Јас немам толкави проблеми мила, само кога џвакам и тек тук повремено со непцата. Не би знаела да ти кажам, со помин.
Јана, и ти носиш? Во бременост не пречат фиксните, нели? И јас носам веќе година и некој месец. Имам мака со тројката заглавена во непце. Кај тебе што е маката? @Annath за тројка заглавена значи незлезена, колку време се решава да се донесе на местото? Скоро година и пол ја носам и сега сме на фаза поместување четворка на страна, бидејќи ми е до двојката. Еве година и пол скоро докторов ширеше место, прво ми го изваде умникот, па ги двоеше четворката и петката и сега четворката ја турка. @Kjara15 девојко ич да не ти е срам. Ќе се навикнеш за брзо. И ќе си го средиш проблемот, ќе бидеш позадоволна. Јас кога бев да ми стават, се мислев како ќе носам на 30 години, му велам докторе, јас ко во втор пубертет се осеќам а тој ја трга маската и ми се кези со протези на забите ко го гледам (а има преку 40) затоа не мисли се ставај.
Кога ќе се направи местото за забот, се прави зафат наречен кортикотомија за да се ослободи забот од коската и после ќе се влече на местото што е направено меѓу 2 и 4. Колку ќе трае не можам да ти кажам, зависи и забот како е поставен. Кај мене лично, една година требаше да дојде забот на место, со тоа што јас не носев фиксен апарат, го влечев со мобилна протеза и помошен брекет на забот, со еластични конци и ластици. Тогаш имав 18 години, имав место за новиот заб, пошто уште ми стоеше млечниот. Ми го извадија млечниот, направив кортикотомија, ми залепија брекет и почнав со влечење. За матура веќе имав заб на место
Носам Година веќе, ми рекоа уште 6 до 8 месеци. Јас отидов заради некои ситни корекции на горната вилица ама уствари искочи поголема работата. Долната вилица ми беше изваден едниот зглоб од местото (а знаеше повремено да ми се 'откачи'), исто имав извадено заб доле заради тесна вилица и докторката беше запрепастена, фактички сите заби ми се повлекле на таа страна и беа доста асиметрични, неправилен загриз, неправилно дишење... Не знаев кај се наоѓам, а мислев само на горна ќе носам. Сега ми прават простор доле за нов заб на местото на тој што е изваден, а горе не знам баш што се случува, вака прави се според мене ама на докторката нешто кецот не и се свиѓа како бил наместен, изгледа си имаат други критериуми за убави заби Не прашувам многу, им верувам и стварно гледам огромни промени, ликот ми се смени. Јаболчниците ми се испакнаа, лицето некако послабо ми изгледа, си се свиѓам Не ми засметала во бременоста освен сега што имам многу болки и би се напила нешто појако ама тоа е, ќе издржам уште малку. Ти уште колку ќе ја носиш?
Па затоа секогаш треба специјалистот да процени, оти тој ја гледа целата слика, поставеноста на забите, соодносот на вилиците, висината на загризот, и затоа прво се земаат мерки за студио модели за да се направи план на терапија. Не е баш едноставно, а има многу ортодонти што ставаат онака, сите случаи исто ги решаваат, а секој е приказна за себе.
Тој рече ќе ми поставувал имплант и така ќе го влече. Во ред е така? Знам дека не можеш на невидено да кажеш, ама ептен се премачив со протези. Носев и порано за време на факс, поентата беше за тројката ваљда, тогаш уште не ги анализирав забиве, ич не ги сакав. И истиов ме праша се сеќавам, поминаа 10 години, овде ќе направиме дупка, ќе го влечеме блабла, сакаш? Замисли доктор ме прашува дали сакам. И јас си направив сценарио, каква ќе шетам со дупка, ќе одам на факс, сега имам дечко, срам ми е, и се одлучив да не ми го влече, туку да остави така заглавен. И тој прифати. Не знам кој е позелен дали тој или јас. И што правеше? Ја направи четворката да глуми дека е тројка, па носев носев 4 години протези и кога ги извадив почнав да се анализирам, не ми се свиѓаа. Забот некогаш ми реагираше, туркаше, непцето како на храна да ми запнуваше. Помина некоја година и пак му се појавив. И ми рече те чекав кога ќе дојдеш. И така самата си сфатив колку се битни тројките. А зошто на многу луѓе им се вака неизлезени?
Ич не било едноставно како што мислев Сега сфаќам колку е битно да се избере добар доктор, ужасни грешки ми имаат направено како помала, носев и мобилни протези, цела мака за ништо.
