Феминкии.. помошш.. во понеделник ке ми ставаат фиксна протеза и.. незнам.. страв ми е... боли ли кога ви ја ставаа ??
Без гајле. Кога ја ставаат не боли воопшто, само што првата недела ќе те боли кога јадеш, па ќе мораш да јадеш меки работи, на пример јас не можев ни корката од лебот да ја јадам. И ќе те боли по контрола кога ќе ти ја затегне, ама веќе утредента ќе можеш да јадеш нормално. По секое јадење треба да ги миеш, затоа што остатоци од храната остануваат и е многу непријатно така.
Поздрав за сите Ве молам, не можам да најдам поконкретно колку најевтино може да се најде ортодонт за фиксни протези, каде... препорачајте ми.. се спомнуваат 250-300 евра, не е битно дали се метални, битно да вршат работа. Плс пишете ординации
Девојки, јас носев и горе и доле, еве долната ми ја извадија, а утре ја вадам горната точно ден пред матура па ќе видиме како ќе биде, ептен сум возбудена и се надевам ќе оди на добро.. Што се тиче за долните, да споделам искуство, многу брзо и безболно беше вадењето..мислев ќе се чуствувам многу поинаку или којзнае што, али нема врска, исто ми е потполно, можеби така малце помазно задоволна сум ептен од долните, наредени се ко бисерчиња..сега не се совршени нели, не ни можат да бидат, али вака како што се, ми се ептен супер, само да не се поместат ми е страв, али нема..имам жица позади и плус редовно си ја носам мобилната протеза, ептен е удобна (не ме нервира или иритира нешто па да не ја носам) така да..за сега се е како што треба. После вадењето, се чистат забите убаво, од лепак од нечистотија, и одма се цела нијанса побели.. И нема нешто друго вака ново околу тоа полесно е ептен при јадење, не ти останува многу храна како кога се носат протезите пошто нели се заглавува во нив..али и онака навика ми е мене, после секое јадење да мијам заби Горната е утре, така да ќе споделам искуство и со неа. Поздрав до сите
Барав тема за мобилни протези и не најдов, па решив тука да пишам Никогаш не сум носела фиксна протеза, а мислам дека веќе е касно да ставам. Мислам дека ќе се чувствувам непријатно. Ама од лани летото носам и горна и долна мобилна протеза, има ефект ама не многу. Позабележлив е ефектот на горната вилица (иако ми се сите скоро прави забите) само со 1-2 мали отстапувања. Дали треба да продолжам да ги носам, па ќе има поголеми резултати или џабе се ?
Батерфлај зошто да е касно?Знам и многу повозрасни жени што носат фиксни протези,па се фалат дека им било убаво,мобилната скоро и за џабе ја носиш,мобилни даваат само за да се задржи формата на вилицата после вадењето на фиксната протеза,е сега незнам каков ефект сакаш да постигнеш,ако ептен ти се криви забите треба да ставиш фиксна,ако не носи си ги мобилните,ама може после некое време ако престанеш да ги носиш забите да ти се вратат на старото место. Ова е само мое мислење(а колку сакам да ми ја вратат протезата на забите )
Па види, ако сакаш да си ставаш фиксни протези никогаш не е касно, а и колку што гледам имаш 16 години што значи не си толку стара И јас носам мобилни протези веќе година ипол. И кај мене се позабележливи резултатите на горната вилица, ама неможам да се жалам бидејки сега забите ми се многу поубави од порано. Можеби е до тоа што сум помала, ама сепак... Можам само да ти кажам дека мислам дека е подобро да си земеш фиксни ако сакаш побрзи и позабележливи резултати. И со мобилните можеш да ги постигнеш истите резултати ама треба малку да бидеш по стрплива и секако, да ги носиш редовно - навечер додека спиеш и најмалку 4 саати дење Така да... Твој избор е
Дали ви имаат дадено како едно желевце за самите да ги стегате мобилните протези? Мене дури денес ми дадоја
Дали има некои други фиксни протези освен овие сививе како железо? Да не се познаваат толку и слично? И дали знаете како се движи цената на фиксниве протези сега?
еднаш мислам го поставив прашањево во друга тема, ама ај и тука и јас треба да носам фиксни протези, но видов дека сега постојат некои нови внатрешни протези. дали некој има искуство со вакви протези или слушнал нешто повеќе?
Мислам дека постојат, т.н. порцелански (силиконски) протези . Само што се доста поскапи од металните и плус се помалку ефикасни. А за цената на металните јас мислам дека сеуште е иста, околу 12 000 ден.
Јас носам мобилни и на горната и долната вилица. Ми немаат дадено ништо за стегање на протезата. Одам на контрола на секои 3-4 недели и забарката ми ги стега колку што е потребно.
