Дали би можеле да ми предложите некоја маст/крема за мачкање на внатрешната страна од усните поради триење од протезите? Овој "восокот" што ми го дадоа баш и не помага...
Ако восокот не ти врши работа, побарај штитници да ти дадат. Како гумени шини се што се ставаат на целата вилица преку сите брекети. Малку е погломазно, ама ефективно.
Zdravo ,imam staveno protezi pred 3 i 3 meseci. Togash doktorkata mi kazha deka periodot vo koj treba da gi nosam se dve godini. Imam gorna i dolna proteza. Vekje pochnuvam da se iritiram i nerviram ,nemozham da gi nosam vekje ,gi mrazam. Koga ke ja prasham doktorkata ushte kolku do kraj ona na nonshalanten nachin ke kazhe ushte dva tri meseca i taka vekje eve edna godina od lani. Takov neprofesionalizam ne sum videl nigde. Mi treba sovet ,se si mislam da otidam na konsultacija kaj nekoj drug zabar da prasham sho e rabotava. Pochnuvam poleka kako u depresija da pagjam ,na pochetokot bev vozbuden jej zabite ke mi bidat perfektni no sega vekje ne mi e gajle i mrazam koga ke se nasmeam vo ogledalo iako mi se mnogu podobri nego na pochetokot. Nekoj sovet ,fala mnogu.
Колку што разбрав 1 година веќе ги носиш? А ти кажале 2. Мој совет ти е, немој да ги вадиш. Издржи, it's definitely worth it : ). Знам дека малце грдо изгледа пошто и јас сум со фиксни и на горна и на долна вилица, ама решена сум до крај да терам. Имам другарка што ги носеше 1 год, а требаше повеќе да ги носи, но ги извади пошто грди и биле. Зашто не ги носела доволно време малце сеа и се подзакривени. Затоа не ги вади. слушај ја докторката, она најдобро знае. Поарно 2-3 год малце грдо да изгледаш него после цело време со криви заби. И плус тоа и самите ние малку си ствараме слика дека грдо изгледа, не е толку страшно. На некои и баш cute e.
Gi nosam 3god vekje a trebashe 2. So toa shto samata doktorka vekje si go prekrshi zacrtanoto vreme vekje nemam doverba vo nejze i zatoa e frustrirachki. Se poznava deka postojano me lazhe i se vadi od situacii.
Јас мислам дека не може да се предвиди точно колку време треба да носиш протеза, има многу фактори кои влијаат и нема причина да губиш доверба во неа. Знае што прави докторката.
Пред неколку дена ставив фиксни протези. Сега прво само на горната. Е сега докторката ми кажа дека ќе ме болат забите дека може и неиздржлива да е болката ама мене нешто посебно не ме болат. Само малку на притисок. Нормално е? Глупо ми е за ова да ја прашувам
Да, нормално е. Имаш среќа што не те болат верувај. Мене многу ме болеа кога ги ставив, имав неиздржлива болка особено кога ја ставив протезата на долната вилица (многу повеќе ме болеше отколку горната), два дена не можев да спијам. Забите почнаа сите да ми се клатат, хаос ми беше на почетокот ама сега си е супер.
Девојки, ми се откачи брикетата и сум ја изгубила дали знаете од прилика колку наплаќаат за изгубена брикета?
Мене претходниот пат ми лепеше ортодонтката две брикети, едната и јас ја имав изгубено, другата ја чував, и ми зема 800ден. Ама плус ми ги смени и жиците и гумичките и затоа ми зема толку.
Дечки, носам протеза од ноември. На почетокот докторката ми кажа дека е нормално да имам ротации на заби, простор да ми се појави итн. додека да ми се исправат, ама многу ме мачат предните два заба горе, пошто едниот од нив се скроз искриви, отиде мнооогу надоле, а и самата брикета на тој заб е поставена криво, не е паралелна со забот туку е баш наместена да го врти забот како што се криви. Два пати бев на контрола, секако немаше реакција од докторката, ама мене ме нервира што ми се криви пошто тие два заба ми беа баш прави и сега ми е криво што ми се искривија. Мислите ли дека е нормално, дека намерно ми е така поставена брикетата, а не погрешка? Ќе прашам нареден пат секако, ама додека да ми дојде контрола сакам мислења.
Треба да носам фиксни протези за корекција на лош загриз и раширивање на вилицата се одлучив кај Иван танатарец.Спрема мојов случај ми ги предложи некој си дамонд така некако незнам точен назив.Инаку шо имам слушено многу болело а јас сум многу слабо толерантна на болка…Незнам како да го издржам тој процес…Колку дена трае болката со што се смирува?