1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Јас носев фиксна протеза и има многу добар и видлив резултат.Пред тоа три мобилни сменив и никакво фајде.Докторката моја рече дека 90посто од мобилните завршуваат со фиксна.А и факт е дека ретко кој во денешно време е до толку одговорен цел ден да носи мобилна протеза.Јас ви препорачувам ако гледате дека не оди со мобилна или мислите дека нема да ви помогне не ставајте мобилна зошто џабе ги трошите парите,подобро дајте ги за фиксна барем ке знаете дека не се за џабе и го губите времето те. за тоа време со фиксна веќе ке ви бидат одлични.
     
  2. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    Јас моментално носам мобилна протеза на долната вилица, за некој месец и мене ке ми стават фиксна :$
     
  3. Buterfly-girl

    Buterfly-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Јас носев фиксна протеза околу година ипол... не е воопшто гнасно. јас мислев дека ќе ми се смеат или сл. ама ако тргнеш од фактот дека сето тоа го правиш за себе и за еден ден да имаш убави прави заби, тогаш гајле немаш... мене ми ја извадија пред една недела, ама сега се мислам дали да си направам мобилна и да ја носам чат-пат за да не ми се искриват пак... имам слушнато дека на многу му се враќаат како што му биле... ако знае некој за ова, нека каже совет... иии охрабрување до сите што имаат потреба и се мислат дали да стават. позз
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.144
    Има веќе 5/6 месеци од кога ја имам истаено и не појдов да си ја земам протезата. Мислите дека ќе ми ја даде сега?
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    А бе нема што да се мислиш дали да носиш или не :D Сите што ги знам носеле мобилни откако ги извадиле фиксните .. Јас 3 години скоро ги носам фиксниве а после мобилни ќе носам . Би требало да носиш , не ти рекоа таму кај што одеше на контрола ? :?:
     
  6. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Воопшто не е страшно да се носат фиксни протези. Да на почетокот малку ќе се чувствуваш чудно и после секоја контрола ќе те болат забите затоа што ќе ти ги затегнуваат жиците ама болката поминува за ден-два. Јас носев фиксна околу година - година ипол, а после носев мобилни околу 2-3 години затоа што требале да се носат дупло повеќе од времето за кое што се носела фиксната, за да не се вратат забите во првобитната состојба. Воопшто не жалам ни за парите, ни за ништо, затоа што сега верувајте на зборот имам холивудска насмевка :D
    Веќе си се пофалив и во категоријата насмевки :$ :lol:
    Така да за сите кои се двоумат воопшто не се мислете, одма ставајте протеза, само нормално кај добар и проверен стоматолог, верувајте воопшто нема да зажалите :)
     
  7. loveu

    loveu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    M.a.r.i.l.y.n а колку години имаш ? јас имам 20 и се мислам уште дали да ставам некако ми е глупаво да носам на овие години протези ?? а иначе многу сакам да имам прави заби и сеа се мислам дали да ставам, од тие металните зошто силиконските ми се скапи :(
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Абе дечки, можно е јас по втор пат да ја усреќам мојата вилица со желевце уопште не ми е срам што имам 20 години, јбг коа првиот пат ја утнав докторката па џабе беа и парите и година дена носење фиксна! Него имам две прашања:
    1. Колку се силиконските?
    2. Сметаат ли при лапање, кога ја носев првата мала бев уште не го знаев тој спорт :wasntme: :lol:
     
  9. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    јас ке ја вадам за еден месец happy сум :D :D :D :D
     
  10. Buterfly-girl

    Buterfly-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    ми рекоа дека има разни ситуации, а во мојот случај не требало. може да ми дадат такво едно проѕирно, има некој носено такво, да ми каже дали вреди ?
     
