Фиксна протеза фиксната протеза е многу ефкасна..се носи околу 1-2 години ја ја стаив прерано во 2-3 одделение и ми ја извадоа во 6 одделение..по фиксната преку ноќта носев мобилна за да не ми се вратат во првобитната положба..
еве јас ке го споделам моето искуство по вадењето на протезара... најпрво да појаснам дека прстените (протезата без жица) јас ги нарекувам штрафови-особено оние на првите заби-незнам зошто но така си ги завикав од кога ми ги ставија па доден денешен така да не се чудите ако го користам овој израз, а лепилото што го користат за да ги постават го нарекувам цименто... кога ја извадов протезата немаше потреба да носам дополнителна мобилна протеза, се си беше во ред и на саканото место, единствен проблем беше мојата глупава навика за која ме зезаа моите другарки. Сега кога ја носите сигурно и вие како мене несвесно но си правите простор помегу предните заби (мислејки на единиците) и устата, всушност самата протеза така и налага.Предните штрафови ти ја поткреваат устата па постојано ви изгледа како да ја перчите по малку-како да имате ставено малку силикон, е сега кога ке ја извадите од чиста навика ке си продолжите да си ја перчите,т.е. некако чудно си ја полнев со воздух спремна за сликање де,...се зезав со другарките дека ако не го работам тоа што го сакам тогаш спремна сум за зечица во плејбој, устата ја држев несвесно исто како нив друг проблем немав но имам совет за вас кога ке ви ја вадат протезата гледајте да ви го извадат добро циментото-лепилото, мене на некои делови не ми го извадиле, а затоа што сум манијак по кафе ми се направија потемни наслаги т.е како потемни флеки на средина на забите, па отидов да ми ги истругаат уште еднаш, ако ви се појави истиот проблем не кревајте паника -да знаете од што е друго јас кога ја извадив протезата сеуште ми немаа пораснато осмиците, иако стоматологот ми нагласи дека само што ке почната да излегуваат да одам да ги извадам за да не ми ги вратат забите како што ми биле пред протезата, јас не го послушав до ден денес сум си со осмици и секој пат кога одам кај истиот стоматолог ми вели да ги извадам и дека сум имала срека што многу не ми ги потиснале забите, т.е само еден заб малку ми закриви двојката лево, но малку ми ја иструга и не се познава, но сепак мој совет е да не ризикувате и да ги вадите.Планирам да ги извадам, но сеуште тоа е само план, стоматологот ми вели дека ке ми биде подобро-ке ми се истакнеле јаболчниците а и немало да има толкав притисок на забите,...прашање е само кога ке се нафатам на операција(зафат) искрено кога ке ви ја извадат протезата нема да сакате да постеувате толку често стоматолог, всушност ке ви биде преку к...од нив. секое поправање на заб или нешто слично што треба да му биде правено на забите, ке викате аман веке , и ке ви биде премногу тешко додека да отидете, а кога ке отидете ке прашате толку ли беше -затоа што ке бидете толку отрпнати и воопшто нема да чуствувате болка при поправање исл. верувајте ке бидете отрпнати на каква и да е болка поврзана со устата
Сакам фиксна протеза ама многу е скапа. Па и ако голтнам такво кругче плус се плаќало.И плус се плаќала контролата. За нас тоа е многу скапо.И плус не сум единствена.
Фала богу не сум носела и нема ни да носам имам многу прави заби но многу мои школски имаат портези и не ми изгледаат толку лошо дури и симпатично кога ке си избереш во боја сега една моја другарка си избера во сите бои и многу грозно изгледа но една има туркизни дури и завидувам стварно и одговараат
250 евра е само протезата, додека со конторли испаѓа некаде околу 500 евра. Морам да се пофалам дека за неполни два месеци имаше веќе резултати кои беа видливи. Имам проблем околу храната, бидејќи се ми се 'заглавува' меѓу жиците. Повеќе храна имам на нив, отколку во стомак и башка не можам убаво да ги исчеткам забите. (Мислам помеѓу жиците и тие правоаголниците).
