Може ли некој да ми каже колку се плаќа мобилната протеза кога ја зема некој над осумнаесет години? Знам дека е поскапа, меѓутоа ми треба точно да знам колку е. Една девојка ми кажа дека била 100 евра а тоа е стварно премногу за мене
^ Мислам дека беше толку затоа што се сеќавам многу бргу ми израсна и за 1 година точно ја извадив.Одев редовно на контроли и мислам дека беше толку, повеќе од 3 месеци нема шанси. Сакам да ти кажам кога ке ја извадиш фиксната протеза ке треба да носиш мобилна и немој да не ја носиш затоа што јас се правев будала нема да ми се вратат и после некое време гледам тројка отишла наназад. Колку и да те нервира носи ја.
200-250 евра ти е едната, а заедно ќе ти бидат од 400-500 зависи каде ги земаш, јас земав само горна и ме чинеше 200 евра ама и секој месец се плаќа по 800 ден. за преглед и менување на жицата и ластичињата...
имам едно искривено забче (3кава) всушност ми е понанапред од другите и свретно малку налево па ми доага покусо од другите заболекарот ми рече дека треба да носам протеза меѓутоа сакам ваква протеза мислам керамичка се вика дали сте чуле? и дали може некој да ми даде повеке информации за неа?
Мобилната е 100 евра над 18 години, до 18 со упат е бесплатна. Ме чека вадење на сите 8ци, од кои две се израснати, се плашам дека ќе ми се искриват другите, а и сакам малку да ги средам. Тие 250-300 евра ги плаќате од старт и во целост или како? Се плаќаат ли контролите и колку?(Од Скопје сум) И ако има некој искуство со внатрепни фиксни, нека сподели
и ја треба да ставам,бев со моите кај докторката и ни кажа дека за двете протези треба 400евра и секој преглед е по 1000 денари .. но,пред тоа треба да извадам два заба..искрено срав ме фаќа ,а треба да ги извадам до нова година..и се си викам ај утре ај утре,но во понеделник обавезно ќе одам едниот да го извадам
Ајде сега и јас еден рапорт да ви извадам бидејќи е познато дека се жалев многу дека треба да ставам протези. Епаааа јас протези ставив пред два месеца и морам да ви кажам дека целокупното мислење за протезите мене ми се смена. Ептен бев против ама сега ептен си се бендисувам. Мој совет кога ќе ви ги менуваат ластичињата кога ќе ве прашаат за боја ставете си прозирни. Ем помалкку се гледаат ем многу убаво изгледаат како да имате циркони на забите Комплетно се навикнав немам проблеми само ми е мака нон стоп заби мијам бидејќи нон стоп нешто мелам . За болење боли многу првата недела и буквално не можеш како човек да се најадеш ама не е толку страшно...и боли два три дена после контролите кога ги затегаат. Ептен си се чудам на постов бидејќи стварно бев ептен против протезите... ама за матура кога ќе се насмевнам оууууууу холивуд смајл
јас носам протези од првин ги мразев ... ама со тек на времето се навикнав и ме теши тоа што кога ке ги извадам ке ми бидат поубави забите
јас носев вакви речиси година и некој месец и тоа поради тројката што ми беше погоре од другите и петките беа малку накриво.кога се гледав во огледало не се приметуваа многу ама на дневна светлина речиси сите што беа до мене ме прашуваа што ми е тоа на забите. треба да се одржува хигиена бидејќи многу лесно пожолтуваат, и резултатите се одлични (засега ми се немаат искривено а два месеци се извадени), докторот ми даде едно апаратче( не е баш како апаратче ) што го носам само навечер (проѕирно е), и не ми смета. јас носев само на горната вилица и ме кошташе 400 евра
Како што ги читав одговорите на Анатах ... Само ке ви кажам едно тоа дека ке ти се искриват ако стаиш пред 16 точно е зашто подоцна растат осмиците кои се многу проблематични и можат да ти ги искриват забите.. Јас носам протеза фиксна иаку имам 14 години уше некој месец ке ги вадам, но со еден услов кога ке ми се покажат осмиците веднаш да ги извадам со операција Но сепак тоа е само еднаш болка но подоцна ке си имаш убава насмевка и секој ден ќе си се смееш
Зошто па да ставиш ако сакаш да ги извадиш за 7 месеци? Тогаш почнува фазата на правење, минимално ќе бидат исправени и фактички џабе си ги ставала ако се вадат толку рано. Или ги ставаш и носиш врме колку што е предвидено и потребно за правилно да ти се наместат или воопшто не ставаш ако не си способен да ги трпиш цело време на тебе.
да ве прашам колку чини една керамичка( порцеланска, незнам како се вика) протеза ( по можност некој од охрид)
И јас изгледа другата недела ќе си ставам фиксна протеза.Колку сакам да ми ја стават толку и нејќам зошто ми е малку срам,заради машките.Се си мислам дека нема да ме сакаат ако носам протези.Знам дека е малку глупо али. Мајка ми ми вика дека повеќе би било срамно да шетам со криви заби,него да носам фиксна и е у право зашто денеска секој втор носи фиксна протеза.
Воопшто не е срамно,секој носи протеза. Јас носев 7 години фиксна. Воопшто не сум задоволна, оној беше од Велес, со ќерка му работеа заедно. Катастрофа чиста ,залудно фрлени 600 евра. Плус секој преглед 600 ден. Резултатот не е ептен задоволувачки, ама се гледа разлика.
Немам убаво искуство со протезиве фиксни. Носев 4 години а забите повторно ми се искривиа и дури во полоша состојба одколку што беа. Имам неколку операции вградувае на коска и конецно имам цврсти заби. Месецов повторно ќе ставам меѓутоа со Дајмон Систем затоа што ем помалку време се носат ем даваат подобри резултати. Секако нема кај истиот доктор (можам да кажам само дека е најголем идиот и дебил, ми ги собра парите а резултати никакви). Ови со Дајмон систем се поскапички за двете ќе дадам 1200 евра ама барем се надевам ќе ми се исплати. Дали некој ги носел со Дајмон систем да сподели искуство.
Незнам од каков материјал се направени, ама знам дека не потемнуваат. И јас да споделам мислење за фиксните протези. Ги носев скоро 2 години, забите ми се исправија но само една недела ми беа потполно прави, потоа пак се разместија. Е сега секако дека состојбата ми е подобра од претходно, но не е тоа што требаше да биде . И овде се е индивидуално, зависи од забите, вилицата и сл. Кај мене беше завршен процесот на растење и извадени двете 8. Но, ете забите повторно не се во најправилна положба. Затоа кога ќе ви ветуваат дека 100% забите ќе се исправат и нема да се раздвижат по вадењето на фиксниот апарат, да не им верувате. Има случаи каде се завршува супер - забите се местат и тоа е тоа. Но, има и многу негативни искустава. Ги носиш тие железа 2 год. трпиш болки, контроли, не можеш нормало да јадеш и на крај го нема посакуваниот резултат. А плус и забите многу ослабнуваат од лепакот и стануваат многу чувствителни на ладно. И само да надополнам дека носев и се уште носам мобилна протеза, значи целосно се придржувам до препораките, но забите пак ми се искривија