Јас носев фиксна протеза и поради тоа морав да ги извадам двете шески...Кога ја ставив 1 до 2 недели неможев да јадам ништо тврдо и постојано бев со јогурти и попари за да неморам многу да џвакам, но потоа се си беше супер. Забарката ми кажа дека 1 година сигурно ќе ја носам, а за понатака зависи од забите...Така и испадна, ја носев 1 година и 2-3 месеци, ми ја извадија бидејќи забите ми се наместија и ми дадоа мобилна само за ноќе која еве ја носам 1 година веќе (прво секоја вечер, а сега секоја втора).... Одам редовно на контроли, сега засега забите ми се супер и воопшто не се изместени, а за понатака, ќе ви пишам понатака хахах
јас носам протези скоро 2 години, првите 2 недели ме болеа забите, но подоцна не, само кога ќе ми ги затегни протезите. на почетокот ми беше чудно и во зборувањето ми пречеа но многу се ефикасни мене требаше да ми извадат два здрави заби но со протезите тоа не беше потребно за 5 дена треба да ги извадам и незнам како ке се чувствувам без нив бидејќи се навикнав
Јас треба да ставам фиксна на горната вилица сакав да ве прашам дали се земаат мерки или веднаш кога ке отидеш ќе почнат да ги местат
Се зимаат мерки, ќе ти стави еден калап со нешто розево док не се исуши тоа и за неколку дена ќе идеш да ти ги наместат, мене ми земаа калапи али ја избегав, не отидов
Немора да е тоа розево калапот хехехе Инаку и јас имам фиксни, ама малку закаснив со вадењето, не одев редовно на контроли. Си каснев со месеци
Прво ти земаат мерка, па те викаат за недела-две и ти ги местат, зeмањето мерка трае 15-тина минути, после тоа местењето може половина час најмалку до час некаде
Значи само кај мене беше поинаку...Мене никаква мерка не ми земаја, туку на лице место ми ги ставаше и прв пат слушам дека за фиксна протеза се зема мерка!
Се зема мерка за да докторката гледа како ти напредуваат забите, да ги споредува, она нема 1 пациент па да знае се точно како ти било, и на почеток и на крај мене ми земаа мерка, а инаку за поставувањето на самата фиксна нема никаква улога мерката, и онака ти ги лепат на забите и ти ги поврзуваат со жица нема бегање... П.С. јас носев година ипол, ама затоа сега забите ми се ммммм А сега носам ретејнери одпозади, ми дадоа и мобилни ама не ги носам баш, па доволни се ретејнериве....
1.Многу ми е неоправдано да извадат здрав заб. 2.Девојките со протези се навистина многу слатки , а и во моиве очи се исто така многу “големи“ затоа што се грижат за себе. 3. Познавам една девојка која носеше 1,5 год. фиксна протеза и 3 месеци одкако ја извади забите и се вратија во првобитната положба Сакам да кажам - бирајте каде одите, а и одете редовно на контроли ! п.с. дали за да се стави мобилна протеза треба да се чека да израснат сите заби на детето?
^ За мобилна мислам дека не е потребно да се извадени сите заби. Може да се стави и кога има останато и некој млечен заб.. А за фиксна мора да се сите извадени. А инаку, некогаш е потребно да се извади траен заб, па макар бил и здрав за да се ослободи место на вилицата за да другите заби правилно се развијат и убаво се исправат. Мене мислам дека ќе треба да ми вадат еден траен заб ама ќе видиме.
Пред да дадеш зелено светло да ти го извадат забот, советувај се и со друг стоматолог. Барем јас така би направила.
Моите заби се правилни и на прв поглед нема потреба од протеза, ама имам проблем со тројката (малку е искривена) Вреди ли да се носи протеза за еден заб и има ли некоја алтернатива освен протеза Само не ми викајте да не се секирам ако не е забележливо оти мене ми пречи
Ако не сакаш да носеш трајна протеза, пробај со мобилна ќе ја носиш кога ќе си дома, а кога ќе излегуваш ќе ја тргнеш. А друго решение освен протеза мислам дека нема, ако грешам исправете ме.
Јас имам фиксна протеза од фебруари, првите 2 недели забите ме болеа и јадев само течна храна. И ги одбројував деновите кога ќе ми ја ставаат протезата, затоа што бев ослободена од училиште, а и можев да јадам сладолед . Сега протезата не ни приметувам дека е овде, затоа што се навикнав на неа
Мене ме болеа само првите два дена, не чувствуваш веднаш кога ќе ги наместат, туку после неколку часа почнува болката,ќе треба да пиеш аналгин или парацетамол, мене докторката така ми рече и нема да можеш да јадеш тврда храна а во врска со чекањето, можно е и да нема потреба, јас чекав една недела, некој чека и по две, повеќето што ги знам, а другарка ми пак ја викнаа другиот ден откако и зедоа мерка, зависи, се е до докторот, затоа подобро распрашај се кај некои што веќе оделе таму ти каде што планираш да одиш Па не знам за кај тебе, мене а и на сите што ги знам а што носеа протези ни земаа мерки баш за да може докторката или докторот, зависи каде одиш, да има увид во состојбата и во напредокот
Пред да ми ја стави протезата, ми ги слика забите во нивната првобитна положба, па сега пред една недела ја имав првата контрола и истата постапка ја направи со тоа што навистина има огрома промена во рокот од 2месеци...Е, сега она што е поверојатно е дека секој доктор си има свој начин на работа!
Јас носам фиксни протези...и не се баш пријатни..ама полека се навикнувам..постојано ми паѓаат бригети и се нервирааам
Јас мислам дека вреди да се носи фиксна протеза макар и за еден заб...а мобилните протези воопшто не помагаат..барем мене..носев 2 мобилни и изгубено време се..сега носам фиксна