Дали може на друг начин освен со фиксни забите да се вратат во нормална состојба? Од многу нанапред да се вратат во нормала? Јас носев фиксна 3 години само на горната вилица и дека не вадев заб забите ми се исправија колку што можеше, прилино добро, но ми се сантим ипол испакнати како да кажам. И колку пари се порцеланските дали знае некој?
^ Јас мислам дека порцеланските се поскапи од 250 евра.. нека си праша во ординација најубаво. Иначе и јас пекав за такви ама самиот стоматолог ме предомисли. Ми кажа дека железните се поефикасни (различен механизам имале), а со тоа и помал период ги носиш. Е сеа колку е тоа точно, незнам но, не би требало да ме лаже бидејќи он е у минус со пари (зошо овие се поефтини нели). Иначе носев до пред 5 месеци и само на почетокот е повеќе чудно отколку мачно и болно, али ќе си се навикнете, ништо страшно. А и за изгледот да не си се секирате, кој ве сака и таква ќе ве сака, а инспирација нека ви биде една колешка на мајка ми,што на 40 години уште става рака кога се смее...
Брат ми ќе става Дамон Систем кај нас е прескап 500 евра е една.. а додека фиксната е 400 евра една.. сум прашувала по другите ординации секаде е поевтино :СС
Јас сите што ги познавам ми викаат дека многу боли првите недели додека забите се навикнат на протеза а после не толку Јас треба деновиве да одам на преглед да видат дали треба да носам.Ако ќе носам,страв ми е да не ме боли додека ми ги ставаат и додека ги носам Искуства?
Епа тие што ги познаваш убаво ти рекле. Ќе те боли само првата недела, после се навикнуваш, болката ќе ја снема, ќе ти биде малку чудно додека јадеш, ама после се е навика. Ако ти речат да носиш, да си носиш, после нема ништо поубаво од блескава насмевка. И најважно, одржување на поголема хигиена, зошто носиш страно тело во устата.
Foreveryoungiwannabe....И јас ставив протези пред еден месец, по година дена одложување зашто не сакав да ги носам...но по 2 недели сфатив дека бадијала сум ја одложувала целата работа...не ме болеше воопшто кога ми ги ставаа, тоа траеше околу саат време за двете вилици..се навикнав на нив, но малку е напорно одржувањето на хигиена...вистина е дека болат при секое затегнување, но не е толку страшно...мој совет е да си ставиш доколку треба да носиш протези..резултатите по носењето се зачудувачки
Еве јас денес ставив фиксни протези и горна и долна а забите ме болат толку многу што ми иде да ја искорнам протезата
не очајувај , и јас кога носев првите 3-4 дена многу ме болеа што неможев ништо во уста да ставам ама тоа е дури да ти се исправат , потоа нема ништо да ти биди
Јас треба да носам фиксна протеза. Но проблем ми е тоа што носам очила. ( очила и протеза и накај грда бети ) Немам ништо против фиксни протези, слушав можело протезата можело да се стави одпозади. Колку пари чини ова и дали некој си има ставено.?
хехех не се нервирај нема да личиш на грдата бети јас колку што знам неможе да се стават одпозади, барем јас немам слушнато, а сега и модерни се фиксниве протези, некои деца немаат искривени заби па ставаат протези
megu gornite kecovi imam rastojanie! -.- fiksni ke mi pomognat? [mod-kirilica:133wq5nv][/mod-kirilica:133wq5nv]
Јас треба да местам протези ама се плашам бидејки треба да ваѓам здрав заб за да ми се распоредат другите заби.Бев прво кај еден стоматолог тој ми реце треба да платам 600 евра за да носам протези и горни и долни.Јас не сакав Но потоа појдов на друго место таму ми рекоа да носам протези само на горната вилица но да се правам операција поточно да ми ја сечат вилицата.Јас се отакжав од тоа и решив да носам протези на двете вилици.Еве сега носам протези не е страшно јадам нормало све е нормално само треба редова хигиена. за УБАВА насмевка све се трпи Ке нема потреба кога се смееш да ја ставаш раката на уста
Сметаат малце али дефинитивно не толку многу колку што ке мислиш дека ке ти сметаат. Секогаш е така. Од кога ке ја стваиш ке си мислиш готово нема мување, нема да можам да се мувам ама тоа не е вистина. Се зависи од тебе Нормално дека ке ти помогнат. Фиксните помагаат за секакви криви забчиња само зависи колку време ке треба да ја носиш. Иначе и јас има простор помеѓу горните кецови и јас кај и да е треба да ставам фиксна
Јас носев фиксна протеза и очила. Ништо страшно. И тоа протези и на матура имав и на факултет. Никој никогаш не се пошегувал за тоа. Уникатна си бев бе, супер ми беше. Некогаш знаев на моја сметка да се зезам и да речам уште апаратче на уво ми фали за да сум tutto completo А за протези од внатрешна страна не знам да ти кажам. Најдобро да одиш на стоматолог и тој ќе ти каже кои се опциите и ќе си ја одбереш најдобрата варијанта за тебе. Мене не ми сметаа, на тогашниот дечко му беше најпрвин малку чудно, ама се навикна.