1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    И јас носам фиксна протеза и горе и доле и уште неколку месеци ќе ја ваѓам :clap: На почетокот многу ми беше срам особено кога ќе се насмееш и сите те прашуваат Ееј си ставила протези? Когај?Зошто? па уште ај зини да видам :^) Ама се навикнав и сеа чудно ќе ми биде кога ќе ја извадам :) По ваѓањето ќе морам да носам и мобилна ама ај..нема крај со забиве .. :D :D
     
  2. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Самр ич не се секирај . Мене прво ми кажаа дека само горе ќе требало мобилна да носам и отидов во државна и кога ми кажаа дека и горе и доле треба фиксни мислам во вис кренав се :tmi: Ја намолив таа после Нова година да ставам и така се договоривме . Еве со горната уште малку 2 години ќе си правиме :rofl: :rofl: Заборавив како изгледам без фиксни и каков е животот без нив. Сакам да ги извадам само да се видам без нив инаку не ми сметаат воопшто . Малку ме плаши што ќе треба на долната вилица мост да ставам ама ќе гледам да го избегнам тоа , ако некако може . :)
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Јас носев фиксна протеза само горе. Во почетокот првата недела забите ужасно ме болеа не можев да издржам а потоа се навикнав и воопшто како да не носев. Ја тргнав после 2 ипол години и сега забите и насмевката си ги обожавам. :)
     
  4. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    И јас имам носено фиксна протеза како помала,ама баш ми беше мерак особено кога ми ги менуваа гумичките во разни бои :D
    На почеток ќе те боли и ќе јадеш само каши ама потоа ќе се навикнеш.
    Ја носев 2 години и забите уште ми се како на почеток :talk: :D
     
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Kaко мислиш како на почеток? ти се искривија пак? :^)
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    13.414
    Jaс носам мобилни, веќе пет месеци и горе и доле. Веќе почнува да ми се забележува исправување, ама како да не ми е во ред нешто. :?: Ме боли само кога ќе ги извадам протезите.
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Мене предните заби шо ми се гледаат ми се така така, не ми се нешто криви, долните ми се топ, ама горниве..што не се гледаат кога збориш, мене срам ми е да се насмеам, како мала неќев да ги вадам забите, и срам ми е да го кажам ова :$ .. почнаа да ми растат трајни заби врз тие млечните а тие воопшто не се клатеа, незнам зашо :^) и некои почнаа да ми се ронат, леле катастрофаа :@ и сеа сите заби ми се нагоре пораснати ептен а еден ми е ептен назад, више шо да кажам, се мора да се иде на забар за протеза и ја се согласувам, ама све викам ај уше нова година ај уше ова ај уше она, бар за полуматура викам, а може да стаиш мобилни тие што се вадат, ама да не ги вадиш, само за некоја посебна прилика, ке ти се исправат , пошо некаам фиксна :worried: и на полуматура со железа и со каменчињанаа..нее :'(
     
  8. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Абе девојче уште си мала рано ти е уште за фиксна,можеби ако ја ставиш уште сега нема да има ефект ќе ти се вратат забите,можеби ќе ти дадат мобилна додека да ги смениш сите заби,не се секирај имаш време и јас го имав сличниот проблем.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    а како може уопште да се стаи протеза кога не се сменети сите заби :^) а иначе мене сменети ми се туку викам коа бев мала не ги вадев и почнаа така да ми растат и сеа коа ги извадив тие шо беа помалку пораснати ми се вратија малку од малку на место ама тие шо ми се поголеми ептен ми се горе и тапа е остај..
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Може да носиш мобилно апаратче и ако не ти се сменети сите заби. Мобилните апаратчиња се доста ефикасни во таа ситуација, особено ако си упорна во нивното носење. И со тоа што ја имаш протезата во уста, забите што излегуваат се насочуваат на своето место и полесно се исправа забната низа во тој период. Кога се веќе израснати сите заби, тогаш е потешко, затоа и се користат фиксните апарати.
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Иако си имам јас голем уплав од забари ( затоа и сеа така ми треба :D ) ке морам да идам, сепак.
     
