Фала ви Убедена бев дека моиве нешто не се поставени како што треба и дека тоа така не може да функционира Колку време ги носите конкретно тие подигнувачи?
Здраво девојки, сакам да ставам фиксни протези на горната вилица но имам неколку прашања па ако може да слушнам и ваши мислења. Докторот ми кажа дека ќе мора да се извадат двете петки (бидејќи едната ми е умртвена, а четворките ми се живи заби, па затоа подобро петките), бидејќи немало место за забите да се наредат. Првото прашање ми е дали откога ќе се наредат забите ќе се познава некаква аномалија, дали ќе изгледа малку извитоперено вилицата, дали ќе изгледа неприродно и чудно? Второто прашање ми е дали со фиксните протези ќе ми пожолтат/потемнат забите? Имам бели заби и ми е страв да не дојде до некаков дисколоритет. Третото прашање ми е дали забите и после ритејнер пак си се поместуваат на старото место? Четвртото прашање ми е дали мислите дека вреди да се вадат здрави заби (во случајов еден мртов и еден здрав заб) за протеза? Сите овие прашања ќе ги поставам и на докторот, но сакам да слушнам повеќе мислења и искуства Благодарам
Од мое искуство: требаше да ги извадам горните здрави четворки бидејќи немало место, но и покрај тоа што не ги извадив, забите ми се исправија. Е по 2 години откако ги извадив фиксните, забите пак почнаа да ми се изместуваат, па морав да ги вадам осмиците зашто дополнително ми ги буткаа забите. Во однос на изместувањето, јас не ги носев редовно мобилните и затоа ми се изместија пак (но, од мое опкружување знам личности што биле упорни со мобилниот апарт по вадење, а сепак имаат мали изместувања). Лаички, мислам фиксен ретејнер би бил подобро решение. Сепак најдобро е да си го прашаш ортодонтот но и матичниот стоматолог.
Дали ти се смени малку физиономијата на лицето по ваѓање осмици? Гледав јас многу искуства на интернет, се вели дека ако се извадат два забa за оваа цел дека целата структура на лицето се менува, дека се повлекува брадата, се намалува вилицата, се впиваат образите и се добива ефект на постар изглед, а да не спомнувам дека има лоши последици и по здравјето.
Каде го читаше ова? Осмиците како заби реално и не се потребни во најголем број случаи, немаат место да изникнат, се случува да останат во коска долго време, да почнат да растат на 70-80 години. Нема да се смени физиономија на лицето ако се извадат осмици, би се сменила ако ги вадиш забите што веќе ги имаш во уста, било предни било бочни, осмиците и не се важни, секако еволуцијата оди во насока на нивно исчезнување. Со вадење на бочните заби се снижува долната третина на лицето и се добива старечки изглед, со вадење на предните заби уште повеќе се потенцира старечкиот изглед оти се губи потпората на усните. Најдобро е да се извадат осмиците уште дури се во фаза на развој како заби пред да пуштат корења, за да се избегне комплицирано вадење. А тоа е периодот на тинејџерство. Ако се носат фиксни во тинејџерски години, односно во фазата на раст и развој на организмот, тој период е пожелно да се извадат осмиците и после вадењето на фиксниот апарат се одржува стабилноста на забите со мобилни протези и минимални се шансите да се изместат забите.
Во мојов случај докторот предлага ваѓање петки, што значи дека сепак се менува физиономијата на лицето. Дали има некоја алтернативна метода за ставање фиксна протеза без вадење на овие заби? Едит: имам 23 години и ако ги извадам осмиците наместо петките тврдиш дека нема да се измени физиономијата на лицето?
Воопшто не ми смени физиономијата, како што ти кажала стручно и Annath, осмиците и немаат улога во џвакањето. Според мене подобро е да се извадат тие отколку други здрави заби. Во врска со возраста, и јас ги извадив на тие години. Сепак, пак ќе кажам, не сум стручна, зборувам исклучиво од сопствено искуство.
