Мене др ми рече дека нема да ги носам до крај, туку додека да ми ја сменат следната жица. Претпоставувам зависи од случај до случај.
Зависи за што се ставаат. Ако е само да се дезартикулира еден заб за кратко движење, или додека се носат ластици за некоја ситна корекција, ќе ги тргнат кога таа фаза е завршена. Ако ги ставаат за да не гризеш на долните брекети, се носат до вадење на протезата.
Феминки здраво, Дали има некој искуство со невидливите протези? Каде сте ги правеле, цена, ефект и слично?
Zdravo, treba da nosam fiksni protezi i doktorot mi rece 900evra za dvete vilica. Dali i na drugi mesta se po taa cenaa ili ne? Stanuva zbor za vo Strumica.
Доколку станува збор за обичните метални тогаш тоа е многу. Јас ги имам ставено за 600 евра пред една година на приватно. Обичните секаде се одприлика 300/350 евра од вилица.
Znam deka e mnogu i me zacudi, posto imam slusnato od drugi deka se po 300e. Dali moze nekoj da mi kaze po kolku pari se na drugi mesta fiksniti protezi vo Strumica?
Беа толку пред повеќе од 2 години, а има поскапување големо од минатата година. Сега металните средно се околу 400 евра за вилица од тоа што го слушам. Можеш да видиш колку варираат од ординација до ординација, и да одлучиш што највеќе ти одговара.
Да се вклучам во темава... Моментално средувам заби , горна вилица. Немам две 6ки и една 4ка. Барајќи по интернетот најдов дека може да се стави мобилна протеза*како вилица само со тие 3 заби. Искрено размислував на оваа опција поради тоа што имам осетливи заби и незнамколку мостови би ми завршиле работа, да не биде работата стави па извади а да останат само оштетени и истругани здрави заби. Некој што нос повеќе време ваква мобилна протеза ако може да ми објасни да каже дали е воопшто удобна за носење?
Тоа што го објаснуваш се прави само како привремено решение за деца, кога се под 18 години и не можат ништо друго да стават. После над 18 год, се става имплант или мост. Таква протеза да имаш за стално нема логика. За удобност ќе се навикнеш, ама не е правилно тоа решение. Ако не сакаш да жртвуваш здрави заби за мост, тогаш прашај си за импланти.
Жицата од долната фиксна протеза ми беше искочена многу малку и ми закачуваше на внатрешната страна од усната, па на последниов преглед ѝ кажав на др со надеж дека ќе ја скрати малку. Сепак, ми рече зашто само малку е искочена ќе ја врати наназад. Не сакам да сум неверни Тома, ама моето лаичко сфаќање е дека жицата искача кога ќе ги затегне забите до некоја мера и дека ако се врати со извлекување меѓу последните два заба всушност нема да си ја врши функцијата. Ова може и да е тотална глупост, ама би ценела ако може да ми каже некој што се разбира; Ја прашав и др- ми рече само не- ок е;
Целата жица ти мрднала на едната страна, затоа искочил крајот. Нормално дека ќе ја врати само на место. Се крати ако е долга зад последниот брекет, ако само е излезена од него се враќа на место. Не се секирај, ништо лошо не направиле.
Zdravo, gornata trojka mi e malku nadvor od vilicata pa sakam da prasam dali nekako moze so mobilna proteza da se vrati vo normala? Stanuva zbor za 22god.
Здраво, дали некој знае колку се наплаќа за контрола за мобилен апарат за дете? Ортодонтот досега не наплаќаше ништо, но отиде во пензија. Новиот ни зема 1000 денари за контрола, за горна и долна вилица, што ми е искрено многу.
Citam mnogu pozitivni komentari za dr. Sonja, no moeto licno iskustvo ne e takvo. Za fina fina e, ama mislam deka ima premnogu pacienti i ne obrnuva mnogu vnimanie individualno. Jas nosev dve godini Damon protezi, ne bese koncizna vo terapijata i ne mi go popravi zagrizot. Dva meseci nosi lastici, pa posle ne nosi, pa pak nosi i na kraj se otkazav i gi izvadiv. Sovet do site sto sakaat da nosat protezi, bidete uporni ako mislite deka nesto ne e ok so terapijata i davajte zabeleski na vreme bidejki poveketo stomatolozi te gledaat samo kako biznis.
На 22 години речиси никаков ефект ќе немаш со мобилна протеза. Не е многу ако одиш кај нов ортодонт кој не ја изработил протезата. Кај свој ортодонт би требало да е бесплатно, ама бидејќи сте смениле доктор мислам дека неизбежно е да ви наплаќаат контрола. Мислам поисплатливо би било одново да си направите нова мобилна протеза.
И јас немав добро искуство кај др. Соња. Премногу брзо ме прегледа а најмногу ме изнервира што ми кажа дека немало потреба да вадам 8ци, ништо немало да смени ако ги извадам. Јас што не сум медицинско лице а знам дека мора да се вадат, сите искривувања на забите ми настанаа откако ми никнаа 8ците и едноставно ми немаше логика тоа што го кажува. Имам тесна вилица и немам никаков простор, мора да се извадат 8ците пред да се стави протезата и тоа ми го кажаа сите наредни ортодонти каде што отидов. Затоа, мој совет е да барате повеќе мислења.