Ах јас сигурно ќе терам уште година ко ништо. Веќе навикната сум. Кога ми коригира во брикетите жицата, ме прашуваат те стега? Не осеќам велам, препарирани ми се забите веќе, и навистина ништо не осеќам, ни притисок. Мора да се средуваме, забите се многу битни. И секој еден има удел во изгледот во насмевката. Јас кога ги коригирав со минатата протеза (бидејќи еднаш веќе имам носено) горната усна ми се појави инаку ми беше ко собрана, сега имам усни
Мене многу ме стега. Кога ми мењаат жица, првите 3 дена не ги осеќам забите, како здрвени ми се. Ама и еден месец забушавав со ластиците може и тоа ми го пролонгира малку вадењето на протезата
Сега користат и мини импланти за влечење, во ред е, не знам зошто не би било, дури и можеби побрзо би дошол на место. Ќе видите како ќе биде. А зошто остануваат заглавени заби, хм, па најчесто или немале место за растење, или не добиле стимулација или имаат погрешен правец. Генетски е тоа, големи се шансите ако родител има импактиран (заглавен) заб, и детето да го има тоа. Ете, татко ми имал, додуша кај него уште стои млечниот (76 години има) оти трајниот одозгора му излегол и му го извадиле. И јас како него, само од другата страна, а да ми кажеа порано дека имам заб во коска можеби и порано ќе го средев, не на 18. Ама на контроли само ми велеа дека ми се здрави и убави забите и толку беше.
Zdravo na site.Preporaka za dobar doktor vo Stip za fiksni protezi ve molam ako imate iskustva.(osven dr.Tanja) Kolku se dvizat cenite na protezite i kontrolite dali se naplakaat.
Во јануари извадив протези, ми дадоа пластични проѕирни ритејнери кои по втор пат ми се кршат, овојпат се скрши горниот дел. Не знам колку ќе бидам во можност да се одам за брзо на преглед кај докторот кај којшто ставив протези и добив ритејнери (во друг град е), па прашањето ми е: колку долго може да се издржи во ваква ситуација без ритејнери или евентуално носеше буквално на два дела? Или да ми предложите некој добар доктор за да ставам жица од внатрешната страна евентуално? Знам дека не смее долго да се избегава да се носат, ама дека релативно брзо ги извадив протезите, ме фаќа страв да не ми се искриват забите пак.
Dali e normalno da ne se zema mera za protezive metalni? Xray na zabite da, ama ona prvovo ko vo sluchajov na metalnive shto beshe kako guma za otisok, za fiksni ne se zema? Prochitav niz forumov deka nekoi chlenki se chudat zoshto se zemale merki za fiksna pa ne mi beshe jasno zashto na nekoi zemaat na nekoi ne.
Се зема отпечаток за да се направи план на терапија со фиксниот апарат. Не е дека само се поставува и терај. Ама сите не го прават тоа, за жал.
Можеш да ја носиш и во два дела, ама сепак што поскоро да се направи нова. Можеби би можеле подебели да ти изработат, или едната да се замени со гумена, обично така брзо кога се кршат е зошто стискаш со забите во сон (бруксизам) и за тоа се прави гумена фолија.
Да се замешам и јас во муабетов. И мене ме зачуди тоа во врска со земањето отпечаток. Кога се договорив да одам првиот пат мислев ќе ми земе отпечаток, снимка на сите заби или нешто слично ама таа само ме седна на стол и почна да ја мести. Знам дека си стоматолог па ме интересира колку има врска тоа што не ми земала отпечаток? Плус мене не ми се проблем само кривите заби туку длабок загриз имам..
Па без отпечаток не може да се направи добар план на терапија. За да се коригираат забите и загризот не треба само да се стави апаратот. Треба убаво да се анализира каде ќе се постават брекетите, каде ќе се делува, во кој правец, каде ќе има влечење, каде притисок... Не сум специјалист, ама знам дека секој случај е приказна за себе и не може сите на ист начин да се третираат. А тоа е она што го забележувам кај доста од колегите специјалисти.
Мене ми зедоа отпечаток ама баш не ми е јасно како иде тоа планирање пошто мене првпат кога ми ја ставија ми стави погрешна протеза (ми стави традиционална, а јас платив дамон). И плејсментот на брикетите ми е многу сумљив пошто јас се приметувам, дека не се во средина, дека ми се искривија заби кои не ми беа криви ама прашав и ми рече дека се оди океј и така треба, па со господ напред ваљда ќе имам прави заби еден ден.