Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Мене прво ме изнасликаа. Прво само забите, па цело тело во профил и анфас, па насмеана, озбилна... После мерки ми земаа и следно идење ми ја редеше.
    Нешто од чело надоле ми мереше веројатно симетрија гледаше, убедливо најдосаден дел. Вадењето сигурно уште понапорно ќе биде ама ќе вреди ај (fingers)
     
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Најдобронамерна сугестија: Прашувај се што те интересира и не го разбираш/ нема логика. И пред да почне човек со вакво нешто, убаво е да побара повеќе мислења, дури и ако добил препораки.

    Затоа што некои ортодонти не објаснуваат џаст биказ, карактер, а некои затоа што и тие не се сигурни што прават.

    Јас уште носам, но сменив ортодонт затоа што претходната не знаеше што повеќе да ме прави и сакаше да ги вадиме. За со ортодонтот сега кој го води лечењето да имаме уште 1 година работа откога стартиравме.

    Потходите корено различни, оваа објаснува, дава насоки, и врши поддржка. Јас не знаев дека може да се полираат заби со брекети, и со години не беа чистени. Лепак стрчеше од брекетите, ги изчисти и залепи сите на ново. Слики тука прават насекаде, заедно со панорамна на забите. Така почнува се, и ти земаат отпечатоци. Има и најразлични лакови, направени од различен метал за различен стадиум на лекувањето.

    Јас покасно ја открив Америка, и ме кошташе скапо, ама вреди и нема каење.
     
    На Annath, resenska, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    Јас каде имам ставено протези, се најдобри во мојот град и се два ортодонта (од вкупно 3 во целиот град ххх) и има многу гужва, турбо работат. Знам дека во Скопје би имало многу попрофесионални ортодонти, повеќе посветени и комуникативни ама во ред ми е и вака. Јас верувам во нивната стручност, единствено брзаат многу и доста генерично работат.

    Јас многу замарам со прашања и немам срам. :) Немам огромни проблеми со забите затоа сум опуштена и трпелива и верувам дека ќе излезам со најубава насмевка за брзо време.

    Тоа за сликите ми се свиѓа што во некои ординации прават ама јас кај што сум со стари доктори е се олд скул, само ренген и отисок. :D

    Исто на пример од кога почнав да носам ластици, носам само од една страна за да ми дојде горната вилица надесно и за бидат паралелни, а постепено ми става подебел лак. Така да, мислам дека е океј, знае што прави, јас само ги премислувам брикетите и ротацијата на заби која она ми НАПОМЕНА дека ќе ја има. :D

    Се надевам нема да дојде до никаква незгодна ситуација после одредено време.
     
    На Snow-Star и resenska им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, затоа што јас исто сум од помал град со два ортодонта, но верувам дека и двата немаше да завршат успешна работа. Јас имам и со двата искуство, со едниот малку, другиот ме водеше нели.

    Ама кога се преместив и сменив држава, почнав да се распрашувам како стојат работите тука, (немам искуство со Скопје воопшто), открив дека нашите се заглавени во времето. И помина подолго време додека финансиски можам да си дозволам да почнам со лекување тука, ама се редат работите.

    Игра на бројки, и како пациенти и искуство, и финансиски.

    Мислам дека учиш во Словенија, ако можеш, отиди таму на еден контролен преглед и види што ќе ти кажат. Генерално ништо нема да смени, но можеби ќе добиеш поразлична информација.

    Демон се тие лигирачките, од внатрешна страна, или грешам? Не знам како одат работите со нив, јас сум со метални. Инаку и јас сум со посложна аномалија, и загубата на време не ми одеше во прилог воопшто. Но тоа што го гледам во моментов, го гледам за прв пат и сум блоун ауеј. Чекам краен резултат.
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    Дали во странство плаќаше се од почеток или прифатија тоа веќе што си имала на забите, во финансиска смисла?

    Дамон се обични метални од предната страна ама без ластичиња туку жицата се затвора во самите брикети. Намерно ја ставив затоа што може да се иде на контрола на 3 месеци, па кога ќе се вратам во странство да ми опстои протезата до наредно идење во Мкд, а со традиционалната со ластичиња не би можела така. Ама сепак во случај нешто да скршам, да ми треба помош, се надевам некој ортодонт од кај што студирам ќе е отворен да ми помогне. :)

    Многу убаво што си ти направила така, добиваш вистински третман како што треба.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Јас отидов при неколку ортодонти и клиники пред да земам решение, и имаше различни предлози, и како цена, и како начин на работа. Повеќето сакаа да се почне се од почеток, а така секако излегува поскапо од било која опција. После цената варира од клиника до клиника.

    Конкретно, се преместив кај ортодонт кој се согласи да продолжи да работи со тоа што го имам во уста. Но таа ми беше препорака од ортодонт кај што бев последно пред преглед кај неа, подоцна разбрав и зошто, првенец на генерација итн., а тој воопшто не ми ни даде предлог лекување, најчудниот преглед ми беше. Ама сум му бескрајно благодарна.

