Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    81
    Јас ништо не сум користела, едноставно ќе помине една недела и ќе се навикнеш...
    иначе исто и јас имам носено такво за еден заб да ми се врати, верувај протезата е поболна :)
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Можно е забите да се вратат на потполно истата позиција како пред да си носел фиксни?
    Има два месеца одкако ги извадив, ама ми е страв да не ми се вратат. :worried:
     
  3. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Носи ја што почесто мобилната протеза или пак ако имаш залепено жица внимавај да не се одлепи, бидејќи имам две другарки со несакани ефекти и од двете. Едната одбиваше да ја носи мобилната протеза, сметајќи дека 2 години ја носела фиксната и забите немале шанса да се вратат во првобитната состојба,ама и се случи спротивното. Двете горни двојки и се искривија повторно. А другава другарка имаше жица и едниот крај и се одлепи и никако да оди на контрола за да го корегираат тоа, и единиците и се раздвоија.
    Јас немам искуство со ова, и не би знаела да ти кажем дали е сплет на околности, но сепак внимавај. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Стоматологот не ми даде ни мобилна, ни ми залепи жица, туку знаеш што направи?
    Ми ги залепи краевите на забите од внатрешна страна со ПЛОМБИ :)
    Ова можда е некоја нова техника, што знам, јас се зачудев зошто не ми дава мобилна, дури и го прашав зошто, само ми рече, па затоа ти ставив пломби, за да не носиш протеза.
    Ако треба ќе носам само да не ми се врати, ама не ми даде. :)
     
  5. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Во тој случај немаш потреба да се грижиш. ;)
    Искрено мене, најмногу ми се допаѓа твоево. Со пломба ќе имаш најмалку проблеми и никакви одговорности. :)
     
  6. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    мене ми се вратија, бидејки нејкев да ја носам онаја мобилната протеза што ми ја дадоја само за навечер да ја носам
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Исти ти се сега како што ти беа на почетокот?
     
  8. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.954
    Пол:
    Женски
    А кажи ми за колку време ти се среди забот,колку време го носеше тоа ортодонско помагало?
     
  9. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    ако се однесуваше за мене.... не се толку катастрофални како шо беа ама пак 2ката ми се крена погоре од останатие заби и ми ја турна единицата навнатре...
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Фиксна протеза носев на горната вилица како помала некаде 7 одд и 8 одд се на се ја носев една ипол година.
    Со носењето на фиксната се наместија забите а и искрено не ми претставуваше некој проблем протезата бидејки бргу се навикнав на неа.
    Ми беше тешко првите два дена кога ми сметаше при зборување и јадење бидејки не бев навикната да имам такво чудо во устата :D.
    Претходно носев и мобилна протеза но колку и да имаше резултат од неа забите пак се вракаа во претходната состојба, така да од мобилната протеза немаше некој постојан и добар ефект,затоа морав да носам фиксна.

    Сега после толку години немам проблеми, забите ми останаа рамни како што ми беа после вадењето на фиксната протеза, добро беше што мене умниците ми излегоа многу рано,некаде во 7 одд баш кога ја ставив протезата па така да немав проблеми.
    Доколку умниците ми израснеа после вадењето на фиксната протеза сигурно ќе имаше промени и збуткување на забите.
    Така да мое мислење е доколку треба да носете протеза подобро ставете фиксна доколку е многу голема разликата во забите.
     
  11. Amo.la.moda

    Amo.la.moda Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    12
    Јас сега ќе бидам прва година средно и единствениот дел од телото што не ми се допаѓа кај мене се моите заби. До петто-шестто одделение јас имав преубави заби, ми беа рамни ,бели , со еден збор перфектни. Но во седмо одделние ми паднаа двете тројки во исто време бидејќи само тие ми останаа млечни и заради тоа забите напред ми се пореметија тотално. Едниот кец ми се збута во другиот кец така да едниот си е прав а другот си е како коса линија, а двојките и сите други заби ми се прави. Е сега јас премногу сакам да си ставам протези но мајка ми ми вели дека немала пари за тоа дека не ми требало, убави ми биле забите, но работата е во тоа што мене не ми е воопшто гајле дали на другите им се допаѓаат моите заби туку на мене треба да ми се допаѓаат. Сакам да можам на мира да се насмеам а не постојано да се кријам со раката или да се смеам :) сакам еднаш после овие 2 години слободно да се насмеам вака :rofl: .

    Би сакала да ве прашам вие каде бевте на заболекар за фиксни протези и колку ве чинеше но само горната?
    Се надевам дека ќе добијам одговори бидејќи неможам веќе вака да издржам :( ;(
     
  12. winter-girl

    winter-girl Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    јас бев кај др.Mаргита Смилевска.само горната е 300 евра :)
     
    На Amo.la.moda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    81
    Тоа го носев 3 месеци, имаше ептен стегнат федер и имаше резултати, потоа ми ставија протеза (за другите заби имаше потреба). Отпосле со протезата другите заби како се поместуваа и тој заб пак малку ми се врати, ама се средува за 1 месец пак се враќа на место. :)
     
  14. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    81
    Јас сум од Велес и тука протеза фиксна горна или долна чини 300 евра, а можеш да пробаш со мобилна можеби ќе има некој ефект. :)
     
    На Amo.la.moda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јас мојата само на горната ја платив 250 евра ама дека во помал град, гледам во поголемите е по 300 една протеза.
     
    На Amo.la.moda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. White-Lady

    White-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    јас во септември ќе ставам порцелански протези ама имам еден огромен проблем :( тренирам боречки спорт и ако го прашам докторот 100% ќе ми рече дека несмеам да учествувам на борби а јас планирам да учествувам на европско првенсто за кое мн. се трудам и вежбам...па сега сакам да ве прашам дали некој од вас тренира ваков спорт и дали помагаат заштитните гумици да не се уништат протезите и забите секако? :?:
     
  17. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.954
    Пол:
    Женски
    И тебе ти беше лакот од внатрешната страна,не ти се гледасе тоа помагалото,така?Ако е така,кажи ми дали цело време неможеше некои гласови да изговориш или на почетокот/
     
  18. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    81
    Хмм.. не тренирам ваков спорт, но мислам дека нема многу да ти пречи протезата бидејќи ќе носиш заштитна гума, но ова е само моја претпоставка. :^)
     
  19. ThePrincipessa

    ThePrincipessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Носев мобилни протези на горната вилица секоја вечер до вчера скоро 11 месеци. Единствена причина што ги носев мобилните протези е што вилицата не била во правилна положба. На последнава посета се консултирав со ортодонтов и ми препорача да ги носам на две-три вечери за спиење. За фиксна протеза закажав во среда поради естетскиов изглед на долнава вилица. Е сега се прашував дали можи да се стави фиксна само на долниве ( зошто само тие не ми се свиѓаат) или мора и на горнава? :)
     
  20. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    81
    Епа јас си ги гледав тие прстенчињата, зошто мене ми ставија такви на задните заби и само јас можев да си ги гледам, другото не, а за изговарање с и ќ малку чудно првата недела, после нормално.