Ќе се навикнеш за некоја недела. Ставај ортодонтски восок на местата што најмногу ти пречат, и Нбф гел на слузокожата што веќе ти е разранета. Нормално е да ти сметаат, не е мала работа што ти ставиле толку работи во уста, ама со време ќе престане сосема да ти пречи, ќе се навикнеш.
Razmisluvam da stavam porcelanski protezi vo Dental Art kaj dr. Sonja pa me interesira dali ima moznost za plakanje na rati
Moze li da se stavat protezi samo na ednata vilica? Gornite mi se krivi, ne mnogu, dolnite ne mi se, bev na pregled vo Ortonova i dr mi kaza i na dolnata treba da nosam, za zagriz nesto ne znam sto, ama ne sakam i na dolna prvo od finansiski aspekt ne ni planirav da stavam na dvete, a i ne mi smeta i dr kaza ne e golem problemot so zagrizot ama dobro bi bilo da nosam i na dvete vilici. Sakam samo da mi se ispravat gornite, t.e kecovite mi se pogolemi od dr zabi i pred niv se, a ne se krivi na strana. Ako ima nekoja iskustvo ako moze da spodeli, bi bila blagodarna. Isto i iskustvo nekoja ako ima od Ortonova i dr Julijana bi mi bilo od korist.
Имам искуство носев многу години. И на мене така морало долната не ти знам зошто и ја носев за џабе само пари зимаа. Ако сакаш само горната инсистирај до крај.
Зависи од случајот. Кај некои може кај некои не. У најмала рака, може да ти го одложи процесот. Ако треба да носиш 1 година ти да ги носиш 3... Консултирај се со два три различни ортодонти.
Јас го имам истиот проблем со кецовите. Фиксна на долните носам од причина што мора да се среди загризот, па потоа за да се исправат кецовите носам ластици кои се врзани за горните и долните брикети. Така што носење и на долните заби е неопходно.
Здраво, итно ми треба мислење во врска со цена за протеза, бев на преглед кај д-р Родне Дентал Естетик во Струмица, меѓутоа ми кажа дека цената за метална фиксна протеза е 350 еу од вилица, и плус прегледи се ќе се доплаќа, а ми имаат кажувано дека по 250 евра се во Дента Лукс кај д-р Ксенија. Доколку некој ставал овој период, ве молам да ми споделите мислење за цената, бидејќи се работи за 200 евра разлика. Благодарам.
Јас ставив во Ортонова, 20.000ден на една вилица се. Прашував и јас во Дента Лукс, 250евра од вилица и контрола 500ден. Горе доле овие мислам дека најефтини испаднаа, 500-600е за двете вилици излегува плус контролите потоа.
Здраво, има ли некој искуство со Диамондс Дентал. Како сте задоволни и кои се дополнителните трошкови во врска со ставање на метална протеза?
Ова не е протеза за исправување на заби.Ова се носи откако ќе ја извадиш фиксната за да не ти се вратат забите ко што ти биле порано.А исто така наместо ова може и ретејнер(мала жичка отпозади на забите) од тебе зависи што ќе одбереш.Јас и двете ги користев поединечно после фиксна. Тие други се Дајмон за исправување на заби
Пишав погоре, 112 000 ден се со невидливи брикети, јас ставив такви. Со метални беше околу 98000 мислам дека не ме држи за збор, пред една година ги ставав. Можеби сега со поскапување на цените општо има и некакви промени, најубаво јави се и прашај
Неколку месеци носев фиксна само горе, денес ми ја поставија и долу, но заради длабок загриз ми поставија и подигнувачи за загриз зад горните кецови. Е сега, заради нив катниците никако не можам да ги спојам, и следствено не можам да јадам вврста храна. Некој со слично искуство? Ја сфаќам намената на подигнувачов на загриз, ама не ми се верува дека е предвидено да се јаде течна храна до крајот на третманот со фиксни протези.