Тие протези од внатре што се се многу незгодни, цел јазик ќе си го разраниш а и потешки се за одржување! Сигурно постои начин да се избутка забот, а млечниот мислам дека ќе ти го извадат и не е толку страшна болка се тоа се прави со анестезија, не се секирај. И траен заб да вадат нема да осетиш никаква болка, може малце после тоа ама не е ич страшно. А ова за спортувањето што знам може да биде незгодно да, ама дека цела протеза ќе ти ја измести не ми се верува, може единствено да ти се направат рани или да се одлепи некоја брикета.. Не знам за ова. А инаку пази не знам колку години имаш, според мене додека не израснат 8мици и не се извадат ако треба, џабе е ставање фиксна. Освен ако имаш голема вилица и нормално ако има место 8миците да си израснат правилно. Кај мене немаше ама ич ич простор не знам со кој памет таа глупата докторка во 7мо одд ми стави, ок нормално се тоа за пари, али сепак се гледало дека нема шанси да се сместат 8миците и дека ќе ми ги избуткаат пак сите заби назад
^^ Ти благодарам многу за одговорот. Инаку сум 8 одделение, така што имам 14 години.. Ама проклетиве заби ми се толку цврсти, да не речам тврдоглави, па ми останаа уште едно 2 заба за вадење од горната вилица, а од долната мислам дека ми се океј. А за спортувањето, тренирам бокс, сега можеби уште едно пола година (не ги сметам овие три месеци од летниот распуст, зашто тогаш немаме тренинзи) нема да смеат да ме удираат, т.е јас само ги удирам, тие се бранат.. А и кога ќе почнат да ме удираат, сигурно нема толку јако, сепак женско сум , таму сите се машки. Ама, сепак.. страв ми е и тренерот да не ме пушти да спарингувам со протези и слично. Уште еднаш, ти благодарам што одвои време да ми напишеш одговор.
Рано ти е уште верувај, особено ако имаш толку јаки заби ќе се вратат пак назад. 8мици не ти се израснати, најрано за 2-3 години ќе ти никнат а мислам дека дури и покасно чим уште имаш некои млечни заби. Инаку бокс wow еве кој ќе ни ги тепа дечковците ако не нервираат мала шала. Најубаво прашај си го тренерот дали ќе има проблеми и распрашај се за протези, т.е. оди на забар/ортодонт најубаво ќе ти кажат дали може сега, ако не сега кога т.е. најбитно е да ти кажат дали ќе има место за 8миците кога ќе треба да растат, ако има не е толку страшно не би требало да ти ги избуткаат забите. И моја препорака подобро оди на приватен цените се скоро исти, плус не ги наплаќаат контролите, јас на времето платив 15 000 ден. за протезата и плус по 50-60 денари на секоја контрола на две недели и нели најтрагичното се беше ЏАБЕ
Па незнам.. јас имам многу добра забарка, уште од мала таа ми е, многу е фина жената и внимателна кога си ја работи работата, е сега малку цените се повисоки ама не дека само кај неа се високи. Би требало да одам деновиве кај неа, да ми ги извади млечните заби а и таа и рекла на мајка ми дека за протеза, прво требало да ми направи снимка ли на забите, незнам не ми текнува.. Нели, да види кога треба да се стави, што, како. Туку, сигурно ќе си почекам за протеза, зашто кога ќе ги извадам млечните заби, ќе треба убаво да ми израснат тие трајните. Можеби ќе ми даде во меѓувреме да носам мобилна протеза, а особено на долната вилица, зашто не ми се толку криви долните заби. И да, ако ти прави нешто проблеми дечко ти, мене ќе ме викаш да си знаеш. Ете и јас да се пошалам.
Па подобро некоја година протези него цел живот криви заби. И плус тоа фиксна ти е боље. Ајт одеднаш заврши си работа и готово. Нема ни срам ни ништо. Некои луѓе дури и ради мода ставаат.
Јас вчера ставив фиксна протеза и искрено денес имам болки, се отрув од аналгини пиење! За резултати рано е да кажам! Еве се моите фиксни...
Еј добри се овие беливе протези,ваква може и би носела али знам дека се скапи па може и ќе почекам за да ставам. @ miljkovic може да споделиш колку те чинеше ваква бела протеза ?
Да да секако. Вака, една ваква протезава чини 350евра, а бидејќи јас ставав две протези ме чинеше 700евра. Иначе има нешто слично на оваа само што не е порцеланска( бела) туку е крем боја и чини 300евра една! П.С да ве прашам тие што имате носено протеза колку време ќе ме боли?
Мене ме болеше првата недела, можеби две, но по четвртиот-петтиот ден ме болеше само кога џвакав. Ќе се навикнеш и нема ни да ја приметуваш по некое време.
Епа сега неколку дена принудна диета. Ќе вреди за цела мака, верувај ми. Не се опишува чувството кога ќе си ги видиш забите како на холивудска ѕвезда.