    Договорот е да плаќам прегледи, процедури и потрошени материали, и смена на брекети каде што имаше потреба на почеток. Еден плус што го оскапи лекувањето е механизмот со жица на горното непце, и ќе излезе горе доле 1/4 од предвидената сума за која разговаравме на почеток. Тоа не беше задолжително, но ако сакам правилно санирање беше меопходни и не се мислев.

    Парите да ги оставиме на страна, парите потрошени на првото место, можеа да покријат голем дел на сегашнето. Самите доктори се превише различни. Сегашната ортодонтка е страшен пич, и уште поголем професионалец, следователно и довербата е многу поголема.

    Тоа што го спомна за самата протеза, јас претходно носев ластичичиња, а сега не носам. Зборувам за тие што се за брекетите. Значи има опција да се користат исти брекети? Кај мене дел од старите брекети останаа. Изгледа има значење и колку "забци"(врска немам колку терминов е правилен, зборувам за тоа како е поделен брекетот, дали на 2 половини, и на 4 четвртини), имаат брекетите. Јас сум со 4.
    Ова е моја логика.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    Ау, не знам за какви забци зборуваш. :D Еве на што мислев јас, лево се ко моите, секоја брикета си е како фиокичка за жицата, а десно е со малите ластичиња, тие ја држат жицата.

    Толку се разбираме од протези за да објасниме. :D damon-braces-cost.jpg
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    О, не се тоа што си го претставував. Но има логика да изгледаат по тој начин. :D

    Инаку јас мислев на разделеноста на брекетите, тие на сликата се разделени на 4 делови, jaс носам од тие. Има и такви кои се разделени на 2.

    Само оваа слика успеав да ја најдам со такви брекети за да видиш, не е нај прегледна. :sweat:
    [​IMG]

    П.С. Јас изгледа имам ластици на брекетите, нема како да немам. :emo:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Geburstag

    Geburstag Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Девојки искуство со порцелански протези?
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    Да споделам нешто. (facepalm)

    Носев ластичиња само еден месец за да поправам overbite, ама само на една страна пошто и лево-десно ми е малце крива вилицата. И јас ептен, ептен ги запнав, само кога миев заби вадев, ставав ново и толку, многу бев строга.

    Сега кога бев на контрола ми рече дека ќе носам обратно ластичиња за да ми се врати вилицата малце назад, како што беше (односно да ми отиде горната нанапред пак). :D Значи цииииииииииркуси.
     
  11. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Си претерала :D
    И јас ги носев исто. Нема погрдо :sweat:
     
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    И јас стигнав до носење на ластици за корегирање на загриз, но дај споделете некои трикови како да ги ставам побрзо? Еве сега 5 мин се борев со едно ластиче во тоалетот пред огледалото. (facepalm)

    Ми идеше да го фрлам и никогаш да не ги ставам. :devil:

    Ова ќе биде најомразно нешто.
     
  13. nikyshka66666

    nikyshka66666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ја носам , ги ставам со чупалица многу лесно уште прв ден :)
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Јас помислив на таа идеја, ама ластиците тешко се шират со прсти, и растегањето со чупалица мислам дека нема да е најбезбедна опција. А и нема на работа да носам чупалици и да дезинфицирам.

    Ама се случуваат полесно работите веќе, секој пат полесно се ставаат.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nikyshka66666

    nikyshka66666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Јас 4 месеци терам така , таа чипалица ми е купена само за тоа си ја шетам во посебно несесерче и неам гајле :)
     
  16. Tina-fina

    Tina-fina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2019
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со проѕирните протези , колку се одприлика и како функционираат без контроли? Знам дека се прават повеќе калапчиња за повеќе месеци. Ако има некој искуство да сподели негативни и позитивни страни. Фала :)
     
  17. hahabahqiqj9

    hahabahqiqj9 Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Може ли некој да ми препорача добар ортодонт во Скопје, поминав низ многу и добив многу различни мислења
     
  18. srce-too

    srce-too Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    25
    Здраво
    Јас имам проблем со ,,вкрстен загриз десно’’ , долната вилица ми е поголем проблем , но бидејќи не ми се гледаат забите би ставила обична метална протеза. За горната вилица мислам дека само 4рките треба малку да се спуштат, но би сакала да ставам протеза што не се приметува многу. Прашањето ми е дали може така различни типови да ми наместат и препорака каде во Скопје и која цена се порцелански/сафирни протези(незнам дали се различни).
     
  19. Emm!!

    Emm!! Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    21
    Може да ти наместат различни типови, но се со различна цена. А за препорака не знам
     
    На srce-too му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали може некој што носел (носи) протези во Denta Lux да ми пише?