Порцеланските протези се носат повеќе време затоа што даваат помал ефект од обичните но добри се за покривање дека воопшто не носите протези иако се приметува.Имаат маана што на почетокот се бели после пожолтуваат од храната и личи како да имате наслаги.
Јас носам порцеланска фиксна. Значи ја носам година и четири месеци и треба да ја извадам за два месеци. Ефектот е ист како обичните, само мене од пиење кафе гумичките ми пожолтуваат на крајот од месецот. Разликата е само во тоа што порцеланската не е толку упадлива, иако нормално дека се гледа дека е протеза . Изборот е твој. Позз
Ви пишав и на двете, проверете си во пораки Се надевам ви помогнав, ако имате дополнителни прашања слободно пишете ми
Јас носев пред едно 5-6 години, ги ставив на клиника ама некако многу скапо ми беше, 500 денари секој преглед и уште ми викаа треба и доле да носиш, а доле па баш ми беа убаво наредени забите, и една другарка ми кажа одела во Јане Сандански и јас се префрлив таму. И докротката ми беше баш фина и контролите ои 60-70 денари плаќав и тоа затоа што ми биле на друго место ставени, иначе да сум ја ставела таму протезата ништо немало да плаќам. И баш ми кажа демек каква протеза доле нема потреба Жив грабеж, ќе фрлев уште 17000 (тогаш толку беа незнам за сега). А да, и во Јане Сандански ставање било 15000. Така да ако треба да ставате распрашајте се убаво како што. Незнам сега како е, ви кажувам за пред 6 години
Кажете дали некому му ваделе здрави заби пред да му ја стават протезата? Многу ми е битно, зошто синот има испакната вилица, не може убаво да ја затвори устата, забите се ептен набиени, башка едната единица е доста искривена и така ни препорачуваат да му ги извадиме сите четворки за да ставиме фиксна протеза!
Јас носев фиксна кога бев во средно, носев на горната па ај некако гратис ми ставија и на долната вилица, но претходно ми извадија еден здрав инцизив за да се ослободи простор. А до тогаш немав ниту поправано заб а не па вадено, и ми беше многу жал за забот, ама кога се мора тоа е. Ако ти препорачале да ги извади четворките, нека ги извади, бидејќи џабе ќе биде носењето протези ако не ги извади, зашто кога ке ја извади протезата ќе му се вратат забите. Дури ќе мора и умниците да ги вади после. Јас грешка направив, не ги извадив умиците откако ја извадив протезата и мислам дека се вратија делумно.
Фала многу за одговорот! Ние веќе се решивме да го правиме сето тоа, но сепак, полесно е кога ќе чуеш и друго мислење, зошто детето има 12 години и на некој начин ние решаваме во негово име. Среќа е што сите заби до седмица му се пораснати, а за умниците „затоа-потоа“. Можеби нема да му пораснат, можеби ќе му пораснат на 20 и кусур години, а дотогаш не можам да го оставам во ваква состојба!
Јас мислам дека со самото вадење на четворките,ќе има голема промена.Инаку имам слушнато дека четворките најбрзо се расипуваат,па поради тоа ти кажале тие заби да ги извади.И подобро е да извади некој заб,отколку само да му сметаат.Се е тоа во ред,дека здрави заби не се вадат,ама во неговиот случај многу ќе му биде полесно ако ги извади.И подобро е сега да превземете нешто,отколку подоцна, затоа што нема да има никаков ефект протезата.
Ако нема место за исправените заби, тогаш се жртвуваат здрави заби, барем два, а не ретко и четири. Најчесто се вадат четворките или петките - најмалку се потребни, а и не се забележува дека недостасуваат. Тоа дека често и лесно се расипуваат не држи вода - повеќе би рекла дека тоа зависи од самите заби, оралната хигиена и склоноста кон кариес. Е сега вака да ви кажам, сите вие кои денес носите фиксни или мобилни апарати, здравје Боже, кога утре ќе имате деца, од најмала возраст да ги учите да џвакаат, и да не им давате блендирана храна. Џвакањето е многу важно за правилен раст и развој на вилиците и мускулите, и правилно поставување на забите во нив, а со тоа и се избегнува во голема мера појавата на збиеност и потребата од вадење здрави заби. Точно е дека тука и генетиката има изразена улога, тешки случаи се ако детето има огромни заби (од едниот родител), а мали вилици од другиот родител. Ама во глобала тоа се екстремни случаи и се ретки. Другото произлегува од неправилното џвакање и јадење на мека преработена храна.
Кај него петките имаат ист облик како четворките, така да нема ни да му се приметува. Сепак, ќе треба многу работи да издржи... Кај нас е точно второто: мала вилица, во горниот дел испакната, огромни единици горе, а од кого му се, не можеме да одгатнеме, бидејќи ни јас ни сопругот, немаме ништо такво... Направил некоја „лоша“ комбинација од некои баби и дедовци Инаку и двете деца од мали јадат корки!
И јас ги имам извадено 4те четворки. Прво ми ги извадија доле, дека мал простор, а големи заби. После и другите 2, бидејќи нешто требало паралелно да е, како горе така и доле, така некако беше. Искрено и за мене нема некоја разлика, дупките од извадените заби ми се затвораат, уште многу малку има. ЗА 8ците ми објаснуваше д-рот дека е пожелно да се извадат, доколку прават проблеми (болки, почнат да излегуваат ... ), бидејќи можат да го пореметат распоредот на сите заби. Мене почна да ме боли осмицата, ама беше период од недела, две, кој го поминував со аналгин. Болката може да се појави за недела, месец, година, можеби и никогаш повеќе. Значи вака иначе не сметаат. Иначе мене изгледа ми се гледа крајот со протезиве. Само уште да се спојат дупките од извадените заби, иначе бомбончиња ми се. Оние од Холивуд можат да ми завидуваат.
јас си ставив протези пред еден месец иако бев најпротив за тоа ама ете....сеуште не гледам никаков ефект ме стегаа само кога ми ги ставија фала богу ниту една брикета ми се нема одлепено све е во ред само незнам колку ке чекам да ми се средат забите...сакам да прашам дали има некој случај каде што со фиксна протеза се спушта горната тројка т..е колку време би требало за да се спушти ??????? мене протезата ми е за тоа па затоа МНОГУ МЕ ИНТЕРЕСИРА
и јас планирам да ставам горе и долу само незнам дали сега или после нова година да се нафатам.... ги вадев двата умници долу со операција па сеа некако од заболекариве ми е смачено ама сакамм т.е морам
Имам уште едно прашање што заборавив да и го поставам денес на докторката па можеби некоја од вас знае...ме интересира зошто на жицата ставаат едно како малечко федерче..за што служи тоа ?
Јас носев и мислам дека е за да не ти испадне жицата да стои цврсто и да има ефект, ако сакаш можеш да и кажеш да ти става гумички има во различни бои и интересни се, мене тие федерчиња многу ми правеа рани и се уште ги имам иако ја извадив пред 3 години, гумичките колку толку беа подобри. Се надевам дека е тоа. Тројката ми израсна за 1 ипол до 2 месеци.
Па зависи како да ти се спушти.. Ако ти е веќе горе израсната,штрчи и сакас да се спушти, ке се спусти за отприлика 6 месеци мање више.. а ако не ти е израсната или пак ептен малце.. не знам, во секој случај не е многу време ако правиш редовни контроли.