Ако немаш полни 18 години, и немаш искористено досега преку фонд, бесплатни се. Инаку се наплаќаат, зависно од ординација. Имаш избор иначе, дали мобилни протези, дали силиконски фолии, плус минус ретејнер.
имам над 18 и на клиника одам, а жица одвнатре да ставам да не знаете колку чини? се мислам да побарам и мобилни и жица не сакам да ми се вратат забите
Јас носев фиксна кога бев основно и супер ми се исправија забите, но за жал делумно заради мој пропуст а делумно на лекарот пак ми се вратија во скоро па првобитна состојба. Поголема грешка според мене има докторот што не ми ни препорача носење на внатрешна жица и не ми препорача вадење на осмиците кога почнаа да растат, а моја е што не инсистирав на тоа но буквално многу брзо ми пораснаа и зачудувачки без воопшто мака па така јас не ни ги осетив кога растеле и буткале. Сега пак носам некоја мобилна навечер но два три дена ако не ја носам (на пример болназ кашлам а со нејзе не можам) одма се враќаат. Има ли чаре сега, без пак да носам фиксна да ми се исправат забите трајно или ќе треба мобилнава за навек да ја носам?
Дали знаете после колку време се прави замена на ретејнери со нови ? И на колкав временски период практикувате конртола после вадење на фиксни протези ?
Мене долу ми ставија внатрешен ретејнер-жица и овој не се вади, лепен е. А горе носам фолија, таков ретејнер што се вади и ортдонтот ми рече дека обично тој се мени на две години. Инаку на контроли откако ми ги извадија фиксните прво одев на два месеци, сега одам на четири и постепено понатака поретко.
Дали знаете како би можела да ги исчистам ретејнерите? Проѕирни се, тие што ги прават од пластика. Изгледа од стави вади и после со плакнење со вода има како бели наслаги (претпоставувам се од водата).
Треба да ги сушиш после миење, не така да ги оставаш. Убаво да се исчеткаат со четка и паста, исто како забите, ги плакнеш, ги сушиш и ги оставаш на суво. Можеби и корега таблетите би помогнале, тие што се спомнати во претходниот пост.
И мене ретејнерот што е од пластика ми стана таков, како наслаги да има по него. Јас со четка и паста го чистам, а на наредната контрола ми рекоа и него да го однесам па ќе видам што ќе ми кажат. Инаку во кутијата никако не ги ставај мокри, значи ги вадиш, миеш, сушиш и враќаш на местото.
Има ли некој мислење или искуство од Ендомак, др Стипица Поповски? или др Алики Лазаревска од Маргита Смилева дентал клиник?
Здраво на сите. Имам ставено фиксна протеза на двете вилици по втор пат поради загризот. Проблемот е што горната вилица ми е понапред околу 2цм, протезите ги носам околу 6 месеца и моментално нема никакво подобрување, центарот ми се измести на десно и предните заби уште повеќе ми отидоа нанапред, носам ластици 7ца доле 3ка горе и 4ка доле. Ортодонтот ми препорача да ги извадам сите 4 осмици па планирам и тоа да го направам. Сакав да ве прашам дали некој имал слично искуство и како се завршило тоа?
Немам искуство, но се спремам да ставам протеза и многу се изначитав за се околу протезите и нигде не сретнав некој да го решил проблемот за загризот, можеби таа фалинка сите до некаде ја имаме, мислам ако не смета многу при јадење не би носела протеза за загриз само
Само со интензивно носење ластици се корегира загризот, и најчесто треба мобилна после фиксната за да се одржува загризот во новата положба. Фиксните сами по себе ги подредуваат забите ама не го менуваат загризот.