Нема гумички кои ја држат жицата за секој брикет и следствено не се затегаат, па “силите” се као поприродни и не е толку болно. Следствено и контролите не се толку чести, на 2-3 месеци може да бидат. Инаку да, јас сум над 30 и носам, здравје за 3 месеци од прилика треба да ја вадам.
И јас носев над 30год сум во Дентаест кај др Елена местев и сум презадоволна. Околу 1500евра мислам платив за двете вилици и ја носев 3 години мислам. Само плаќав и секое менување на жица по 1000ден, но тоа не е на секоја контрола. Така беше тогаш пред две години, сега незнам како е, но луѓето се професионалци. Се зависи од случајот на деформитет,за тоа колку долго ќе се носи.
Јао, а што спаѓало во тие 1500 евра ако не и жици, па си ги дополнително плаќала??? Тоа е нормален дел од третман кој не се наплаќа. Јас дури кршев жица милион пати, па не ми наплатија. Срамота така да прават искрено.
Дајмон протеза носеше? Не мислам дека ми наплатиле нешто повеќе, за се беа коректни дури и за некои работи попусти ми даваше докторката бидејќи правев се кај нив останато надвор од протезата,( пломбирање, чистење на забен камен, сопругот правеше заби...) Имав комплициран случај јас, горна петка немав и имплант ставав и за тоа попуст имав. Сите ме плашеа дека додека зарасне маки виделе со имплантот јас не сетив дека имам уште од старт немав никаква болка штрафот кога го наместија. Исто и со протезата немав неподносливи болки кога ќе сменев жица. Бидејќи нели наместо ластици на брикетите дајмон протезите ги движат забите со посебен систем некој. Дури при крај ми ставија плус и ластик за да ги спојат забите. Мене ми ја исправаа вилицата, ја извлекуваа нанапред, ја ширеа горната вилица бидејќи беше потесна, и плус исправаа заби. Пак ќе кажам, можеби се поскапи но се професионални и работат со најквалитетен материјал. Докторката знам одеше во Америка на семинари да држи предавања таму.
Да, уште носам Дамон. Јас плаќам фиксна рата од 2000 денари секој преглед. Не сум во Скопје затоа е малку поефтино (околу 1200е вкупно за 2 год) и ти верувам дека се професионалци, но менување на жица требало да е покриено со тие рати што ги плаќаш за самата протеза. Не оди третман со протеза без менување жици или носење ластици за спојување празнини меѓу заби (моментално носам), тоа е стандардна процедура, не смислила жената ништо ново. Затоа кажувам, плаќање за менување жици ми е скроз подло земање пари. Мене многу често ми менува жица, кога кршев брикети на почетокот и ми ставаше нови, ќе полудев ако ми бараше пари за нешто што е нормално за време на процесот. Мислам тебе сега веќе било и поминало, само лош впечаток ми остави за нив тоа ти што го пиша, иако ми е мило што си задоволна со резултатите.
Наплаќаат убаво Дента ес. И мене жиците ми ги наплаќаа ама не се мењаа често, не беа некој трошок. Поентата е дека ти кажуваат на првата консултација, па очеш нечеш. И мене ме нервираше истото, боље наплати ми ги на старт во вкупната сума и не ме замарај на секоја контрола. А искрено и јас добивав големи попусти, маж ми исто, детето бесплатно ми го прегледуваат, задоволна сум засега.
Сега гледам не сум платила 1500 евра ами 80000ден тоа е 1300 евра, а жиците си ги плаќав да. Сум платила 15000 прво еден третман за вилицата што носев прво помагало, и вежби ми кажуваа правев некои пред да носам протеза. Затоа ми се помешало со ценава @Skyler Не ги ставаат во првобитната цена затоа што не знаат колку ќе ти треба. И јас тоа се прашував.
Мене ми побараа 1600 евра за од тројка до тројка проѕирни мислам така беше, знам дека најскапата опција ја избрав и ми дадоа 10% попуст за плаќање во готово, 89.000ден ми искочи. Жица мислам еднаш сменив кога дојдов до втора фаза, кога се менува начинот на исправањето.
Поим немам, не го работам тоа. Секоја ординација има своја политика и цени, оти иде приватно, не под фонд.
Ми се одлепи жицата на долните забите, таа што ја ставаат од задната страна. Протезите ми беа во ДентаЛукс треба таму да одам за нова жица или може и кај друг ортодонт? Знаете која е цената за нова?