1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    2.464
    Дентал арт никако, дечки.
    Пари еден куп ќе земат а за резултат ќе молиш.

    Него, дали имате препораки за друга ординација освен оваа и Дента Ес? Преферирам некој што знае што прави.
     
  2. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Може малку подетално да споделиш искуство?
    Имаш носено фиксна без резултати или?
     
  3. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    За Ендомак има ли некој искуство со фиксни портези?
     
  4. АндрејМ

    АндрејМ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Чувствувам дека ми е морална одговорност да ги предупредам сите коишто сакаат да стават фиксни протези или можеби истовремено имаат проблем со зглобовите НИКАКО да не одат во ДентаЕС во Кисела Вода кај др. Елена Василевска Ѓеоргиева. Да го раскажам моето искуство.

    Во ДентаЕс дојдов поради проблем со десниот виличен зглоб. При отварање зглобот прескокнуваше и пукаше при нагло отворање. Имав огромни главоболки, болки во ушите и носот и трнење во рацете. Дојдов кај д-р. Елена и ми дијагностицираше дисфункција на дискот во зглобот. Почнав третман со вежби со пластични стапчиња и воден сплинт Аквалајзер после коишто движењето на зглобот значително се подобри. Потoa ми зема отпечатоци од новата позиција на вилицата (со прилично произволно мрдање на вилицата од нејзина страна на лево) и по неколку дена ми даде тврд сплинт и со него ми направија мерење на џвакалните мускули и движењето на вилицата (електромиографија и кондилографија).

    После првата ноќ носејќи го сплинтот, утредента се разбудив првпат после 2 месеци без главоболки. Но тоа траеше само 4-5 дена. Следните 4 месеци следеше хорор и агонија. После неколку последователни состружувања на сплинтот, состојбата не само што не се подобри,туку и се влоши. Имав огромни главоболки, жештина во лицето,болки во слепоочниците, образите, болка во носот, болки при џвакање храна, болка во двата вилични зглоба што ја немаше претходно и неколку пати неделно ненадејно зуење во ушите, што беше застрашувачко. Исто така станав чувствителен на пискави, високофреквентни звуци. Секој ден се будев со огромни болки во лицето, квалитетот на живот ми се сведе на нула, се претворив во зомби. Почнав да пијам диазепам, хелекс, ибупрофен за барем малку да си ја смирам болката. Секој ден беше борба. Очигледно нешто не беше во ред со сплинтот, но продолжив со третманот уверуван од помладите доктори дека се е во ред со сплинтот и дека ќе се подобри состојбата.

    За тие 4 месеци докторката Елена ниту еднаш не ја видов, ниту најде за сходно лично да ме прегледа, секогаш ме препушташе на помладите доктори. На еден преглед беше присутна во ординацијата на само 3 метри од мене во другата соба, но реши да го користи помладиот доктор како курир и преку него да ми даде инструкции да правам пак вежби со стапчиња, што немаше никаков смисол. Не ѝ беше гајле ни да стане од стол и да ме види. При крајот на 4-тиот месец одлучив да не го носам повеќе сплинтот и состојбата некако како да ми се подобри. После 4 месеци конечно ја видов пак, за да утврди дека умниците што не биле покриени со сплинтот еруптирале, или пак останатите отишле подоле во коската, умникот удирал во горната седмица бидејќи горе немало умници (утврдува после 4 месеци!) и тоа создавало (или не) проблем и уште многу други работи. Кажа дека сега знае зошто ми е подобро кога не го носам сплинтот. Како да треба дури да ѝ бидам благодарен што сам сум одлучил да не го носам?! За тие 4 месеци агонија што ги преживував, требаше да ја следи мојата состојба и да ме прегледува регуларно, така ќе забележеше било какви промени на полошо, и (веројатно) нешто ќе превземеше. Консултирајќи се со други 3 ортодонти, добив мислење дека сплинтот е сосема погрешно направен и ги држел зглобовите и мускулите во неприродна положба.

    Исто така во третманот за којшто платив влегуваше контролна електромиографија и кондилографија, коишто не ми ги направија иако им побарав неколку пати. Значи она за што чесно сум платил не го исполнија и се правеа наудрени. А сумата не беше мала. Севкупно ми земаа со прегледи над 35000 денари.

    Краен резултат: кликањето, прескокнувањето престанаа, вилицата сега се движи глатко, болката во ушите престана, но останав со болка во слепоочниците, образите и позади носот веќе цела година, секој ден. Загризот ми остана целосно исчашен и немам стабилна платформа за гризење што ми создава болка во мускулите на лицето. Дури после една година успеав барем малку да ја смирам состојбата со користење ласер и со носење функционален апарат од друг ортодонт. Докторката во мојот случај покажа тотална негрижа за мене како пациент и ми создаде огромни дополнителни проблеми коишто бев принуден да ги решавам на друго место. Хроничната болка со месеци којашто сѐ уште трае драстично ми го намали квалитетот на живот и ме доведе во состојба на тешка депресија (за која земам антидепресиви) и добивам повремени панични напади. Изгубени години и месеци од мојот живот заради нејзината целосна неспособност. Не сакам никој да ја преживува агонијата што ја преживував јас. Избегнувајте ја оваа таканаречена докторка по секоја цена!

    Исто така, моја другарка која носеше кај неа фиксни протези, од целосно здрава личност заради Елена, сега има болки во слепоочниците, болка во виличните зглобови, не дише добро, дишењето преку нос и е отежнато, има вртоглавици, болки во вратот, постојано 24/7 зуење во уши (тинитус) и тоа и се случува секој ден веќе 3 години! Буквално животот и е упропастен.
     
