Здраво, Дали може некој што има искуство да сподели колку од прилика чинат фикнси протези од вилица ? Ви благодарам многу !
На државна клиника да не се поефтини протезите и дали работат поручек накај 6,7 или само одсабајле за контроли
А да не знаеш дали има на државна освен металните и порцелански, сафирни или дамон, и контролите колку се наплаќаат? Исто дали секој пат различен доктор те прегледува?
не знам,јас имам метална..контролите зависи што прави,дали менува лак или само гумички,300-400 до 700 макс до сега што ми зеле
Ти си одбра кај кој ортодонт сакаш или таму како се погоди така, и дали само тој доктор ти работи или кој се погоди; Да ми препорачаш некој
Јас си одбрав,си се договарам за термини,како матичен ортодонт ми се води. Во случај ако е отсутен или се случила смена може кај друг да одиш за тој преглед или да почекаш да се врати.Ќе ти пишам во порака за препорака.
Постаро е мислењево, но да те замолам ако можеш да споделиш ефњкт од Дамон протезата, како си задоволна, дали стварно побрзо оди отколку со обична?
Не оди побрзо со Дамон протезата и тоа ми го и самите они искрено кажаа пред да ставам протеза. Јас платив Дамон исклучливо само затоа што може да се оди на прегледи многу поретко, јас бидејќи студирам во странство, одам секои 4-5 месеци. А со традиционална протеза мора секои месец-два да ги менуваш ластичињата затоа што се разлабавуваат и се намалува ефектот. Протеза ќе носам околу 2 години.
Некој да сподели искуство или мислење за Diamond S Clinic, гледам имаат објавено две фиксни протези по цена за една
Здраво, Може ли да се купи восок за протези некаде во Скопје/МК? И колкава би била цената отприлика. Ако не, други алтернативи, нарачка од странство (преку интернет и слично)? Фала однапред
Вчера бев на контрола за протезите овој пат ми ги стегнаа многу,ме болат страшно неможам ништо да јадам,што да се напијам за болка?
Здраво, Имате ли искуство со ставање фиксна протеза на 30+ години? И препорака за добар ортодонт? Благодарам
Moze fiksna i na 50 da se stavi i efikasnost ima, Dental art doktorka Sonja Risteska najdobra tell za kontakt 078 254 030 pozz
Ја читав доста темава и гледам постојано ја рекламираш, не знам дали е стварно од лично добро искуство, можеби стварно е не знам, ама можеби е роднина/пријател/познаник и слично. Доколку има и некој друг искуство слободно нека пише, бидејќи имаше мислења дека веќе има многу пациенти докторката и не може да им обрнува толку внимание и се губи на квалитет.
Ne mi e nisto doktorkata, jas od lično iskustvo ja preporacuvam i bev prezadovolna, za drugi ne znam. Za mene bese vnimatelna i posvetena maksimalno vo mojot slučaj, i koga bi birala pak nea bi ja odbrala pozz
И јас сум кај др. Соња од Дентал Арт и ок е генерално, ама да- кога може да ме откачи и некој друг да смени гумички- секогаш користи можност, па најчесто тоа е др. Сашка, барем во мојот случај. До сега два три пати Сашка ми менувала гумички (редовна месечна контрола), па Соња уствари ме гледа преку една контрола; Протезата уште ја носам, па рано е да кажам дали сум задоволна;