Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. doleina

    doleina Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2021
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски

    Јас ставив протеза пред еден месец, исто поради лош загриз. Првите 4 дена чувствував како благ притисок, не 'силна болка' . Нема да имаш неиздржлива болка. Секако аналгин можеш да се напиеш, ништо страшно. И после секоја контрола ќе биде истото.

    За дамон протеза се одлучи? Мене ми беше многу скапа па ставив на долната метална фиксна, на горна керамичка. И баш изгледа кјут.
     
  2. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Јас сакав керамичка ама ми рекоа дека металната била поефективна.. :(
     
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Нема врска, се е ради естетика, ефективни се и керамичките ама малце поскапички, од искуство
     
  4. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Може да споделиш цена ако не ти е проблем?
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто проблем
    Тоа се всушност порцелански фиксни протези направени од керамички материјал, ги носев на горната вилица, а на долната метална, пак ќе пишам ради естетика, ист краен резултат- прави заби.
    Порцеланската ме чинеше 350евра а металната 250евра плус секоја контрола во месецот 500денари.
    Ова пред 4години
     
  6. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    А ова е цена за на приватно или државно?
     
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Приватна ординација, фондот ништо не покрива зошто протезите ги смета за луксуз :)
     
  8. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Јас сакав керамички и не ми е проблем цената ич, туку ме убедуваа да ставам метални, не знам зошто:envy:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Не сум доктор само ти пишав искуство, не е лошо да прашаш и второ и трето стручно мислење, сепак на тебе е да си одлучиш
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски

    Да за таа се одлучив за порцеланската…Скапа е ама морам,долги години си одложувам и проблемот се зголемува затоа се одлучив веќе, ама се плашев од болката дај боже да е така да не е неиздржлива болка…Пошо стварно не поднесувам болка воопшто..Инаку 1600 € за двете вилици ми рече мене Иван за таа протеза.И мислам рече бесплатни контроли ако не се лажам(не се сеќавам добро)
     
  11. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Дечки ставив метална горе.
    Знам дека болка е нормално нешо, ама малце ко да ме чешаат забите? Многу чудно чувство ама ко да иритираат?
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јас носам Дамон протези. Болката траеше 3 дена и толку. Вториот ден боли најмногу ама апче против болка ќе ти олесни. Понатака на секое менување жица пак боли некој ден ама не е страшно.
    За Дамон би ти ја препорачала др. Елена од Дента ес затоа што е Damon doctor и официјален едукатор, па многу нејзини колеги прават консултации со неа.
    Протезата е скоро невидлива, многу пати не ме приметуваат ни дека ја носам додека не кажам сама.
     
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    @Jana06 што пиеш за болката во првите денови? Со кои апчиња имаш најдобар ефект? Прашувам за син ми, баш прееска се мислев што да му дадам неможеше да јаде од болка. После вчерашната контрола уште синоќа имаше болка, па проба со кафетин ама не му помогна доволно. Денес со Ibuprofen пробавме со најслаба доза од 200 мг, дека е помлад не сакам јака доза да му дадам..
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не би знаела да ти кажам зашто во тоа време доев и се напив парацетамол. Ќе ти предложев и јас Кафетин ама штом не помага продолжете со ибупрофен мислам појаки се. Помагаат ладни напитоци, сладолед и течна храна. Боли многу кога гризаш.
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    Да, него вака му е само во првиот ден-два после затегањето, ама многу е нервозен тогаш од болката. Не ми текна за ладни пијалоци и храна, баш ќе пробаме. Фала ти:f:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Од каде е жената? Јас се одлучив за Иван пошо за една контрола да не треба да одам за Скопје.А тој доага во местото каде што живеам затоа.Инаку навистина ли е толку неприметна? Дали имаш некоја слика да ми покажеш?
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Во Кисела Вода има поликлиника.

    Еве ги протезите:
    damon_braces_sadrzaj-580x321.jpg

    Инаку, не е секој за Дамон и прилично се скапи. Можеш ако сакаш со докторкава да направиш една консултација пред да ги ставиш, да те прегледа и да ти даде мислење, па стави си ги во твојот град.
    Вилицата може да се рашири и со обична протеза само ќе треба подолго време. Мене плус и долната вилица ми е излезена од зглоб и ми се 'откачува' повремено. А резултати има веднаш, некако и цртите на лицето ми се сменија, одма почнаа да ми коментираат дека послабо изгледам во лице.
     
    Последна измена: 2 февруари 2022
  18. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа за мојот проблем или оваа протеза или како поефтина варијанта протези обични и плус некое апаратче што се ставало горе на непцето за ширење на вилицата ама биле незгодни за носење… и Затоа се одлучив за овие.Кај мене треба да се рашири вилицата и загризот да се среде.Е сеа на сликата жицата е како бело а мене ми рекоа не се препорачувала таква жица поради што брзо се лупила и изгледало лошо.Ти каква носиш?
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Жицата на сликава е сива и јас носам сива. Истото и мене ми го рече, јас сакав бела ама ми рече се лупи и ќе ми биде шарена. Жицата најмногу се познава, а светло сива е.
     
  20. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Ако е ваква ко на сликата супер.Јас мислев оваа некоја посебен модел е оваа пошо сум видувала жици со многу по металик боја и приметна а оваа има некоја бледа нијанса.