15 години како ја имам извадено фиксната и уште носам жичени ретејнери, ми се смачи од нив, заб да треба да поправам ми ја вадат жицата па пак ја ставам а цената во вис отишла од 900 на 2400 ужас..башка што и за тоа кратко вадење од неколку часа одма мрдаат забите И плус од храна што се пика меѓу тоа ми се ствараат пигменти на забите и се расипуваат често. Да знаев ич немаше да носам.
И јас имам и жици и фолии , и мене ми фаќаат брзо пигменти ги чистам и пак брзо исто и мислам нема решение , освен ако има опција наместо жиците фолиите за спиење да ги држат забите .
Zdravo Dali ima nekoj iskustvo so nevidlivi alajneri? Kako ste zadovolni i kolku se dvizat cenite po vilica?
Здраво, дали некој има искуство со др. Билјана Петровска што има ординација на Прашка, Тафталиџе? Фала ви!
Секаде различно прашај си таму кај што имаш ставано протези. Таа што ја ставаат одма после вадењето не ја наплаќаат ама после наплаќаај. Јас ја плаќав 900 па отиде на 2400 сега последно кога прашав 1800. (Ова за една вилица)
Џабе, мене горната вилица ми е наназад, носев протеза и не се смени нешто многу. Сега после многу години и многу покриви ми станаа оти мислам дека нема место на таа вилица. Арно ти кажале, да ги извадиш последните заби, барем да спречиш понатамошно изместување на другиве. Горните заби ми беа позади долните, со протезата ми стигнаа точно врз долните. Ама ти викам, пак почнаа да се криват и некои пак отидоа позади. Да немам страв од заболекар ќе идам сите ќе ги извадам и ќе си стаам вилица.
Здраво на сите! Дали знаете или имате да препорачате добар ортодонт што би ми го превзел одржувањето на ретејнерите и мобилните протези? Веќе 8 години има како ги носам, се водев на Европски, ама мојот доктор си замина, како и впрочем сите ортодонти таму. Сега не знам кај да се обратам, мојот доктор не е опција. Фала на било какво инфо.
Дечки, листам низ форумов и не можам да најдам конкретно кој се препорачува за ставање (обична) фиксна. Дали можете да ми дадете препораки од кој сте задоволни? Фалааа
Здраво девојки Има ли некоја од вас искуство со пломбирање на заб додека сте носеле фиксна протеза? Мислам дека имам расипан заб и тоа на незгодно место, одма до брикетата и ме фати паника како би се извело пломбирањето. Во четврток секако сум на забар за преглед ама во мисла ми е до тогаш...
Мене ми имаат пломбирано, но не беше до брикетата. Не е ништо страшни, најнормално се одвиваше се. Ако смета ќе ја одлепат и пак ќе ја залепат вајда. Туку дали некој скоро бил во дентаест дали знае колку пари е сплинтот оној пластичен што се носи после протезата? Мене ми се скрши и треба нов да ставам, закажав ама незнаеа цена да ми кажат на рецепција, ќе видел тоа докторот...Поминаа неколку години од тогаш кога прв пат го ставив.