Zosto ne se dobri,moze nesto pokonkretno mislev kaj niv da odam,mislam deka se poevtini od drugite ama ne znam dali imaat skieni trosoci i kolku im cinat kontroli?
Прашав уште на неколку места за најобични метални фиксни протези. И сега на некои места ми кажуваат цена со се вклучени контроли, брикети, ластици итн. Колку често се оди всушност на контроли? и од што би зависело тоа (многу криви заби, малку криви заби?) дали е тоа еднаш неделно, еднаш месечно? Од тоа може значително да варира цената ако контролите се наплаќаат, ако сметаме дека отприлика 1.5 години се носат протезиве. Исто искуство прочитав низ форумиве во Дентал Арт кај др. Соња, многу позитивни коментари, дека се добар тим, и прашав таму за цена: кај нив е 37000 што е повеќе од 50% поефтино (повеќе накај 70% иде) од пример Дента Ес, Ендомак и слично. Олкава разлика во цената ме шокираше и не можам да сфатам зошто. Има некој скоро што бил во Дентал Арт за да каже искуство поново?
Што откако се извадат фиксните? Дали носевте retainer? Дали уште носите? Мене ми дадоа и ги носев можда секја вечер во минативе две години. Дали се прават нови после некое време ?
Јас ставив неодамна фиксна во Дентал Арт кај др Соња, ама се уште не сум била на контрола и имам прилично мало искуство за да споделам било што, но врз основа на тоа што се распрашував и на други места горе долу цената е таа за метални (со таа разлика што овде не ти влегуваат контролите кои се наплаќаат по 600ден од вилица, додека во Ендомак тие контроли се вклучени во вкупната цена). Дали си сигурна дека во Дента Ес се дупло поскапи металните? Инаку моментално носам дејмон само на горната вилица, на долната треба да ставам по 6 месеци од прилика. Дали може некој да сподели што да очекувам на првата контрола со оглед на тоа дека не носам ластици? Се менува само жица или?
Јас на сите места што прашував секаде беше исто, еднаш месечно контрола. Некаде е вклучено во цена некаде не, зависи. Не зависи од кривина на заби, на секоја контрола всушност жицата што ти ги исправува забите се менува (секој месец постепено од потенка до подебела-поцврста) и така оди процедот на исправување. Секоја жица треба да си дејствува околу месец. Ако те интересира како тоа делува и што се прави на контролите можеш да видиш на видеово Многу корисни совети и објаснувања имаш на јутјуб каналов ти препорачувам да си го следиш Исто би ти препорачала да не веруваш 100% што ќе прочиташ како препорака на форуми, бидејќи многу лесно некој нивни човек да пробува да си ги рекламира. Јас бидејќи ставив пред 3 месеци пред да ставам опсесивно се изначитав оваа тема и другана за препорака на ортодонти (за тоа и го креирав фемина акаунтов) малку покомплициран случај сум и сакав да бидам сигурна во ортодонтите. Приметив дека има одреден член што сто пати има препорачано некоја ординација што ми е малку сумливо. Најдобро да си одиш на повеќе места и што највеќе ке ти се поклопи во кажувањата и кој нај искрено ке ти делува таму да си одиш. Доколку финансиите не ти се голем проблем би ти рекла да не ја гледаш цената и поевтино да поминеш туку терапијата и односот на ортодонтот. Јас и од препораќи од пријатели и на форумив што видов некои си направив листа и отидов кај сите што ми личеа добри, ептен е тешко да се направи одлуката и малку е overwhelming кога добиваш толку разни цени и разни начини за терапија ама треба трпение и ќе вреди.
На контрола се оди еднаш месечно без разлика колку ти се криви забите.На таа контрола ти ги менуваат жиците и гумичките на брикетите.Некаде се плаќа се одеднаш, а некаде контролите се плаќаат посебно. Во врска со времето на носење на протези најмалку се 18 месеци, ама тоа може и да потрае до 36 месеци, во зависност од тоа како се подобрува загризот.
Дентал клиник Маргита Смилева, имам пишано тука подетално во темава Препораки за стоматолог, орален гирург, ортодонт...