Јојоба една моја другарка имаше порцелански и од храната , кафето и цигарите и станаа жолтеникави . И викаше подобро обични ќе си ставев еп поевтини ем поефикасни . Лудача нема шанси сега ако ставиш да ти ги извадат до јуни , теоретски шанси нема значи . Јас бев вчера на контрола и уште не се знае кога ќе ми ги извадат . Не дека ми сметаат ама заборавив како изгледам без протези ..
Нема шанси така, не би биле функционални или па чисто за пак да опарат, али како и да е тоа не е изводливо. Инаку Душица, мене многу ме мачат забиве се нервирам. На орална хирургија кај што ги вадам 8миците ми викаат да си ставам фиксни, не ми биле многу криви ќе сум ги носела само година дена, така и претходно ми направија па џабе испадна. Стоматологот ми вика да носам мобилни бидејќи ми била крива само коронката, а не коренот или нешто така не се разбирам, ортодонтот остава на мене. Како и да е прво да ги средам 8миците па може ќе си сменам ортодонт. Инаку силиконскиве, порцелански какви и да се, нема шанси да ги ставам затоа што ми се многу скапи, иако ако е за кафе и цигари тогаш ни пијам толку кафе, ни пушам, е сега од храна ако пожолтуваат... Што знам. Али онака чисто информативно му посочив на девојчето, добри лоши за нив не ни помислувам. Ако ставам пак фиксни ќе ставам метални, обични. Инаку ти мислам кажа дека ги носиш долго, неколку години веќе. Искрено подобро така, него година дена па да биде за џабе. Ако мислиш дека те заебаваат и веќе немаш потреба од нив оди кај друг ортодонт чисто да ти каже мислење.
Јојоба нормално дека нема да знаеш што да правиш . Батали ти ама ми сметаат за јадење , тоа се пари . Јас 3 години веќе ги носам . Знаеш колку пари се , секој месец по 2 контроли и плус ако се мењаат жици , кетени и ако се одлепило нешто . Ама стоматолог да ти каже твое е што ќе правиш ? И ние што немаме појма од такви работи , а тие со факултети . Инаку јас на долната вилица немам 2 заба а горната протеза можам до крајот на годинава да ја извадам ми рекоа . Јас на таа и реков немојте да ми ги вадите зошто јас сакам да видам какви ми се забите па после да ми се искриват пак . А добра ти е идеата да појдам кај некој друг да ми каже мислење . За порцелански ич не би ставала . Протезите не се мода или не сакам тие дај овие . Викаш не биле толку функционални .. а и бааѓи поскапи се . Јас имам кетен проѕирен па пожолтува ми пожолтува до наредната контрола . А зошто си ги извадила ти после 1 година ? Ти рекоа дека е таман или ти си сакала ?
Кога бев помала, носев фиксни и горе и долу.. Кога видам некој друг да носи многу ми изгледа слатко и убаво но кога јас носев тоа беа 2те најпеколни години во мојот живот Се шегувам, не е до толку но капа и симнувам на мајка ми што ме натера да ги носам тогаш. Сега не би можела да се замислам со фиксна а ни па би носела. Срам би ме било а нема причина за тоа, знам. Така да оние кои што треба да ставаат фиксни нека ставаат СЕГА, ОДМА. Верувајте ми нема да се каете Колку подоцна, толку полошо (барем од мојата гледна точка )
Премногу се израдував што ја најдов оваа тема! Ве молам некои совети девојки.... За неколку недели треба да ставам фиксна протеза. Прво воопшто не сакав си викав протеза носат мали деца, ке ми смета, ќе ми се смеат, година ипол треба да ја носам... Некои луѓе ми кажаа дека е можно и после носењето да се вратат забите назад и џабе ќе сум ја ставала..... Ама навистина сакам да си ги средам забите (горните кецови ми се разделени) и тоа ми е комплекс. Боли ли многу? Пречи во говор? .....?
