~ Првите дена многу ќе те болат забите затоа што тие тогаш се исправуваат, јас носев и првите дена ме нервираја пота ги засакав многуу ... чувството во првите дена е грдо а потоа е ок
Доколку твоите се во финансиска можност стави си. Има многу девојчиња со криви заби, но не можат да ги исправат поради недостиг од финансии И не размислувај многу што ќе зборат другите за тебе затоа што голем дел од луѓето се безобразни и ги омаловажуваат останатите поради својата злоба. Многу сум поминала во животот затоа за другите ич да не ти е гајле И уште нешто: Не е се во убавината, моќта и парите, туку е битно што носиш во срцето
Еве како некој кој не носи протези, ама има пријатели кои имаат протези ќе ти кажам воопшто да не се грижиш. Кога дојде една другарка на школо со протези сите бевме вакви и вакви . Девојчето беше преслатко, да посакаш да го штипнеш кога ќе се насмее Скоро сите девојчиња кои сум ги видела со протези го имаат тој ефект врз мене, ептен ми се слаткички. Сега, јас дали сакам да носам протези или не е друга работа, ама само сакав да ти кажам да не се секираш многу. И некој да те заебава, ти само мисли си како ќе се осеќа кога ти ќе имаш прави здрави заби, а тие не
Девојки ајде ве молам за мала помош. Носам фиксна протеза но ми се одлепи една брикета, и не сум во можност да појдам кај мојата заболекарка да ми ја залепи. Дали е можно да појдам кај друг заболекар само за една контрола да ми ја залепи брикетата и ја среди жицата и за тоа да си платам како за една контрола. Дали некој имал вакво искусто?
Здраво..нова сум на форумов, и сакав да споделам дека од вчера и јас имам железна насмевка фиксни протези на двете вилици... и некако тешко ми е да се навикнам но не очајувам, сепак само 24часа ги носам...Сакав да прашам за некои работи што ми се нејасни: докторкава ми рече првите два дена да бидам само на течна храна, и утре да отидам да ми ги заатегне, а потоа 3недели на мека, ситно сецкана храна..тоа малку ме буни, затоа што имам отворен загриз, не можеше поинаку, и не можам баш да џвакам...и сакав да прашам дали треба да ги мијам забите/протезите и по пиење на сок, кафе, јогурт, млеко, сладолед такви работи?
И јас треба да носам првин мобилна па фиксна . Сите ми викаат да одам одма на фиксна за побрзо . За горе ми треба фиксна , за доле незнам можеби мобилна дека двојчето од левата страна забегало наназад
Само сакав да прашам нешто, чисто информативно. Што ако се извади фиксната протеза пред да се исправат скроз забите? Се надевам дека некој стручњак ќе може да ми одговори
Јас не сум стручњак, но не ми е јасно како да се извади протезата а забите да не ти се наместени како што треба? Па тоа е основната цел зошто носиме протеза по цела година па и повеќе. А ако се извади протезата без да ти се наместат забите, најверојатно и понатаму ќе имаш криви заби со некое подобрување од извесното носење на протезата, но тоа не е целата.
Како што зборувате,незнаев дека забите можат да се искриват од долго користење на шише со цуцла. Ако е затоа јас пиев млеко од шише до 1 одделение и сега сваќам од што ми биле искривени забите. Јас да ви кажам едвајј чекав да ми ги стават,и сеуште ги носам-веќе 4-5 месеци,инаку и на мене ми се има одлепено брикета и тоа не е ништо-не се секирајте.Почекајте до следната контрола. Не ми е јасно како тоа,ти ја стават-а треба утре да одиш да ти ја затегнат Deledda? На мене ми ја ставија и после 1 саат кога си отидов дома одма се најадов пастармајлија. На мене ми кажа една-ипол или две години дека треба да ја носам. Сега завршив 7 одделение и сакам на полуматурата да ја носам.Незнам каква е таа желба за протеза. повеќето не сакаат да носат..а јас? Поздрав
Ангела05, минатиот понеделник ја ставив протезата и ми рече по два дена да отидам да ми ја затегне не знам ни јас зошто...проблемот сега ми е што имам отворен загриз и не можам воопшто да џвакам, а изгледа така ке биде цело време додека ги носам протезите :/
па,мислам дека и затоа ја носиш протезата? со тек на времето,колку подолго ке ја носиш,ке ти се исправат забите и ке можеш нормално да јадеш.
Има има , јас пред 2 години прашував беа скроз проѕирни, порцелански или незнам какви , и можеш и одвнатре да ги носиш воопшто да не се познаваат. Ама се мноооогу скапи , тогаш беа околу 500 евра Јас иначе имам носено фиксни протези и тоа 2 пати hock: . Првиот пат ја носев 6 месеци и ми ја извадија , па ми се искриви забот ( еден само , заради еден заб носев горна фиксна протеза) и потоа пак ми ставија фиксна таа ја носев 3 месеци , и откако ми ја извадија ми дадоа мобилна протеза но џабе беше забов несака и несака да се исправи , епа ко не сака и јас не го сакам нека си стои таков.
по 3 или 6 месеци,тоа не е ништо.. треба година,година-ипол да ја носиш,а може и само на тој заб да ставиш брикета и жица.на другите не. инаку на обичните се 350 евра а тие проѕирните па можам да замислам,повеке се од 500.
Околку 200-300 евра чини фиксна протеза за една вилица. Ама имај во обзир дека во некои здравствени установи наплаќаат и контроли. Пример една контрола чини 500 денари најмалку
Јас сакам да носам, али прави ми се забите Иначе фиксни се викаат...ќе се навикнеш на нив, само треба да пазиш што јадеш
*Имам коментирано предходно но сега веќе ги нема.Проблемот кај мене беше што забите ми беа напреди.Малку се страмев поради тоа.Денот кога ми ги ставиа протезите ми беше најсреќен.Значи јас имав само горе ,доле немав потреба.Првата недела ненормално ме болеше неможев да јадам нормално.Несмеав да јадам топло,цело време јогурт си пиев.Првите ластичиња ми беа по боја тиркизна и розева, а кога ми ги извадеа имав жолти мислам.Ми ги ставиа јуни 2011 а ми ги извадија јуни 2012(една година).Многу сум задоволна со резултатот кој го постигнав.Многу ми недостигаат протезите ги сакам пак.Моиве беа 300 евра.А сега ми дадоа мобилна протеза.Таа ја носам само кога спијам.Еве и слика со заби кога се смеам,имам ефект ставено затоа не е баш јасно.Но се надевам барем нешто ќе видите.
Па не е пријатно баш да се носат фиксни, но сепак се навикнуваш. Јас имам носено подолго време, во почетокот ми беше тешко но потоа не ги ни чуствував дека ги носам. Исто така треба после секој оброк да се мијат забите, да внимаваш да не јадеш нешто мн тврдо бидејќи можат лесно брикетите да се одлепат... што знам и најсмрт ми беше коа одев на контрола и коа ми ги затегнуваа... после неможев да спијам навечер.
Јас ја носам скоро 3 месеци и пред некој ден ми ставија жолти гумички.. Не дека не ми смета ама не ја ни осеќам.. Само за спиење е проблемот тогаш здивот ми мириса на железо и неможам да заспијам Aко имате некое прашање -ЛП.. Позз