Здраво, сакам да ставам протези ако може, случајот е покомплексен па затоа ми е важно да одберам добар ортодонт. Ако може да ми предложите ортодонт за фиксна метална протеза и кои се цените моментално?
Ме интересира зошто после вадење на протезите, долу ставаат ретејнер односно внатрешна протеза, а горе не? Сите досега што ги прашав ми кажале дека на горната вилица не ставаат ретејнери. Јас лично сакам и на двете вилици ретејнери, пошто не сакам повторно да носам мобилни, преку глава ми е од нив. Ќе ги вадам за еден месец па ќе видиме што ќе испадне.
И мене ми ставија ретејнер само доле. Врска немам зошто и горе не ми ставија со оглед на тоа што два пати носев протеза. Одамна ми ги извадија, пред околу 5 години но минимално ми се искривени горе, по заб два.
Епа затоа јас сакам ретејнери и на двете. И онака криви ми беа забите само на горната вилица и таму ми е најбитно да ставам ретејнер пошто стварно не сакам пак да ми се искриват ама ако ми дадат таква пластична мислам дека толку ќе е со правите заби.. Дотолку што не сакам да носам такви пластични.
Побарај силиконски протези, и тие ќе ти завршат работа. Ни ретејнери, ни пластики. Силиконот е добра замена, ем ги штити забите ако ги стискаш ноќе.
Јас имам и горе и доле мене ми рекоа дека се ставаат за да се држат забите еден до друг, а и за да не се враќаат напред/назад јас ги имам од кога ги извадив протезите, и ми рекоа до крај на живот ќе сум ги носела и си ги носам. не препрашував искрено ти кажи им дека сакаш, па ако немаш потреба стварно, нема да ти стаат мобилни секако мора да носиш некое време по вадењето и носи ги вршат работа
Кај нас е иста цената на силиконските и мобилните протези околу 3000 една, ама тоа за пациенти што кај нас носеле фиксни протези. За други пациенти е поскапо. Иначе одма се изработуваат после вадењето на фиксната, кога ќе се извади, се зема одма мерка и следниот ден се готови и се предаваат.
Ретејнер се става ако се корегираат напред забите, ако се корегираат и назад, не е практично и нема смисла. Тоа ми го кажа мојот ортодонт. Јас немам опција за ретејнер, кај мене скоро се е назад. Рече ако сакам ќе ми стави, ама ако не носам мобилна забите ќе се изместат.
Колку време отприлика се носат ретејнери/мобилна после фиксна? Брат ми треба да става заради издадена горна вилица па ме интересира дали има поврзаност степенот на болка додека се навикнеш со тоа дали е ставена летен/зимски период и што најмногу помага во првите денови да се ублажи притисокот?
Се носат дупло повеќе од целокупниот третман. Ако носел фиксна две години, ретејнер треба 4. Мислам дека нема врска лето или зима.
Дали некој имал искуство со Ана Крстевска во Јане Сандански? Стоматологот ми ја препорача па планирам да одам кај неа