Механизмот на движење на забите е различен бидејки лакот (жицата што оди низ сите брекети) на сосема поинаков начин се врзува за брекетите. Обичните протези имаат ластичиња што го држат лакот, а Дамон брекетите имаат т.н "вратички" низ кои поминува лакот, што значи дека побрзо и поефективно делува на исправувањето на забите. Тоа не значи дека подобро ќе ја решат аномалијата, туку поретко може да се прават контроли и кај гранични случаи може да се избегне вадење на заби (ама не кај сите). Кога се вадат заби како дел од ортодонтска терапија, тоа е од 2 главни причини. Или предните заби ти се истурени напред и треба да се навалат назад (а назад нема каде), или толку се збиени што ако се исправат би се истуриле напред во лоша положба. Ако веќе се истурени, се менува надворешниот изглед, ама кон подобро (просто кажано да не бидеш како верверичка со забите напред). Ако моментално ти се само збиени, нема да ти се промени ништо надворешно, зошто со вадењето на забите, предните би го пополниле тој простор со исправањето, но нема да се навалат напред за да ти ја сменат положбата на горната усна. Ова е најдобро што можам да ти објаснам на кратко, ама сигурна сум дека ортодонтот може да ти покаже со фотографии како тоа точно изгледа. Да сумирам, ако ти рекле дека треба да се вадат заби, вади ги зошто инаку сигурно нема да ти се допаѓа крајниот резултат ако не ги извадиш. Мислам на 4ки или 5ки, ортодонт одлучува кои е подобро. А осмиците се вадат од сосема други причини (ако не се никнати и може да ти ги искриват предните заби при никнување бидејќи нема место за нив, или ако се никнати ама се лошо поставени и немаат никаква функција, значи само може да се расипат и да направат проблем). Едит: еве слика како изгледа кога ќе се исправат предните заби без вадење на 4ки, а требало да се извадат...
@Spidy @Annath фала девојки, ама за се што пишавте не ми изгледа ко да има гаранција, повеќе ми е како играње руски рулет. Анатх кажа дека со вадење бочни заби сепак се менува изгледот на лицето, Спајди кажа дека ако не се извадат бочни заби можат да излезат нанадвор забите и да не фатат убаво лежиште. Осмиците како што сфатив не се опција за ваѓање наместо петките така? И уште едно прашање, докторот ми кажа дека со Дамон протезите не морало да се ваѓаат заби, и се надевам дека ќе има добар резултат со нив, што мислите за ова?
Не, осмиците не се опција за вадење наместо петки, генерално секако се вадат. А петки или четворки дали ќе се вадат, зависи од случајот, од аномалијата што се коригира.
Јас имам Дамон, мене ми објаснија дека традиционална протеза, иако еднакво ефективна, е како кола во лер, мора да се контролира редовно правецот на како се исправуваат забите, односно ластичињата кои ја држат жицата да се менуваат редовно. А во Дамон системот жицата ја држат самите железни брикети и предноста е што еве сега јас сум во странство и 4 месеци нема да идам на контрола без проблем. Но, еднакво се ефективни, да не ми беше проблем што сум поголем дел од времето во странство, немаше да плаќам дупло, дури и самиот ортодонт ми го рече тоа и воопшто не се обиде да ми ја продаде поскапата протеза.
Ако ти рекле дека со Дамон можеби ќе пројдеш без вадење заби, можеби си граничен случај. Обично се прави анализа на профилна снимка, па според тоа одредуваат, ти направиле такво нешто? Јас кај што работам, Дамон даваат само ако стварно има потреба од таков тип протеза, а не само за да не се вадат заби. Дамон не е гаранција дека нема да се вадат заби, сум видела пациенти и со таква протеза а сепак од старт им се кажува дека ќе вадат заби. Ако не си сигурна, иди на второ, па и трето мислење кај различни ортодонти. Јас само можам да ти кажам дека секој случај е индивидуален, и никој од нас ништо не може да ти каже со гаранција без да те видиме. Најдобри одговори на сите овие прашања ќе добиеш од специјалист лично.