горните немам храброст Ептен ми е мачење тоа вадење со операција Леле колку само сакам да носам фиксна, не можам да ви опишам, може сум и ненормална сеедно Имам стварно големи заби спрема големината на вилицата и ја молев докторката да ми ги извади и 7миците да се направи простор и ми рече нема теоретски шанси толку убави здрави заби да вади ( пу пу, да не си ги урочам) Горните заби не ми се толку криви, ама ми сметаат! Некогаш сигурно ќе си ставам протеза па и на 30 години, ми е гајле! Инаку проблем од кога ја извадив протезата беше и тоа што ми се расипа 6ката каде што стоеше прстенот, затоа што нели докторката толку „добро“ ми ги намести, секоја недела ми се одлепуваше по некоја брикета или ми се вадеа прстените и толку лошо ми ги лепеше прстените беа полупразни и ми се собираше храна која не се вадеше ама никако. Ехх колку само сакам да имам скроз прави заби, премногу! Малце се во моментов финансии во прашање ама како што реков на 30 години ако треба ама ќе ги исправам забиве. Штета е, стварно ми се здрави ама кривииии
jojoba и мене ми ставија прстен на шестката сега за сега немам некој проблем,само што ме болат забите ама викаат дека така било првите три дена, сега не можам да јадам тврда храна, инаку јас имам 24 години и дури сега се одлучив за фиксна.
Девојки, јас сигурно треба да носам фиксна само што во моментов немам финансии. Како и да е, незнам како се вика забов ама ќе ви покажам на слика.. E тој што е до предните два заба од лево.. Тој заб ми се наоѓа целиот позади едниот преден заб и тој што се наоѓа до него, од десна страна што и не ми е изваден (млечен ми е) Ај, ако ме разбравте нешто. Сега незнам како тој заб ќе се избутка напред и како ќе се ослободи место кога ќе го извадам тој млечниот, ќе растат еден преку друг ли како. Леле, ако треба да ми го вадат, не сакам, ептен ми е страв, неможам ич да трпам болка. (дека траен е) Дали може некако тој да се истурка напред, со каква протеза, само да не се вади? Незнам, јас и како мала кога идев на забар, забарката ми велеше дека имам премногу цврсти заби и самите заби премногу доцна почнаа да ми се вадат, воопшто не ми се клатеа. Дури срам ми е да кажам дека сега имам уште некој млечен заб останато, ама не бре, не сакаат да се извадат. Како и да е, ќе морам да одам набрзо на забар. Ии дали исто може да ми стават протеза од внатрешноста на забите, не од напред за да ми се гледа? Зашто така би можел подобро да ми се исправи тој заб што ми се наоѓа сосема од позади. Барем така мислам јас.. А и многу ми е страв и ептен се нервирам дека нема да можам да спортувам откако ќе ставам протези.. Зашто ако ме удрат, и малку онака би можеле протезите да ми се изместат и џабе фрлање пари толку.. Зашто братучетка ми имаше фиксна протеза и јас случајно ја удрив со колено по уста кога бев мала и незнам , мораше да ги извади тие протези и да става нови.
па мислам дека сите имаат прстени уствари тие и се најбитни според мене затоа што шират, прават простор. инаку нормално е да боли, јас пиев и аналгин затоа што не трпам болки, носев само доле и ми рекоа дека доле повеќе боли, појака била вилицата и потешко се мрдале забите . супер што сега си ставила барем ќе знаеш дека ќе ти останат прави затоа што претпоставувам сите заби ти се израснати и нема драстични промени на вилицата