Јас носам мобилна, но наскоро ќе носам и фиксна. Иначе и јас ги мразам протезите но подобро да имам убави заби а не искривени
Леле луѓее... кај и да е и јас треба да ставам ама па ми се плаче од шо не сакам !! се ми е накако како пропадната година и пол од животот, криви ми се забите не многу ама па имам еден заб горе и заради него е целата забуна , да не беше тој шо е до мене и ич нема да ставам аама ајде никако не можам да се охрабрам. не ми е проблем ни болката ни ништо ама па се мислам дека нема да се смеам од шо ми се грди..... аууу па и сите како ме нервираат од постариве кога ќе ми речат ШТО ЌЕ ПРАВИШ СО ТОЈ ЗАБОТ ГОРЕ ?! уфффф
Ич не се секирај,ќе помине дур трепнеш. Јас ги носам еве скоро година, а мислам вчера ги ставив. Кога ги ставив имав исто 16 години колку тебе и ме плашеше самиот збор "фиксна".. Не заради болката, туку заради другите,како тие ќе се однесуваат спрема мене,дали ќе ме одбегнуваат,дали ќе ми се смеат.. Да ти кажам нешто, воопшто да не ти е гајле за другите! На крајот ТИ ќе имаш убави заби и ќе бидеш задоволна со твојот изглед. Подобро да издржиш една година така, отколку цел живот со криви заби. А и верувај, не е така како што мислиш. Никој нема да те одбегнува заради протезите,никој нема да ти се смее. А ти, смеј се ,бидејќи како што ми имаат кажано, смеењето со протези е слатко. Не дека ја сакам протезава, да не ме сфатиш погрешно, само мислам на резултатот откако ќе ја извадам и се охрабрувам и издржувам! А и незнам дали мене така ми се погоди,ама откога ја стаив протезава конечно ми тргна на љубовно поле!
Точно знам како ти е...и јас го имав истиот проблем. Забите ми беа убави, прави, бели освен една тројка качена горе Тој крив заб ми создаваше многу комплекси и на деветнаесет години решив да ставам порцеланска фиксна. И таа се познава, само што не е толку упадлива. Еве веќе има година дена како ја носам и би треба да ја носам уште шест месеци . И ми беше многу тешко на почетокот ама забите се многу битни како за убавината, така и за здравјето. Мој совет ти е да ставиш фиксна, немој да се замараш за другите што ќе зборуваат или мислат за тебе. Фиксната не може да те направи грда или убава, издржи некое време за да имаш прекрасна насмевка Подобро стави си сега зошто би можела да се каеш кога ќе бидеш поголема
Ич не се секирај,ќе помине дур трепнеш. Јас ги носам еве скоро година, а мислам вчера ги ставив. Кога ги ставив имав исто 16 години колку тебе и ме плашеше самиот збор "фиксна".. Не заради болката, туку заради другите,како тие ќе се однесуваат спрема мене,дали ќе ме одбегнуваат,дали ќе ми се смеат.. Да ти кажам нешто, воопшто да не ти е гајле за другите! На крајот ТИ ќе имаш убави заби и ќе бидеш задоволна со твојот изглед. Подобро да издржиш една година така, отколку цел живот со криви заби. А и верувај, не е така како што мислиш. Никој нема да те одбегнува заради протезите,никој нема да ти се смее. А ти, смеј се ,бидејќи како што ми имаат кажано, смеењето со протези е слатко. Не дека ја сакам протезава, да не ме сфатиш погрешно, само мислам на резултатот откако ќе ја извадам и се охрабрувам и издржувам! А и незнам дали мене така ми се погоди,ама откога ја стаив протезава конечно ми тргна на љубовно поле! [/quote ххаха е ме изнасмеа ајде па и ме охрабри колку толку ххха ах тоа со љубовното поле ххах дај Боже ...па и на тоа помислив да ти кажам
Пред недела дена ми ставија фиксна протеза(после толку време убедување со родителите)......Но сега откако ке се најадам во протезата ми влегува храна и ја чистам со чачкалица за заби и потоа со паста и четка за заби......Но сега како и да е ке заврши летото и и ќе започнам во прва година гимназија!!Не ми е јасно бидејки таму откако ке заврши големиот одмор храната што сум ја јадела и што ми влегла во протезата како ќе ја исчистам??Треба да си носам во мене чачкалици и да одам во тоалетот за да си ја извадам или иако ми стои во забите да не ја вадам?? Ве молам тие што досега носеле протези(поускусните ) да ми кажат што прават после голем одмор во училиштата со храната во протезата-ја оставаат "таму да стои"(vo protezata) или одат во WC и ја вадат ??? И сега ми ставија горе а за 2 недели и доле па кажете ми дали со две протези,ЖЕЛЕЗА,во устата може да СЕ БАКНУВАШ : ??? Ве молам вие поискусните одговорете ми на овие прашања!!! ФАЛА однапред поззз
Уф треба да ми ставаат ама ич некам!!! Сеа цело време мислам на тоа дека ме зафркаваат пријателите и цело време барав ваква тема за да знам какво е чувството да имаш железо у заби Цело време се секирам као ке реагираат другите кога ке ме видат Сигурно ке изгледам катастрофално Али сеа читам се и сваќам...