Не,не можеш да си ставиш,нема врска тоа што не ти се излезени умниците.Јас кога ги ставив не ми беа излезени дури седмиците,па сега се е во ред.А со тоа што имаш премала вилица а големи заби може да ти претставува проблем.Види консултирај се со заболекар па тој ке ти каже дали имаш потреба од ваѓање на заб.Една моја другарка го имаше истиот проблем и нејзе и извадија заб и и` рекоја дека протезата ке го пополни тоа место,односно на негово место ке дојде друг заб.
Хепи мене ми се двете шестки доле извадени , од десната страна ми се затвара полека ама од левата не сака и не сака .. а 2 ипол ги носам фиксните. Кога ќе наполнам 18 ќе сум ставала заб , така ми рекоа .Јас искрено сакав дупка да ми остане ама не било добро тоа .
Хапу истиот проблем го имав јас со 6ка, кога ми ги ставаше ми рече дека ќе ми го остави и кога ќе појдам на првата контрола(месец дена кога ќе направам) ќе ми ја извади, а на нејзино место седмицата ќе ми ја стави, а на местото од седмицата 8ца бидејќи ми расти! Иначе тоа што имаш 20г, а немаш умници не е многу страсно, една другарка се снимаше да види дали има 8ци и заболекарот и рекол ти ги имаш ама нема да ти излезат на површина. Е сега тебе најубаво е да си прашаш некој заболекар
Еј да за умниците , убаво вика miljkovic, може да си направиш снимка да видиш дали ќе ти растат . Зошто може ниеден ама може само некој да ти расте
Јас планирам овој месец да ставам, ми рекоа дека најмалку една ипол година ќе ја носам. Двата предни заби околу 12 милиметри ми се напред. Е сега ви ги читав мислењата неколку страни поназад.. немам умници и страв ми е потоа ако ми излезат од кога ќе ја извадам протезата да не ми се искирват пак забите Една другарка стави пред некој месец и и вадеа заб. Но пред да ја стави едната 6ка и беше извадена и потоа и ја извадија и 5ката од другата страна. На сите ви вадат по некој заб, или вадат само ако нема место да се повлечат забите поназад? Искуства
Вадат само ако нема место нормално, зошто инаку би ваделе здрав заб?? Јас имам лошо искуство со фиксните, носев година дена во 6то или 7мо одд не памтам, и веднаш ми се искривија забите... Едноставно вилицата уште ти расте и се менува не е тоа време за протези. Лани вадев умници и сакав пак да ставам ги молев да ми извадат некои заби плу затоа што имам мала вилица ама не се согласија. Зависи каде ќе отидеш, а искрено и штета е да се вадат здрави заби... Ама кога се мора се мора. Кај мене можда и не ни морало. Како и да е не видов колку год имаш ваљда 17, најубаво да си прашаш таму дали има место за умниците, дали треба да почекаш или не. За да не испаднат и џабе пари и џабе малтретирање.
Ме интересира колку пари се протезите. Знам дека зависи од самата ординација, како и од комплексноста на проблемот со забите, но грубо ме интересира отприлика како се цените. Искуства
Јас овој месец ќе си ставам и заболекарот ми рече 350 евра. Другарка си ставаше кај друг заболекар 400 евра. Поскапи од 400 евра сигурно не се. Сличните цени се вртат секаде.
Во август ќе ги извадам, ги носев речиси 3 години. После 2 години ќе треба да носам мобилни, и тоа првата година-активно-3 часови дневно, и цела ноќ. После годината по тоа, пасивно, само ноќе. И слободна ќе бидам дури тогаш.
А девојки, прво се носи мобилна протеза пред да се стави фиксната или? Јас не ни сваќам зашто се носи мобилна па фиксна и не се преминува одма на фиксната. И таа жицата (другарка ми носи таква) е нешто слично на мобилната, јас мислам таква да носам да ми се исправи само еден заб, зашто ми е ептен назад (позади два други) па потоа да носам фиксна.. И уште нешто да прашам.. Колку најдолго може да се носи фиксна протеза, колку пари е отприлика и дали може да избегнам вадење на траен заб ама затоа да ја носам подолго време фиксната? Зашто многу ми е страв да ми вадат траен заб.
