Dental Art, дали има некој искуство со нив ? Сакам лингвални протези, од внатре поставени. Еве не мора они, некој друг ортодонт да препорачате ?
Апсолутно се согласувам и можам тоа да го потврдам.За жал подоцна ги прочитав сите лоши искуства со таа клиника и со Елена која е тежок манипулатор за да ти земе пари.Мене ми направи десет пати поголеми проблеми него пред да идам таму,ме остави со огромни болки во вилицатата и уште и смешно и беше.Завршив во депресија и со секојдневни болки поради нејзината НЕстручност.Ми се фалеше колку она е најиновативна а еве до сега не наидов на задоволен пациент од нејзе вклучувајќи ме и мене.Лечи комплекси на пациенти. Совет до сите,никако немојте во Дентаес кај Елена,посебно ако имате проблеми со вилични зглобови или ако ви требаат фиксни протези.Не само што нема да ви го реши проблемот,способна е да ви направи десет други поголеми проблеми.Мизерија!
За тоа дека Елена е крајно манипулативна скроз се согласувам.Мене ме остави два месеци со погрешно залепени брекети благодарение на нејзиниот “стручен тим” кој се праксаше на мене и ме убедуваше како “се е во ред” се до моментот кога решив да ја извадам фиксната.Тогаш и текна да прави корекции,а на прашањето зошто тоа не го направи од старт ми рече дека не видела добро,замислете.Имаше на располагање ртг,слики,снимки,скенови и она не виде дека јас имам погрешно поставена протеза која ми ја измести цела вилица се до моментот кога решив да ја извадам протезата.Па проба да ме купи на манипулации како она се прави за мое добро и колку она ми е посветена мене,небулози скроз.Десет други ортодонти ми потврдиа дека се е тотално погрешно а она со цел да си го заштити тимот и да ги прикрие грешките ме убедуваше во спротивното и ми даваше изјави да потпишувам за да се огради од одговорност и уште ми велеше како јас психички не сум спремна за третманот и да пробам да разговарам со психолог,истото им го зборела и на други незадоволни пациенти.Според неа сите што идат кај неа не се психички спремни за нејзините третмани.Наместо да се преиспита колку животи има уништено она живее во илизија дека е “најдобра” и уште се заканува.Не му посакувам никому да падне во рацете на Елена од ДентаЕС.
Никако не одете кај Елена од Дента Ес!!! Таква гнаса од човек ретко се раѓа. Наместо професионален пристап, жената цело време се обидуваше да ме манипулира и да ми докаже дека се што прави е за мое добро, а во реалноста само се обидуваше да си ги прикрие грешките. Уште не можам да поверувам дека таа жена има работна лиценца и клиника која уште работи. Ужас!! Доколку сакате да си го зачувате менталното и физичкото здравје, одбегнувајте ја оваа клиника и Елена по секоја цена!!!
И јас го имам истото прашање.Лично имам исконтактирано со еден куп оштетени од таа клиника,со многу пострашни проблеми од моите,но од некоја непозната причина многу мал дел имаат објавено и јавно.Луѓето како да се плашат да споделат лично искуство,а и со право до негде.Прва работа кога отидов кај Елена ми даде изјава да потпишам за да се огради од одговорност,а верувам тоа го прави и со други пациенти.По објавување на мојот ревју на мапс трпев психички притисок и разни обвинувања од страна на нивниот адвокат за да го избришам ревјуто само затоа што нив не им се допаѓа напишаното,така не се гради углед.Наместо да превземат одговорност тие се служат со закани и заплашување.Да пишуваа сите можда и ќе се подигнеше свеста кај народот за каква клиника се работи.Јас лично чувствував морална одговорност да го споделам моето искуство и да предупредам други луѓе за потенцијалните ризици,сметам дека е важно да се зборува за вакви теми и да си споделуваме искуства затоа што пред се се работи за здравје.Да ми кажеше некој дека еден ортодонтски процес може толку да ме уништи психички и физички никогаш немаше да верувам.Мене после тој неуспешен третман цела фаца ми се смени,устата ми стана асиметрична,се осеќав унаказено,да не зборам колку ми влијаеше се тоа на самодоверба и на социјален живот…Затоа сакам да алармирам и да предупредам други да бираат добро каде ставаат фиксни протези оти забите ја држат цела структура на лицето и несоодветен третман се рефлектира на цело лице.Налет парите,стресот преживеан таму и времето изгубено никој неможе да ми го врати.Штета мапс е ограничен со зборови па неможам надолго да раскажам се што преживеав таму,а последиците после тој третман ги трпам и ден денес.Сите што сме отишле таму сме биле со идеа дека одиме кај “најдобрите”,но наместо тоа сме завршиле со еден куп дополнителни проблеми.Јас навистина не би сакала никој да поминува низ истото и се надевам дека моето искуство ќе помогне некому.
Јас би ги советувал сите што излегле со болки од таа недоветна и неспосбна таканаречена докторка да си пишат ревју на Гугл Мапс без никаков страв. Јас уште одамна им пишав ревју без никакви последици. И нема зошто би ми се заканувале кога Гугл Мапс е отворен форум и наменет за секој да си напише мислење. Веројатно само се забрануваат навредливи и погрдни зборови.
Се согласувам,споделувањето искуства, било позитивни или негативни е право на секој, особено кога станува збор за јавен интерес. Гугл Мапс е наменета за тоа да им помогне на луѓето да бидат информирани пред да донесат важни одлуки за здравјето.Секој кој имал лошо искуство треба да го раскаже за да заштити други.
Јас последно кога носев платив 100евра,но нема некој ефект кај возрасни искрено.Мобилна е добра кај помали деца,кај возрасни не баш.
Да да, ама за после фиксна е. Повеќе да одржува состојба отколку да има некое дејство. Скоро нешто било тоа или поодамна? Наоѓав по групи дека било околу 6000 денари, ама не знам дали некој скоро земал, веројатно е и повеќе сега.
Одамна беше моето,не сум сигурна дали се уште истите цени.Најубаво да се јавиш да прашаш во некоја клиника.Штом ти е за после фиксна најдобро е да се консултираш со ортодонтот што ти ја водел терапијата.