Носев фиксни протези 2 и пол години, а ги извадив пред 2 години. Досега немаше никакво изместување, но деновиве забележувам дека едната горна двојка ми се изместува со долниот дел према напред а единицата оди навнатре. Ми е страв да не се изместат скроз па што ми препорачувате да земам мобилни (не ги носев редовно претходните) или некоја друга алтернатива?
Требаше да бидеш поупорна со мобилната, барем само за спиење, друга алтернатива не би знаела освен повторно со време да појдеш
Друга алтернатива (лаички) е да ставиш ритејнер- жичка која се носи од внатрешната страна на забите од 3ка до 3ка, но во секој случај мора да одиш на ортодонт па ќе ти препорачаат што е најпогодно
Препорачајте ми ординација која добро работи со мобилни протези, носев фиксна и забите ми се прави но не идеално како што сакам, па мислам дека мобилна би ми помогнала за брзо време.
Здраво, ме иМтересира дали некоја е запознаена дали на средношколците им следат бесплатни мобилни протези? Брат ми (16год) сака да се 'отараси' од расцепот меѓу двата предни заба и наслушнал дека истото може да се заврши бесплатно..
Здраво дали мобилните протези се бесплатни за дете од 8 год. и на колку време се оди на контрола еднаш месечно или...прегледот при секоја контрола се наплаќа ли?
Му мења нешто во која ординација ќе се обрати? И плус, ќе му треба нешто потврда од средно да достави или нема врска?
Доколку се повеќе раздвоени забите, фиксна протеза според мене ќе биде најдобро да си стави. Баш и годините му одговараат. Јас многу се каам зошто толку време изгубив со мобилни протези, дури 4 сменив па на крај ништо не испадна, забите пак криви. Потоа си ставив фиксна дека од мобилните преку глава ми имаше дојдено. Уште малку и ќе ги извадам ама забите како што фиксната ми ги направи толку прави и убави, со мобилната немаше шанси да го постигнам истиот ефект. Инаку конкретно за твоето прашање мислам дека се бесплатни до 18год.
Здраво, дали на 24 годишна возраст може да се стави фиксма протеза на горната вилица? Имам огромен проблем со забите на горната вилица само кецот и двојката ми се во ред другите сите ми се крш. Секој од различно место расте, одозгора, пола заби на горната вилица ми се како камчиња, некоја чудна форма, криви. Дури имам и како отоци на непцата на горната вилица од забите што ми се катастрофа и крш. Само набрзинка читнав у темава има некои фиксни протези што не се гледаат? И дали се плаќа наеднаш или има можност и на рати , така имам слушнато? За горна вилица ми треба, итно е… И колку време отприлика се носи?
Ако прашуваш за возраста годините не прават проблем, можеш и на рати се е во договор со докторот, за тип на протеза ќе ти ги кажат сите опции, има и такви кои не се гледаат
Можеш да ставиш, никогаш не е касно. Ако мислиш на оние што се ставаат од внатрешната страна, тие мислам ептен ретко ги ставаат кога имаш мал проблем за решавање. А има и порцелански, Damon протези што помалку се приметуваат само се поскапи. Најдобро е да закажеш консултација и ќе ти кажат што е најдобро во твојот случај. На рати може секаде ама малку поскапо ќе ти дојде, даваат попусти за плаќање во готово. А за тоа колку време ќе ги носиш зависи од проблемот што го имаш, мене ми рекоа минимум година ипол.
Ќе се консултираш со специјалист, ама најверојатно ќе мора на двете вилици да носиш. Ако во едната има проблеми со забите, тешко во другата да нема, секако и загризот е проблематичен ако забите не се убаво наредени. На 24 години не е доцна, ама може ќе треба повеќе време. Каков тип на фиксен апарат ќе се стави ќе си реши специјалистот, зависно од ситуацијата, а за плаќање ќе се договорите.
Да имам проблем и со џвакањето, болки у непцата а за естетски изглед па ич не разговарам. Треба и со стоматологот да се консултирам така, па тој да ме препрати?
Ако се толку искривени, подобро е со класичен фиксен апарат. Е сега што не сакаш да се гледаат е друг проблем. Пробај, можеби може со тие "невидливите" (ако мислиш на invisalign), ама тие се за помали корекции, не за изразени аномалии.
Зошто, срам ти е? Нема ништо срамно во тоа, знаеш колку поубаво ќе се осеќаш кога ќе ги видиш првите промени? Издржи некоја година и ќе заборавиш и дека си ги носела. И јас го имав тој проблем ама сега кога ги носам почнав да забележувам дека секој втор човек носи. Туку јас да прашам кога сум веќе тука, ми ставија подизачи на горните кецови, веќе се навикнав дека не можам да гризам убаво ама и ластиците сега што ги носам се многу цврсти и многу ме боли. Моментално ми се шири вилицата и приметив дека ноќта ми течело крв од двојката веројатно зашто се повлекува накај тројката. Кога прекинува оваа болка, веќе една недела помина?