    На Lolipop1983, chadorche16, liliput22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    20.551
    Пол:
    Женски
    Лелее ужас.:envy: Таквите како "докторкава" колку само нечии животи ќе упропастат. Катастрофа еј.
     
    На АндрејМ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    2.574
    Има некој ортодонт на форумов?
     
  7. futurelawer

    futurelawer Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае која е цената на обичните Дамон протези?

    Дали таа цена беше за обичните традиционални протези или за Дамон, и кај кој доктор беше?
     
    Последна измена од модератор: 11 август 2023
  8. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    20.551
    Пол:
    Женски
    Мене колку што ми кажувале се околу 1600 евра. Е сега можеби и повисока или пониска цена, зависно од ортодонтот.
    Јас носев од обичните фиксни протези и сега топ ми се забите.
     
  9. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    2.574
    Јас за Дамон платив 1500 евра
     
  10. Butterheart

    Butterheart Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво Јас носев фиксни протези (и горе и доле) година и пол од Дента Лукс и сум задоволна од резултатите. Пред да ставам се распрашав по луѓе и ординации околу цени и квалитет и овие се и поевтини генерално а и доволно добри за цената.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    2.574
    Вие што носите Дамон, после колку време ги приметивте првите резултати?
     
  12. praskaa

    praskaa Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    После девет дена
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kontiki

    Kontiki Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Е јас ќе си пукнам од мака што дозволив да ми извадат здрав заб за многу малку искривени кецови нанапред сега не можат да ми ја затворат дупката пошто имало влакна кои тегне а и годините сум ги имала . Божем претходно не ми ги знаеа годините или не знаеа дека влакната ќе влечат и може да има проблем

    Докторката од маргарита смилева не може да ми го затвори просторот од забот што ми го извади (здрав заб 4 ка) па сега сака да ми ја извади протезата и да ми ставела пломба меѓу тројка и петка пошто тоа е не можело повеќе . Косата ми се дигна . 2,5 години носам протеза за да не можело па ќе мачкаме со пломби сега , ќе покриваме дупки
     
    Последна измена од модератор: 31 август 2023
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    Си извадила заб од 6-7 милиметра, а ти останал 1-2мм простор. Верувај дека без вадење на заб, разликата од тие 5мм ќе се појавеле во истуреност на предните заби (како на сликата што сум ја ставила во мислењето кое го цитираш). Како што објаснував на членката претходно, ако ти дале препорака за вадење на заб заради ортодонтска терапија, тоа е зошто е најдобриот избор, прво функционално, а потоа и естетски. Не можам да знам како точно е твојата ситуација, секој пациент е приказна за себе. Но статистички многу повеќе се случува да речат ајде сега да вадиме заби после година дена носење протези, отколку да се извадат па да искочи дека немало потреба од тоа. И не само како стоматолог, и од лично искуство ќе ти кажам. На 14 години не дозволи мајка ми да ми се извадат заби, носев протеза, и иако теоретски ми се исправија забите, начинот на кој ми се истурени во профил ниту е добар, ниту ми се допаѓа мене лично. Само не би се наканила сега да носам протеза пак, па си терам.
    Пак ќе речам, не ти ја знам историјата, ама статистички е поверојатно дека правилен избор било вадењето на заби ако од старт тоа ти било препорачано.
     
  15. Kontiki

    Kontiki Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Значи според вас е ок да стои простор меѓу забите и да се собира храна или да пополнуваме дупки? Можеше да ми извадат 5ка кога веќе мо ги знаеа годиноте и дека постојат влакна што би тегнеле обратно. Пред 20 години носев фиксна за вампирски заби , двојките ми беа горе и Зужелова ми стави пендулум за да ги рашири а сега аномалијата ми е толкава што се чудеа што сакам да исправам, највеќе беше длабок угриз . Затоа не ми се коректни баш сега и на овој начин да ја вадиме затоа што поминало времето
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    Обично се вадат 4ки, а не 5ки зошто уште потешко оди движењето на забите. 5ки се вадат само за специфични ситуации. Баш дека си возрасна уште помала е веројатноста да се вадат 5ки, дека многу подолга е терапијата кај возрасни. Ама пак индивидуално се одлучува кај секој пациент, нема едно правило за сите, и не може никој да ти каже како кај тебе било најправилно само вака со разговор. Сепак некои аномалии нема идеален начин да се решат. Мене лично според ова што кажуваш ми личи дека тоа било најдобриот можен избор, иако можеби не бил идеален. Сепак јас не сум специјалист ортодонт иако имам доста искуство со ортодонтски пациенти, најдобро е да ти објасни точно твојот ортодонт што те следи.
     
  17. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Ист случај сум како твојот. Носев протези заради протрузија, по совет од ортодонтот извадив 4ки здрави за да може да се врати вилицата назад, најдобро решение беше тоа затоа што земајќи ги во предвид умниците кога ќе турнеа, џабе протезите. Во рок од 3 месеци ми се споаја 3ките и 5ките со помош на носење ластици, и сега изгледа вака, ниту се познава, ниту ми фалат
    20230831_105359.jpg
     
  18. Kontiki

    Kontiki Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Кај мене не ноже да се затвори просторот година и 6 месеци точно.
     
  19. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.012
    Допаѓања:
    5.529
    Дали некој има искуство со ставање фискна протеза два пати. Носев еднаш како дете, пред време ја извадив, сега сакам пак да ги исправам забите. И каде е најефтино за обична метална фиксна и која цена е?
     
  20. nikyshka66666

    nikyshka66666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Јас носев 2 пати сега ги извадив пред 3 мес .
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.