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Сполајд Бејби, грешка си, што порано, толку подобро е да се носат протезите. Сега, да мора сите заби да бидат сменети. Ама подобро е да се носи протезата кога забите сеуште се оформуваат и ќе си добијат правилна форма, вака бетер ќе е, затоа што забите ќе бидат оформени и потешко ќе биде разместувањето, etc.
    Блупарадајз, прво ќе ти ги извадат тие млечните заби, дали со операција, дали обично не знам, ама ќе ти бидат извадени. И ќе ти стават фиксно апаратче, затоа што со мобилните апарати, па и нема некој голем резултат. Сепак подобро е директно да одиш на фиксна, освен ако нема некоја потреба, отколку да се мачиш некое време со мобилна протеза. И не е ништо страшно, и не е железо тоа, него метал.
    За полуматура, па што. Нели сакаш да имаш убави заби после тоа цел живот?
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Да, кој не сака? не ми е баш мерак на полуматура да носам, ама ајде. како што викаат трпи бабо за убавина :) а и кога не сум слушала, така ми е сега. а братучетка ми мислам никогаш не носеше мобилна протеза, одма премина на фиксна и и ја ставија кога и беа сменети сите заби и скроз пораснати, сега баш не ми текнува колку ја носеше, ама она ја извади негде на распуст меѓу 8мо и прва средно.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Мора да те поправам Ангелче - не мора да бидат сите млечни заби сменети за да може да се носи мобилно апаратче. А за фиксно, ем мора да бидат сменети, ем да биде завршен процесот на растење - затоа за фиксните апарати се препорачува дури после 16 години да се стават, некаде од 3 средно. Инаку, џабе е нивното носење ако се стават предвреме - кога ќе се извадат, забите можат да се вратат како што биле.
    Затоа, блупарадајз оди на забар, земи си мобилно апаратче ако има потреба и носи го што повеќе - цела ноќ и најмалку 4 часа во денот. Не мора да го носиш на полуматура, тие секако се вадат :)
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Па да и ја така мислев. :) ама незнам за тоа да се носи фиксна после 16 години коа братучетка ми ја извади фиксната на распустот меѓу 8мо и прва и сега е 3та средно и ептен и се убави забите :)
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски

    Сега сите стоматолози ставаат фиксни кога им се може без оглед на тоа колку години имаш. Заради парите е. Братучетка ти е редок случај, затоа што забите обично се враќаат во првобитната состојба. Затоа и треба да се процени ситуацијата, ама искрено ти кажувам, бидејќи знам како одат работите во стоматологијата, парите се главни, сите гледаат што повеќе да заработат. Впрочем, како и во сите други професии, важен е профитот, а начинот на кој си дошол до него е друга приказна.
     
    На Name и Angelche им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Баш, во денешно време се се прави за пари, нема што не. Ја сепак ке си идам кај забарката моја, ептен добра и пријатна жена, незнам како ме трпела коа и врескав кога требаше да ми ги вади забите како помала, ех па сеа ми се враќа тоа шо не ги вадев на време :D Ќе ја прашам за протеза и ќе ми каже која, како и шо треба .. инаку фала на сите за советите. поздрав :)
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Имав порано ама не ги носев
    предните 2 запчиња малку понапред ми се од другите
    порано ми беше комплекс но сега секси ми е хехехе :)
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Јас имам носено протеза, ништо страшно. Пред да ја ставам бев испашена, мислев дека сите ке ме гледат со поинакви очи, ама нема потреба од таа грижа..сите ме прифатија. Највашно е да ти се исправат забите, сега јас имам прави заби и сум задоволна..презадоволна.. :) Носиси додека е на време за подоцна да не се каеш.
     
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    И мене ми кажаа дека во основно не е добро да се ставаат протези . Зошто дур се оформи нели вилицата ќе се извадат и може да се вратат во првобитната положба . За млечни заби исто не мора , еве брат ми има еден млечен .