Не секирај драга за машките ни најмалку ако те сака и таква ќе те сака ! Жив пример на подобро тргна се
Весна како иде исправувањето на забите, да не ја извади веќе протезата? Наскоро ќе ставам од овој вид протеза, сподели искуство те молам
Значи не е баш прашањево поврзано конкретно со фиксни протези, но се работи пак за тоа. Прашањето ми е (се надевам дека ќе ми одговори некој што навистина се разбира или имал такво искуство): Дали може на пример после ваѓање на некој заб најчесто тие што ги вадат при ставање фиксна протеза забите сами од себе да се исправат или да се поместат? Значи штом после ваѓање на протезата во некои случаеви се враќаат забите назад тогаш би требало и самите да се поместуваат после ваѓање на заб.
Се помествет,јас имам истаено 4 ка здрава бела ради то,ми беше 3 ката качена над 2 ката зошо од 4 ката немаше место и ми слезе за некое време 3 ката.Е сега 2 ката остана малце накривена ради претходно шо растела притисната по 3 ката.Најубо е после то фиксна да си клајш,ама шо имат ефект имат се наместија убо
Би можело,ама не мора да значи. Може откако ќе се извади забот да се добие повеќе простор и другиот заб да се помести.
Здраво. Јас овде сакам да прашам нешто но не е за мене туку за една помала братучедка. Спојлер таа ме замоли да прашам Како мала не ги извадила тројките на време и и израснале од горе..е сега незнам баш дали ќе ме сватите како. Значи не се како другите нормални заби туку се понагоре. И сега била на заболекарка и таа и кажала дека треба да стави фиксна протеза на тие заби. Овде читавме и велите дека после 17/18 е пожелно да се стави таа протеза бидејки пред тоа може забите да се вратат. Е сега на неа другите заби и се прави има проблем само со тројките и ако и стават протеза можно ли е да и се вратат повторно забите на првобитната положба. Јас мислам дека не е можно бидејки одкога ќе се спуштат на доле како повторно ќе се дигнат? Затоа сакав да ве прашам,сепак овде сте поискусни и знаете. И да..заборавив да кажам дека има 14 и пол години!! И уште неколку прашања од неа.. Колку чини една таква протеза,само горе? За колку време одприлика ќе и се пуштат тројките на долу? И ќе боли ли?
Јас носам фиксни протези и ништо не е страшно ни пак болно малку боли кога се ставаат прстените но тоа е само моментално, а и убаво изгледаат сега се во мода фиксните протези. Мене дури не ме ни преметуваат дека носам фиксни. Можеби се скапи, моите се 600 евра ама подобро да се исправат забите на време отколку кога ќе бидете возрасни Па не се носат доживотно туку некаде околу 2-3 години. А и убаво е што се менуваат гумички во разни бои. Фиксните протези се супер, а и доста им помагаат на забите и се лепат со хранлив лепак. Подобро да носете колку и да изгледате глупаво со нив бидејќи ако не носете кога ќе бидете повозразни ќе изгледате поглупаво со криви заби И сега поглупави ќе бидете со фиксни протези или со криви заби?
А да ми препорачате некој добар доктор во Скопје? Да не бил некој кај проф. Д-р Бојо Андрески (П.У. Стоматолошки Клинички Центар)?
И јас сум сега толку година а носев пред година и пол.јас имав сличен проблем значи ги земав 400 евра ама од порцеланските и само првата недела ме болеа забите но јадев само мека храна.јас сметам додека е посовреме да си стави затоа што после 18 год. побавно ќе се исправат, а и плус тоа откако ги вадат протезите мене ми земаа мерка за едно како навлака, проѕирно е ,за да не се искриват повторно па фала богу ми се немат искривено. Инаку тројките ми се симнаа да не те лажам ама мислам во првите месеци. Ако ве интересира уште нешто слободно пишете ми
Го имам истиот проблем со братучетка ти само што на мене ми е само едната тројка и носам обична протеза.. денес сум на контрола па ќе видиме што ќе каже заболекарката.. иначе сум слушнала дека мора сите млечни заби да се сменети за да се стави фиксна протеза. Точно е? позз
на другарка ми и беше изваден еден заб и сеуште не и беше пораснат но таа и тогаш носеше протеза па кога и порасна и ставија брикета и на тој заб
Колку време најмногу може да се носи таа протеза, мене на горната вилица забите ми се криви, па се мислам дали да ставам, додуша не се многу али сепак ме нервира така, ме срам да се насмевнам
Набрзо и јас ќе се приклучам тука Убави заби имам ама предните ми се малку раздалечени. Е сега, другарка што носеше ми кажа дека имаат некој киселини што ги тенчат забите па после носењето има голема можност да се скрши запчето (за тие напред зборам ) Да не си направам поголема беља, а немам голем проблем
Не знам колку време најмногу може да се носи,ама знам дека најмалку 2 години. Сум читала и за многу случаи кои носеле протеза,а по вадење на протезата забите им се враќаат во иста положба како пред ставање. Исто има случаи кои неможат да ја издржат болката од кога ќе се стави протезата,па ја вадат одма.Затоа што тоа е многу голем притисок,непцата се разрануваат,психички утепува таа болка.
Немора да значи тоа зависи колку се искривени забите.Јас моите ги носев година и 3 месеци, а за враќањето на забите како што биле , сега има апаратчиња што не дозволуваат да се вратат како што биле, само треба да се биде упорен
Добро,секако дека кај секого е различно. Сепак,убаво е да биде запознаена и негативните работи на носење протеза.
Јас за една недела треба да ставам фиксни и на долни и горни,забарката ми кажа дека по ефикасни се овие дејмон(damon) ваква: и дека највеќе година и 3 месеци се носи иако забите ке ти се исправат за 7 месеци.Така се намалува можноста да се вратат во првобитна положба.И исто така ми кажа дека е многу по хигиенска,по лесна е за одржување т.е. храната не се закачува за неа.Ми кажа дека можеби ке има потреба од жичка кога ке се извади фиксната,и жичката се носи две години,воопшто не смета и не е видлива
Феминки денес ставив ластици од 6ка на 3ка закачени се и воопшто не ми се свиѓаат,ќе ги носам 22 саати и ќе ги вадам само за јадење..
Јас треба да носам, утре ќе одам на заболекар да ми земат мерки бла бла.. и после да ми стават Воопшто не сакам ама морам едно девојче ми рече нема да сум фатела дечко или што уште не Валда нема тоа да претставува проблем