Јас ставив фиксни протези на 26 години, ги носев 2 години, што ти се вика тврдоглави заби со оволкави корења! Првата ноќ сакав со клешти да ги тргнам, ама помина и тоа. За два три дена почнав да си џвакам повеќе, а после недела дена јадев хамбургер, онака гризајки од него. Е да бе, ќе сецкам ја се со ноже! Абе и чипс и пуканки, се сум јадела тие две години Моите беа бели, ама само што се најадев нешто со црвен пипер и ќе ми станеа ластичињата портокалови. Па почнав да си носам црвени, баш убавки ми беа и не се вапцаа од јадење. Најдоброто нешто што сум направила во живот, сега не можам да им се нагледам на забиве
Блупарадајз, ти консултирај се најубаво со заболекарот. Мене пример, може и никогаш и да не ми никнат 8ците, па така да ќе треба понатака да ги извадам, за во случај да не прават проблеми. За вадење млечен заб, ќе биде тоа со анастезија. Јас треба да ги извадам горните 4ки, бидејќи од доле ми се извадени и сега треба и од горе да ги вадам, но после година ипол и после тоа ќе ставам фиксни протези. И за тоа внатрешно да се стваи, како што кажа некој понапред, јазикот цел со рани ќе ти биде, можеби, не знам, но ако стварно се прават рани, мене од дупчињата на мобилната протеза од кај што треба да се врти, цел јазик изрендан ми беше, а не па така. Пак ќе ти кажам, консултирај се со заболекар.
Имам прашање до Анат,како постручна да ми одговори Имам 30 год.,забите ми се премногу криви. Дали има врска возраста,зашто ми имаа кажано дека веќе сум многу возрасна за да може да ми се исправат (не знам баш кој ми беше кажал,ама мислам дека беше забар). Работа е што како помала не сакав да носам,па после тоа од финансиски причини,и сега сум речиси решена да ставам,ама ме замислија со тоа дека нема да ми помогне ради возраста. И сакам да прашам дали некој има искуство со ординација од Скопје, не знам точно која беше,на фб има нивна страна дека вршат бесплатен преглед и конслултации,така нешто. Или каде би ми препорачале да одам? Инаку јас сум од Штип,ама ако во Штип нема некој добар,би отишла и во Скопје. Да не е некој прескап, ама сепак да е добар (и јас многу сакам) и каква протеза би ми препорачала,знам дека ќе мора фиксна,ама каква фиксна? (малку ми е глупаво прашањето)
Ангелче, јас на постари години исправав заби со фиксна протеза. И тоа моите не да беа криви, еден натам еден натам, истакнати напред, претрупани еден позади друг, ама криви со големо К. 4 катника ми извадија, по еден од секоја страна за да направат место, пред да ми ги стават протезите. Јас моите ги ставав во странство, ама протезите се тие исти, а возраста нема врска Метална или бела. Металната побрзо ги мести, ама белата е по дискретна и поскапа. Зависи што сакаш. Јас ставав бела оти мислев сакам да ја кријам, ама после ми стана сеедно дали некој ќе ги примети коцките на забите, па дури како што реков во претходниот пост, ги декорирав со ластичиња(тие што ја држат жицата за коцките) во боја, и тоа дреч црвени. Не му ја мисли. Ако ги исправија моите, и тоа како венче ми се сега, ќе ги исправат и твоите
Фала многу Имелда. Сега да ми мине гужвата со испити,па ќе се распрашам повеќе и се надевам дека конечно ќе се решам да ставам. Морам
Па вака и јас носам протези и кога ги ставив ме болеа забите 2-3 дена, едвај можев да јадам, ама со тек на времето се навикнав.
Yess!! Ја ставив!! Денеска! Конечно!! Скокам од среќа, иако знам дека ке боли неколку дена. Ама не за џабе рекле трпи бабо за убајна. Плус тоа ми изгледаат навистина убаво, со црвени гумички(или како веќе се викаат ). Спојлер сега се навкаќам на назад во темава да ги читам вашите искуства
Да ви дадам еден совет: Сите кои имате потреба од протези доколку сте во можност веднаш да си ставите Јас бев упорна и носев 3 години ама сега сум презадоволна. Навистина ке се потрудите година,две,три но трудот се исплатува и те како.Друго е кога ќе се насмееш од шеска до шеска без срам а друго е кога ќе си ставиш комплекс со криви заби.Многу мразам кога некој ке речат ее да бе сега ке ставам протези па тоа е срамота.А не е срамота да одиш со криви и запустени заби? ее бре луѓе до кога ке патите од вакви банални мисли?
Како мала носев мобилна протеза но не ми помогна многу. Уште одамна ми рекоа да ставам фиксна, ни јас се инаетев. Е сега да ве прашам тие што имате искуство со фиксни протези. Чекавте да ви израснат умниците, па да ставите протеза или не? Имам 20 години, уште немам умници. А сакам што побрзо да ставам фиксна протеза. Сега имам проблем со еден заб, изгледа ќе ми го вадат, левата долна 6ка, и се мислам дали да си ставам вештачки заб за да не ми остане дупка на тоа место, или ќе се среди тоа со фиксната? Инаку, проблемот кај мене е што имам крупни заби, а ситни вилици.