Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    161
    Дали знаете отприлика колку пари се фиксни протези за двете вилици?
     
  2. Ana.99

    Ana.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Јас имам носено фиксни, но за жал ми се искривија повторно и баш ми е криво зашто најбитна ми е убава насмевка.
    Сега се мислам дали да ставам од тие невидливи протези (за тоа дали во Ск знаете добар ортодонт)
    Или пак оние навлаки бидејќи повеќето заби ми се пломбирани...:/
     
  3. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    161
    Тамам се одлучив да ставам фиксни, и на форумов се изначитав вакви искуства дека забите пак се враќаат во првобитна состојба.

    За невидливи, не знам дали мислиш на проѕирните фиксни, или алајнерите. Мене докториве ми викаат дека алајнерите имаат помала моќ од фиксната, и дека не е баш така како што се рекламираат дека за пократко време се исправуваат. Секој случај си е за себе, некаде баш си требале години и со нив со оглед ма тоа дека пластиката нема моќ да турка како фиксната протеза. Сепак е најдобро да се консултираш со доктор.
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.925
    Допаѓања:
    14.633
    Пол:
    Женски
    Алајнерите супер вршат работа, само најфините движења на крај се малку потешки отколку со фиксна. И делуваат брзо ако се носат. За разлика од фиксната што не можеш да ја извадиш, ама се "затегнува" еднаш месечно, алајнерите се менуваат на 2-3 недели, ама можеш да ги вадиш, па ако не ги носиш 23ч на ден како што треба нормално дека нема да имаат ист ефект.
    Значи јас би рекла за возрасен одговорен пациент, алајнер е супер избор, ама за просечниот ортодонтски пациент (мало дете или тинејџер) подобро е класична фиксна.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    161
    Изгледа и јас немам наидено на добар и објективен ортодонт. Следнава недела ќе одам кај доктор ептен што ми го пофалија и навистина се надевам дека би ми рекол дека ќе може да се среди кај мене проблемот со алајнери.
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.925
    Допаѓања:
    14.633
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во алајнерите, проблемот е во лабораториите што ги прават и докторите кои ги користат. Релативно нови се во Македонија, и немаат доволно искуство да решат тежок случај, и затоа може ти викаат подобро е класична фиксна. Ако навистина си комплициран случај, подобро да си носиш фиксна ама да знаеш дека ќе бидеш задоволна со резултатот, отколку да потрошиш време и пари за на крај пак да не си средена до крај како што треба.
     
  7. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    161
    И тоа што викаш.
    А читам има некои Damon фиксни кои демек се подобри од класичните? Знаеш дали е вистина ова?
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.925
    Допаѓања:
    14.633
    Пол:
    Женски
    Не се подобри, туку се посоодветни за одредени аномалии. Механизмот на врзување на жицата е различен од обичните протези, ама тоа не ги прави поефикасни секогаш, само за специфични ситуации.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.