Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Silent Observer

    Silent Observer Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2025
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Секако дека да.Бев принудена овде да го прекинам третманот и да побарам доктор кој знае што прави со моите заби,оти у ДентаЕС се вршат ескперименти на пациенти и се праксаат тотални аматери без никаква лиценца,а ни “специјалистите” не се специјалисти таму.
     
  2. Zaki1998

    Zaki1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Koj doktor ti go sredi problemot , i na mene mi treba dobar ortodont
     
  3. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со Dentamed Luxury или dentalign?
     
  4. weky

    weky Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Какво искуство имате за фиксни протези кај Танатарец во Битола и колку е цената за една протеза?
     
  5. redwine77

    redwine77 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    дали имате да препорачате некој ортодонт стручен и КОРЕКТЕН за проблеми со вилицата/зглобови/лигаменти.. Јас сакам визуелно да си ги средам забите со протези (не е нешто страшно но сепак), а имав проблем со вилицата, пред околу 12 години кога ми земаа отисок за мобилна протеза ми се исчаши вилицата и не можев да си ја затворам устата, па ме однесоа на максилофацијална хирургија каде ми ја средија. Докторот таму не беше баш "најфин" ама ми кажа дека треба да внимавам и ако се случи пак "ќе требало да ми ставаат штрафови". Од тогаш освен лимитирано отварање на устата немам некој проблем со тоа, но си внимавам, не гризам со којзнае колкаво отворање на устата, и на забар кога одам внимаваме и не отварам многу.. Така да немам некој голем проблем со тоа, еднаш една докторка ми имаше кажано дека ако не носам фиксни протези можно е да имам некоја главоболка понатаму во животот, но за сега немам некој таков изразен случај, освен што ако многу се смеам или зборувам знае да ме заболи малку кај вилицата. Забарката кај која одам ми ја препорача др. Елена од дента ес како стручна за проблеми со вилица и слично, но јас читам толку лоши нешта за неа што не би се осмелила да одам таму. Сакам да си го средам загризот и некои заби што се погоре од други да се спуштат, но ми е страв да не си направам проблем што досега сум го немала. А од друга страна си мислам, ако не преземам нешто да не имам проблеми понатака.. Дали некој има добро искуство со ваков ортодонт во Македонија или во соседните држави?
     
  6. Mari7

    Mari7 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2025
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    169
    Здраво,имав и јас проблем и болки со вилицата и јас по препорака и без да ги прочитам сите искуства отидов кај Елена во Дентаес и тоа ми беше една од најголемите грешки во живот.Немој да те излаже ѓавол да стапнеш таму,веќе го имам пишано моето искуство таму.Влегов со еден симтом излегов со десет.Елена врска нема од работата и воопшто не ја интересира да ти помогне она си гледа пари колку може да извлече.Ќе ти нуди и сплинтови и фиксни без разлика на тоа дали имаш потреба од тоа или не,мене ми предвидуваше проблеми што не постојат и што демек можело да се појават у иднина ко демек животот мене ми зависи од нејзините протези и дека мора што побргу да ставам,бог да чува.Не знам која забарка ти ја препорачала но и по други ординации се познати Дентаес по неуспешни случаи,сите им е добро позната “работата на Елена”.
    Би те советувала да одиш на државна,мене др.Бајрактарова ми остави многу добар впечаток,а од приватните можам да го препорачам др.Илиев,и секако земи повеќе мислење од различни ортотонти пред да се одлучиш за фиксна.Реално повеќето доктори кај нас те гледаат како бизнис и само парите ги интересираат,особено приватните клиники,така да разгледај добро пред да се одлучиш за каков било третман.Поздрав и се надевам ќе најдеш добар и соодветен доктор за твојот случај.