Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    За месец и пол ми се средија забчињата еве :inlove:
    Урлам од среќа :inlove::inlove::inlove:
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. deteriora

    deteriora Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво, периодов средував 2 заби и лечев уште 2 и сум сега без кариес и немам веќе за поправка. На последната посета прашав за протези дали треба да носам. Имам носено како дете мобилни ама не ги доносев и сега забите ми се „право криви“. Немам премногу за исправање ама забарот ми кажа дека горната вилица ми е многу напред во споредба со долната, мислам спомна „длабок загриз“ и дека за една година можат да ми се средат со протези - и загризот, и да ми се исправат. Не го ислушав до крај зашто не ни бев во план за протези и оставив да размислам пред да закажам термин за подетално да ме види ортодонтот .
    Читам викендов за цени низ форуми и не ми се верува дека толку рипнале цениве за 2 години (од пред корона вирусов).
    Во Ендомак одев за поправки и за протезите метални ми кажаа дека се 1300 евра со се сите прегледи, поправки, менувања на ластици, брикети и слично се` до вадење на истите.
    Сакав да прашам за мислење кој бил баш скоро во ДентаЕС - таму беше другарка и забите многу добро и ги направија- да ми каже цена колку е на металните( и колку е консултативен преглед), и исто кој скоро правел во Ендомак да ми каже искуство? Ви благодарам
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Ваму нигде не сум била.За загризокот ќе ти кажам
    Ја имав ист проблем, и уште го имам.Носев две години протези, и ластици носев со кои горната вилица ја влече долната.Битно е и јазикот као стои
    Ја носев 80% од времето ластици..треба цело време.
    Да стаиш протези и да си носиш.После тоа мобилните да си ги носиш, и сите други!
    Мене после 6 години од вадење на протезите долните заби ми отидоа пак напред пошо со јазикот ги буткам.И сеа е касно пак да ставам, може забите да ми паднат.И сеа свесно си ја местам долната вилица напред а јазикот горе..
    Средувајте се со време
    Ја у 2013 ставав, и ја тогаш некои 1000-1200€ дадов.
     
    На deteriora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kејти

    Kејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Може да се стави протеза иако имаш порцелански заби. Јас носев протеза иако имам 3 порцеланска (Трајната тројка ми излезе позади петката и ми ги размести сите заби). На порцеланскиот заб најчесто не се лепи брикета. И супер ми се средија забите по година ипол носење на протеза, и по 5 години не ми се мрднати.
     
    На Mala panda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    1300 за двете вилици или за едната? Прашајте и на друго место.
     
  6. deteriora

    deteriora Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да, да, за горна и долна, сите контроли и поправки доколку е потребно, ластици итн. додека ги извадиме
     
    На ostoun му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mala panda

    Mala panda Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на одговорот
     
  8. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Распрашај се и на друго место. Јас ставив метална фиксна пред една година и платив дупло помалку.
     
  9. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Која цена е обична метална фиксна протеза?
     
  10. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Зависи дали се пресметани контролите или дополнително се плаќаат. Од 12000 па нагоре.
     
    На Razocarana27 и eli.karameli им се допаѓа ова.
  11. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Јас го прашував за во Скопје и ми рече дека порано доаѓал и во Скопје, но сега работи само во Битола.

    Препорака за ортодонт кој работи со дејмон освен Дентал Арт и Дента Ес?

    Не знам колку се металните, а консултативен преглед е 1500ден. ако не ви е матичен стоматолог од нивната ординација, а 1000ден ако матичниот ви е од таму.
    Периодов на секој преглед/контрола, покрај контролата наплаќаат и плус 150-200ден за дополнителни трошоци кои ги имаат за мерки против ковидов.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2022
    На ostoun му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JasEdna

    JasEdna Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски

    Дали некој во меѓувреме носеше алајнери ? Дали кај Иван Танатарец од Битола ги изработуваат алајнерите во Америка?
    Имам прави заби и дијастема околу 2 мм. Дали мислите дека ке ми се реши проблемот за доближување со алајнери на забите?
     
  13. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Откако ги извадив млечните заби поминаа скоро две години, ама трајните не ми излегоа сите.. :worried:

    Па ме интересира дали може со помош на операција некаква да се среди да израснат. :?:
    Бидејќи неможам веќе да чекам а треба потоа да ставам протези.
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    23.408
    Пол:
    Женски
    Да може, мислам дека не е операција туку има процес како се „теглат“ нагоре да излезат на површина.

    Едит: Ама треба ренген прво за да се види што како, јас на пример имам млечни 5ки доле и немам трајни, никогаш нема да имам.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  15. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Два пати имам правено ренген, ок се забите дури и се во добар правец, ама веројатно дека се еден до друг па не излегуваат.
    Фала ти, изгледа залудно чекав толку време.. А се утепав жвакајки гуми за жвакање. (facepalm)

    Дали имаш искуство дали е болно, или некое видео како изгледа процесот. :sweat:
     
  16. @Zaljubena

    @Zaljubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Дали кога сте носеле фиксни протези ви ставале брикета и на 7те?
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    На почеток не. После 4-5 месеци ми ставија.
     
    На @Zaljubena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Geburstag

    Geburstag Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Zdravo devojki sakam da ve prasham dali nekoja ima noseno safirni protezi i kolku e cenata kaj tanatarec bitola?
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feima

    Feima Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, здраво. Сите што сте заинтересирани за протези и ординација каде да ставите, би сакала да го споделам моето лошо искуство со Дента лукс ординација и др. Ксенија (доколку можам да ја наречам докторка). Носам фиксни протези цели три години и не само што не го решив првичниот проблем за кој ги носев протезите, туку создадов дополнителни проблеми и можам да изгубам два заби, се заради негрижата и незнаењето на др Ксенија. Професионалност нула, знаење никакво!!! Освен злато, сеце и душо ништо друго не слушнав од докторката, никакво мислење за проблемот што ми настана. Би сакала да ве прашам дали можам негде да се жалам или да поднесам некаква тужба, дали некоја имала слично искуство.
    Значи најтопло ви препорачувам Дента лукс и др Ксенија НИКАКО!!! Не би сакала никој да поминува низ ова што поминувам јас.
     
  20. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Дали би ти било проблем да споделиш каков ти бил првичниот проблем, а каков е новиот проблем?