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    1.Не знам
    2. Не сметаат воопшто :lol:
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  12. steffann

    steffann Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Абе и јас треба во понеделник да ставам Фиксни..Иначе иам 12години и ми е страв дали боли :worried: .А тоа дека треба да ставиш фиксна над 16години нема врска..Мојот брат стави на 14 и ги носеше 1година и сега забите му се супер...Истиот случај со мојата Братучетка стави на 9 години па ништо заби како бисери :) ...Па кажете да се мислам да ставам или не ?
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Ако веќе те прегледал стоматолог, ти зел мерка и сите тие процедури значи дека тој проценил дека може да ги ставиш.
    Иначе за болење, боли дури да се навикнеш... јас едно 2 недели само на супа и попара бев...
    Годините немаат никаква врска, во прашање е текот на растење на забите ;)

    Силиконските се 200 евра поскапи (другарка ми има силиконски и таа ми кажуваше)

    А при лапање воопшто не сметаат ;) :lol:
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Епа ќе видиш дека немало врска... Коа ќе почнат 8мици да ти растат па ќе се чудиш од кај одеднаш сите заби ти се еден преку друг. И јас ставив на 12 првиот пат и се се мислам имав ли 7мици тогаш или и они накнадно ми пораснаа :^) Кога растат 7мици? Како и да е еве сега ми растат 8мици па ги вадам со операции, а забите ми се покриви него било кога. Така да убаво да си прашаш дали имаш доволно место за сите заби и кои се шансите кога ќе дојде време за 8мици забите да си се вратат како што биле или бетер (како кај мене). За да не испаднеш после на 20 год да треба пак да носиш протези по ВТОР пат! Инаку сакам исто да прашам ми кажаа можно е и мобилна да си носам, ама онака цело време да си ја носам додека сум дома, за да не ставам фиксна, ама ако добро прочитав овде мобилна е 100 евра после 16 год? :?:
     
    На Tanja Uzunova му/ѝ се допаѓа ова.
  15. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    носам протеза по 2ри пат и мачно е...
    понекат ми иде да зеам да ги откорнам од нервоза..
    ги носам веке 2 год и ке ги вадам пред нова година фала богууу
    боле сеа да носам одколку на 20 30 години ја така мислам...
    се трпи и се навикнав ..
     
  16. Janistika

    Janistika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас носев 2 години и прво не сакав, зошто мислев ќе ме исмејуваат ама баш никој ништо не ми рече за нив и сега ми се топ забите :)
     
  17. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Имам криви забииии |( |( :@
    Како помала носев мобилни протези, ама мн малце и ја оставив. Порано неќав ни да чујам да носам, ама одкако видов дека пола и повеќе од девојчињата носат и тоа фиксни, и ја ке ставам. Срам ми беше порано... :$
    Сакам да носам фиксна, ама прво треба да извадам два заба :^) :sweat:
    И сакам да ве прашам, колку време се носат, зошто ја сум 8мо и ако ги ставам сега, неќам на полуматура со железо да идам :x , а башка, предните заби ми се ств криви, дали се како мобилните, т.е. дали имаат и на небцето такво..пластика ли што беше..
    Дали се до крај на вилицата или..?
    фала мн :*
     
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Се носат најмалце година дена, така да ако не сакаш да ја имаш на полуматура не ја ставај сега. А и јас искрено мислам дека си уште мала, имам пишувано јас така се зезнав, буквално за џабе носев протеза кога ни вилицата ми беше доразвиена, ни ми беа забите дораснати. Отиди кај некој ортодонт кој стварно искрено ќе ти каже колкави ќе ти пораснат забите особено умниците, дали ќе има простор за нив, дали ќе ги искриват забите и се по ред. Инаку не се како мобилните, има само два прстена кои ги ставаат на 6ките и/или 7миците а на другите заби има само брикетки, тоа се оние квадратчиња што се лепат на забот.
    [​IMG] овие се метални и се околу 15-18 000 денари
    [​IMG] овие се порцелански или силиконски, поскапи дупло значи околу 30 000, а може и повеќе. Ептен се убави и не се приметливи, само јас имам читано дека од нив поспоро се исправале забите затоа што прават помал притисок. Али ако имаш можности овие се супер, стварно не се приметуваат.
     
  19. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Јас имам едно прашање.
    Една другарка спомна дека ќе ги вадела пред матура и сакам да прашам може да се извадат па после пак да ти ги стават? Или не?
    Или ќе треба пак 400 евра да дадеш? Уште еднаш :D
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.144
    Јас на матура ги носев па немаше никаква фрка. Прво треба да ја ставиш протезата па да ги извадиш забите. Досега не сум чула дека имало на небцето пластика. Девојче, се викаат фиксни затоа што неможат да се иставаат што значи не се мобилни. А дали се до крај на вилицата ќе ти каже докторот.