Ivance јас мало дете ли сум И јас мислев ќе ми се смеат ама прво чудна им бев а сега во клас сме 3-4 души со фиксни и се смееме на тоа како после јадење имаме во устата и за вечера Не боли многу , имаш апчиња што решаваат нели а ни во говор не смета воопшто . Ич да не ти е гајле , само помисли дека ќе имаш после убава насмевка и ќе сфатиш дека вреди
Леле се секавам јас кога носев протези беше одамна (не многу де поминаа 5 години) Ги носев 2 години ама до дека да ги ставам... дома мака мачев со мајка ми. И јас иванце5 бев како тебе не сакав воопшто да слушнам за нив, ама мајка ми ме убеди некако. И сега сум и многу благодарна бидејки забите ми се прекрасни па + сите ми велеа дека многу убаво ми стојат Не се секирај ти за болката... Јас кога ги ставив многу ме болеше немозев да јадам цела недела, но сега имам слуснато дека не ставале прстени на последните заби и не болело. и не преци ни во говор ни во ништо. Стави протези и после биди горда на твоите заби позз
Веќе 2 месеци од кога ги носам протезиве, а има подобрување и многу ми се исправени забите навистина добра работа е ова
Носам протези околу пола година,ама само на доле горе е малце покомплициран случајот,треба операција прво па после протези,ама тоа не е толку битно,ќе бидат и тие горе. Мене доле не ми се ни познаваат дека ги носам,кога се смеам и зборувам секогаш видлива ми е горната вилица,додека долнаата не се приметува..Така да,исто ко да не носам протези,ма да мене тие што носат протези ми се баш слатки Забите ми се скоро исправени,многу поисправени од порано и едвај чекам да ги извадам и после тоа да си ја видам насмевката Совет до сите кои се двоумат : Воопшто не му ја мислете,колку години и да имате,имајте насмевка од соништата.Може една година нема да видите бело запче ама,верувајте ми,се испати Насмевката е многу битна,кога ќе ги извадам протезите ќе ми биде главен адут за заведување
Имав пишано во темава кога ги ставив..но еве пак да пишам...После 3 и пол месеци носење забите ми се исправени сите...ама ќе ги носам 1 година секако...само ме чуди како за толку брзо време може да се исправат..а ми беа многу многу криви забите. Сега не осеќам дека ги носам воопшто.
Да не се чудиш зошто се исправаат толку брзо, нормално, кога со јаки сили се делува на цел заб, значи и на коренот - буквално и коската се менува за да се исправат забите. И не важи за фиксниве апарати правилото „колку порано толку подобро“ - гледајте прво да видите дали имате умници, и како ќе растат... да не ви биде за џабе носењето, за наши услови не се баш нешто што секој може да си ги дозволи. А на тој што ви ги става обично не му е гајле дали мама и тато имаат пари или не - важно тој да си наплати, ретко кој ќе ви каже поинаку
Јас за околу 1 месец треба да добијам фиксна протеза. Многу се радувам зошто ќе ми се исправи запчето Само едното е криво ама сепак.......
И потоа уште 50 евра за другата протеза што е како една жица...се става откако ќе ти ја извадат другата за да не ти се вратат пак забите...
Не носам фиксна, носам мобилна И горна и долна. Ги носам веќе 1 година и 2 месеци и забите ми се супер ! Исправени, средени А едната единица толку ми беше напред, што ќе ми полеташе за малку! ПРЕзадоволна сум A за тие што носат фиксни, или треба да носат еден совет.. Немојте да се срамите да се насмевнете пред другите, мене таквата насмевка многу ми се допаѓа и многу ми е слатка Имам една другарка што носи фиксна протеза, сите кога ќе ја видат сакаат и тие да носат Другарка ми оди секој месец на контрола, си ја менува бојата на протезите, каква што сака Значи, навистина е интересна протезата ! И јас да требаше, ќе носев со задоволство
200 eвра? Не е ефтино ова? Јас како што знам се од 350 па варираат до 400. Зарем и таму ќе треба уште 50 евра? Јас си прашав прво за мобилна, дека не сакам фиксна да носам и заболекарот ми рече нема да ми се исправат, демек веќе голема сум била, само фиксна ќе ме спаси. А ако се исправуваат и со мобилна за толку кратко време ем повеќе се исплатува, ем на излегување од дома ќе можам да ја вадам. Едно прашање. Ако одам за фиксна, да чекам умници да ми излегуваат или не?
^ Зависи, ако ти се многу искривени можеби само со фиксна можат да се исправат, ама незнам сигурно да ти кажам... Некако сите се жалат од мобилната, ама не е до протезата, туку до нив Ако не ја носат редовно, неможе да им се исправат забите А за умниците мислам дека немора да чекаш... Прашај на лекар, подетално ќе ти објаснат
За умниците, ќе ти направат панорамска снимка да видат дали воопшто ги имаш, ако ги имаш, како се поставени и како би никнале. Па според тоа се проценува кога ќе се стави фиксен апарат, ако има потреба од него. А со мобилните апарати се помага правилното поставување на забите во текот на растењето, за да нема подоцна потреба од фиксен апарат. Само што никој не е доволно упорен да ги носи, тоа е проблемот кај најголемиот дел од децата.
Мене би требало да ми ја извадат за 2 недели, а ја носам скоро година и 11 месеци. Забите ми се исправени многу т.е. сега ми се скрос прави , а какви ми беа ... Сега само имам страв од брзо искривување повторно но се надевам дека нема да се случи со оглед на тоа што ке носам мобилна после тоа.