Здраво, за цена на фиксна протеза на клиника ми кажаа дека е околу 400 евра. Дали е тоа за една протеза или за двете заедно?
Jас носам фиксна протеза од таа стоматолошка ординација. Докторките се прекрасни, девојчето што работи администрација исто така. Внимателни сè Ти поспчуваат и исто така ти даваат совети. Кас носам 6 месеци, Задоволна сум, премногу ! Одговорни, дисџиплинирани и секогаш се позитивни.
Здраво. Дали некој носи фиксни протези и пуши цигари? Дали е штетно? Дали ќе влијае врз забите? Дали може да се одложи рокот за носење? Искуства?
јас носам и пушам. освен што влијае за жолтеење на забите и ластиџите. секако и на здравке, се друго не.
Здраво, дали има некој искуство со ставање протези во Ендомак. Бидејќи одскокнуваат со цена од други места околу 86 000 мислам ми рекоа за горна долна метална со вклучени прегледи и ретејнери по вадење. Немам искуство дали е тоа во ред цена и дали се подобри од другите? Благодарам однапред
Здраво девојки, ставив фиксна протеза во Ортонова во Аеродром и ја носам веќе 4 години. Наскоро треба да ја извадам а не ги добив резултатите што ги очекував. Сакам да побарам второ мислење пред да ја извадам протезата, ве молам предложете ортодонска ординација во Скопје или Штип.
400 евра е за една вилица, јас вчера ставав и контролите до крај додека ја носам ми се бесплатни кај секој ортодонт е различно
Здраво. Дали има некој искуство со докторка Марија Јанкуловска за фиксна протеза, која има работено во Ардент ДС, сега има сопствена ординација Лумина. Фала.
Вие што имате носено фиксна протеза, дали од кога ја извадите и ви дадоа онакви како пластични, ве болеа забите од нив?
Колку време дневно ги носите / носевте ритејнерите после вадење на протеза? Мене ми рекоа да ги носам секоја вечер, јас пак првиот месец за секој случај ги носев 22 сата на ден, после преминав на 12 сати дневно, но сепак ми се мрдаат забите и загризот ми е вратен како што беше 5 месеци после протеза. Знам дека до негде е нормално да се померат, ама ми е страв дека со тек на време скроз ќе се вратат назад... на контрола ми рекоа дека е океј ритејнерот.
Мене само навечер ми рекоа да ги носам, ама од вчера ги носам така да незнам дали ќе ми се мрднат.. Обично колку што имам слушнато после одредено време пак ќе ти се искривеле забите. Види 8ците да не ти растат па да ти ги мрдаат останатите заби..
Јас веќе скоро година и пол како сум со ритеинери, и колку и да си постојанен, нормално е да се местат. Нема брекети да ги држат постојано. Но ако има огромна разлика, тоа не е нормално. Нели се оди на контрола после месец, пола година и година, си била? Ти кажаа нешто? Ако не закажи си кај ортодонтот и оди