Прво се носи фиксна, и потоа да не дојде повторно до искривување на забите се носи мобилната. Како што разбрав јас заб се вади доколку нема доволно простор за да се повлечат забите назад. А колку време ќе носи протезата зависи од тоа колку ти се криви забите. Мене една заболекарка ми рече најмалку година ипол, сега кога ќе ставам кај друг ќе видам колку ќе каже. На една другарка и рекоа година ипол, а носеше година и 8 месеци.
Јас носев фиксна протеза некои 2 години кога бев средно, и тоа е најдоброто нешто што можев да го направам затоа што многу видам сметка за забите и многу почитувам убава насмевка... ми беше тешко само првите 2 недели дека одеднаш толку метал у уста... но после се беше супер... не знам зошто повеќето на форумов спомнуваат вадење здрави заби, јас не извадив ниту еден заб. Од кога ја извадив фиксната носев некое време мобилна ама навечер само и не ми сметаше воопшто за спиење. Сите што имате потреба ве советувам да си носите фиксна протеза зошто навистина пружа огромно задоволство кога ќе ја извадите и башка цел живот ке си имате најубава насмевка и заби како под конец... затоа јас нон стоп си се клештам
Јас носам на постари години фиксна протеза,а и моја пријателка стави на 35 години и топ и се исправија забите плус она беше со плитки корења што беше високо ризично бидејки можеше сите заби да и испаднат, но докторката каде што идам јас( по препорака)работи само на приватно но многу сум задоволна имам ставено порцелански транспарентни протези и платив 1400е( за целиот период!, не ти наплаќат како некои поевтина протеза ама пак за секоја контрола +500ден пак исто на крај излегува )и воопшто не се познаваат освен ако не кажеш и тогаш -ееее стварно носиш?Кај неа цените се за метални 1000еу ,порцелански бели 1200еу ,транспарентни 1400еу и нова техника дијамански 1500еу но на тие само предните 4 се порцелански а другите метални но на принцип на клик работат.мене ми рече за горните 1 година за долните 1,5 година па ке видиме зама има подобрување и не ми ги затега класично (само еднаш до сеа ама ми местеше федер) не ме болеше воопшто дури им се јавив да се пожалам дека не ме боли да не нешто не е во ред ми рекоја имаш среќа ќути си А ако некаде те гребе ти даваат восок да залепиш.
јас носев фиксна протеза и сега забите ми се како бисери...кој ужас бев, секој заб своја политика водеше, т.е. апла расипана клавијатура...ама ги извадов после некаде 3 години и забите сега ми се перфектни Спојлер вакви ми беа забите со оглед на тоа дека овде ги имам 2 месеци протезите...
Јас си носам фиксна и да ви кажам баш си се навикнав на неа... За жал и мене мораа да ми вадат траен заб бидејќи немав простор за другите..колку ќе ја носам незнам ама знам дека откако ќе ја извадам ќе имам насмевка за мерак! Вие што треба да ставите фиксна и да вадите траен заб ич не му се секирајте, анестезија, замижете и тап! Еве го забот Инаку мене кога ми ја ставија 2 недели неможев да јадам ништо јако... Уфф колку ли само ме болеа забите И можно ли е кога ке ми излезат умниците после протезата пак да ми се искриват забите? Чекам одговор од вас многу сум загрижена
Зависи од забите. Една другарка предните два и се разделени малку (не и се криви) и кажале 6 месеци. Мене ми кажаа година и пол, сигурно две ќе ја носам. Некои и по 3 години ги носат.
Мене ми кажаа 1 година но мене ми се чини дека повеќе ќе ја носам... Само да не ми се искриват пак откога ке ми излезат умниците
Носев мобилна протеза и одма се навикнав.Прво ми беше чудно и не можев да голтам ама потоа се навикнав и на тоа. Ја носев неколку години протезата сега вилицата ми е добра