''250 евра е само протезата, додека со конторли испаѓа некаде околу 500 евра. Морам да се пофалам дека за неполни два месеци имаше веќе резултати кои беа видливи. Имам проблем околу храната, бидејќи се ми се 'заглавува' меѓу жиците. Повеќе храна имам на нив, отколку во стомак и башка не можам убаво да ги исчеткам забите. (Мислам помеѓу жиците и тие правоаголниците)'' Anni за проблемот што го имаш со чистењето на хранителните остатоци, многу лесно мoжеш да го решиш.ке си купиш специални четки за брекети,тие се тенки личат мноху на четката за маскара, и нема да имаш проблем,необходна е да ја одржуваш хигиената во устата на ниво,за да не се појават проблеми после вадењето на протезите. и јас самата носев брекети но по тоа време беа мн евтини во споредба со сегашните цени 180 евро на протеза.кај мене имаше резултат можам да кажам уште во првата недела.кај мене се јавија проблеими со чувствителноста на забите после вадењето на мали дрзби на студено и топло дури сеуште постојат.тоа е заради средството со кое се лепат за забите. би ве советувала сите кои имате проблеми со естетиката на забните редици,во дилемата меѓу коронки и протези,да не се двоумите,фиксните протези се подобро решение,но под услов како што кажав да ја оддржувате оралната хигиена на високо ниво, кое подразбира миење на забите после секе хранење притоа со специалните четки
Јас мн ги сакам. Преубаво ми стојат. Носам горе и доле. На почеток незнаев како ќе се чувствувам, ме болеа и не јади ова не јади она. А сега не ги ни осеќам дека ги носам. Исто и јас немам ниедна контрола платено. ЛОЛ
Мислам дека имам коментирано но ајде пак кје коментирам. Да, имам. Во последно време многу ги засакав. А сеа крајот на овој месец ми ги ваѓат(ама не сум баш сигурна). Имам само горе зш ми беа напреди. Сеги ми се споени и убаво ми стојат според мене. Малку се скапи, кај мојот ортодонт беа 300 евра. Кај мене се плака секоја конторла по 300 денари. Епа скапо е. Прците 3 месеци ми сметеа многу и болеше малку, многу ме стегаа. А сега не ги ни осекам. Овој месец ми ставија една лента (повеќе пати ми ја имат ставено) многу боли едвај јадам. Уште 1 месец и ќе направам 1 година од кога ги носам. Но ако сакаш прави заби треба да издржиш секаков бол.
Јас следната недела ми закажаа ке ставам фиксна.ми рекоа ке ја нисам 2 години и после треба да носам и апаратче навечер за да не ми се вратат како што ми се ај ке издржам некако
Еве и јас да го споделам моето искуство после вадењето на протезата. Значи кога ми ја тргнаа протезата,ги тргнаа сите работи(незнам како се викаа) ми ги исчистија забите од лепак,и конечно кога ми дадоа огледало да се видам неможев да си ги препознаам забите ејј која среќа после скоро две години (и да требаше да извадам здрав заб за да можат сите заби да ми дојдат на место што ептен ми беше заникаде ) и така уште пред да ми ја стават протезата ми рекоа дека умниците односно 8ците треба да ги извадам зошто ќе ми прават проблеми,ми рекоа со операција ама јас не обрнав многу внимание и си реков како ќе растат така еден по еден ќе ги вадам,еден извадив другите не се пораснале уште,ама ако не се извадат се осеќа притисок на забите,пак вилицата почнува да се стеснува и верувајте дека после долго време на носење на протеза не сакате да добиете таков ефект,затоа ако ви речат дека треба да ги вадите 8ците извадете ги на време,во врска со мобилната протеза,ми дадоа и ми рекоа дека првата година да ја носам кога ќе можам задолжително,а втората година после вадењето само преку ноќ,јас ја носев само една година само преку ноќ и ништо не им фали на моите заби Се извинувам за долгиот пост
и јас си ставив во понеделникот . многу ме болеа и ми сметаа, коа ке се окезев неможев да си ги вратам забите назат во уста но со време веќе се навикнувам и вопшто не ми сметаат и плус убаво ми стојат сега само малце ме болат само кога јадам но се трпи зашто е ептен мала болка сепак со тек на време вопшто нема да ме боли.за 2 месеци отприлика треба и доле да ставам
Јас треба да носам фиксна протеза, но воопшто не сакам, мислам дека нема да можам да јадам, да зборам, да се смеам, али сеа уште некое време морам да си ставам...
