Во моментот кога ја местат протезата малку болат прстените што ги ставаат на шестките.. Другото воопшто нема да го почувствуваш. Не се секирај не е ништо страшно
Јас мислев дека кога ќе ми ја ставаат протезата многу ќе ме боли, кога седнав целата се тресев, ама испадна дека воопшто не боли...седнуваш, ти става специјален лепак на кој ти ги лепи желевцата и потоа си бираш гумички и ти ги стават жиците...болка ќе имаш подоцна која ќе трае околу недела дена... Каде и да отидеш ќе ти кажат да извадиш заб доколу тоа е потребно за да се направи простор за останатите заби...јас на пример морав да ги извадам горните шески затоа што забите ми беа еден врз друг... И јас мислам дека е подобро фиксна, имам другарка која веќе трета година носи мобилна бидејќи има еден заб кој е погоре од другите и досега нема некоја голема промена...
Дали некој знае за ВНАТРЕШНИ фиксни протези? Здраво девојки, сакам да носам фиксна протеза но внатрешна. Имам слушнато дека таква постои. Дали некој ќе ми каже дали има носено какви ефекти има итн. Исто така имам слушнато дека постојат и фиксни надворешни протези кои се бели и не се познаваат, но во секој случај сум решена за внатрешни. Па ќе ве молам по конкретно за нив. Фаала однапред!
За внатрешни јас колку што сум запознаена нема ,внатрешно ти ставаат откако ке ти ги извадат фиксните за да не ти се искриват забите повторно инаку јас носам порцелански протези ,има и бели ноја се одлучив за стаклени бидејки белите сепак треба да ти се совпаднат со бојата на твоите заби а стаклените (транспарентни) како моите се прилагодуваат на секоја нианса на забите јас ги платив 1400 еу. Со срека што што и да одлучиш п.с. не болат воопшто ни ставањето а понатаму може малку кога се разместуваат забите но не е нешто страшно, тврдо можеш да јадеш но несмееш да гризаш(пр.јаболко)
Не е ништо страшно, едноставно ти вадат се што имаш ставено (гумички, жици...) и ти даваат мобилна да носиш... воопшто не боли...
Постојат такви протези. Тоа за што Ливерт збори е само рамна жица залепена директно на забите која ги држи забите на место. Но еве погледни на сликата како всушност изгледаат внатрешните протези. Само не секој ортодонист знае да ги намести и одржува така да повеќето не ги даваат како опција. Плус и да најдеш некој да ти ги стави има јазикот парчиња да ти го направат додека ти се навикне устата на нив и на жицата. Белите протези се бели и не се познаваат самите бракетки. Но жицата не е бела и се гледа помалку или повеќе во зависност од тоа колку е дебела. Ластичињата ќе бидат бели додека не се најадеш ајвар, или било што со црвен пипер и станат жолти па пак се гледаат. Се вапцуваат постепено од секаква храна не само наеднаш од црвен пипер на пример. Јас носив бели, но за време на носењето се покајав дека земав бели, ги платив дупло од металните и пак носев ластичиња во темна боја за да не ми се вапцаат бргу од јадење.
Не знам за Скопје, јас моите ги ставав во странство. Може да прашаш од девојчиња што носат фиксни а се од Скопје да ти дадат детали каде тие одат па да се јавиш директно во ординациите и да прашаш кој што нуди.
Како мала забите ми беа катастрофа Уште во трето одделение ми ставија мобилна протеза и ја носев 3-4 години ( до седмо мислам дека беше). На почеток ми беше чудно, ама после се навикнав, и при крајот ме нервираа да ги носам. Заболекарката ми велеше носи ги уште малку, ама како не , јас не си ја послушав И сега забите ми се супер. П.С. Арно што не ја послушав , џабе ќе беше, само нерви ќе губев и пак ќе ми беа прави забите и со носење и без носење на мобилната протеза
Здраво на сите! Јас сум нова на форумов и сакам да се надоврзам на темава за протези...т.е сакав да ве прашам за совет...значи вака-имам 20години и сакам да си ставам протези ама некако ми е непријатно и глупаво на овие години, ми се чини откако ќе ги стaвам, сите ќе ме гледаат поинаку..а многу сакам да си имам прави забии, знам дека има од тие силиконските заби ама викаат биле многу скапи S
Јас би те советувала да ставиш протези... Дури мислам и дека си закаснила, што порано ги ставиш толку поголем ефект имаат. Оди на заболекар, консултирај се, ама јас мислам дека фиксните протези не изгледаат толку лошо, барем според мене, а и нема да ги носиш којзнае колку време, кривите заби изгледаат многу полошо!
Јас носев пред 5-6 години фиксна протеза и кога ја извадив забите ми беа преубави. Ама сега некако како пак да ми се искривиле малку
Некој да не знае каде и дали ставаат протези фиксни од внатрешна страна на забите, никако да не се гледаат? И нешто подетално, околу цена, квалитет ако е познато!
па незнам за внатрешни ама има порцелански фиксни протези па ептен малку се приметуваат сеа ептен ако отвориш уста инаку не бидејќи се исто како и забите аа за цена точно нез
Сакам да прашам...? ^^Порцеланските се негде околу 1000 евра. Така ми кажаа. И јас бев заинтересирана за нив па се распрашував и само тоа дознав
За внатрешна протеза не сум слушнала досега ама јас кога ја извадив мојата после тоа ми ставија лак (така мислам дека се викаше телчето) значи од внатрешната страна на забите.