Не се секирај нема да можеш само првата недела и послем контрола.Замисли колку убави ќе ти бидат забите коа ке ја извадиш
Нема врска тоа. Без проблем можеш да ги поправаш забите. Но обично пред да се стави протезата треба да се средат забите, и така мала ќе биде веројатноста дека за време на носењето некој заб ќе ти се расипе.
јас многу долго носев фиксни протези пред многу години и тогаш морам да кажам дека беа многу поскапи него денес што се .. горната и долната вилица сигурно негде ме коштаа околу 1000 евра сосе контролите бидејки на секоја контрола нели ми мењаа гумички и желевца и сето тоа ми го наплакаа дополнително.Искрено презадоволна сум иако се трпат многу големи болку поготово после контрола кога ти ги стегаат недела дена воздух не ти проага низ уста а не па храна али тоа е тоа због лепота ке си трпиш Како и да е како што кажав болката се исплатеше пошо коа ми ги извадија забите ми беа наредени ко војничиња во ред и изгледаа преубаво.Носев гумички во најразни бои знам забараката ми ги нарачуваше специјално од америка пошо тогаш не беа толку распространети како сега и воопшто ама баш воопшто не ми бесе срам од протезите баш напрпотив бидејки бев мегу првите што ставија на сите во школо им беа некако интересни и ми бараа постојано да им ги покажувам E сега од кога ми ја извадија долната (таа прва ми ја извадија) требаше да носам нели мобилна протеза за да не ми се искриват пак ама ја некако не ја поднесував и неја носев и за зал некои од нив пак ми се подискривија :'( jес да не се криви како порано сто ми беа пред да ми ја стават протезата ама не се ни скроз прави како сто ми беа коа ми ја извадија Горната протеза бидејки ја носев подолго т.е ја ставив покасно од долната забарката поучена од предходното искуство дека не ги носам мобилните протези место да ми ја извади на време ми ја остави без да ми ја стега уште 6 месеци плус да ја носам наместо мобилна и мозам да казам дека тоа е многу подобар и посигурен избор наместо да се тегнес со мобилната дали си ја ствил или не си ја ставил па те мрзи да ја носис и сл.Горните запчиња ми се сите на ред.Мој совет ви е на забарките или забаарите сеедно коа ке ви дојде време да ги вадите и да носите мобилни протези да им казете да ви ја остват фиксната усте некој месец наместо да се мачите со мобилните. И најбитно од се до сите кои треба да носите протеза НЕМА НИШТО СРАМ И СТРАШНО ВО ТОА !!! сега можеби ви е срам како ке изгледате и дека ке ви се смеат другарчињата и сл. ама кога ке ја извадите протезата и ке си ги видите совршените заби ке се чудите самите на себе како сте можеле да помислите такви нешто и да се срамите
Јас имам разделени заби напред, и искрено ми е срам да отидам на забар и да кажам дека сакам протеза зашто мислам дека не можат да ми помогнат тие протези :\ мноогу ми треба охрабрување :\
Па ако не ти помогне фиксна што ќе ти помогне? Не мора ти да им кажеш, отиди на преглед и ако ти треба они таму ќе ти кажат, не се секирај и нема зашто да се срамиш.
Ќе ти помогне, јас имам другарка која го имаше истиов проблем, носеше фиксна протеза и сега забите и се супер. Ти само отиди на забар договориси се како што и ич да не му ја мислиш за понатаму. Би требало да ја носиш околу година ипол се зависи од тоа колку брзо ќе се местат забите