Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Јас носев до пред два месеци и нема од што да се плашите :)
     
  2. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    827
    Пол:
    Женски
    Ми треба ваше мислење..
    Ставете се на местото :)

    Имате криви заби, и во 5то одделение сте носеле мобилни протези.
    Ама не ви помогнале, и сега сте 8-мо полуматурантки.. И сакате да носите фиксни.
    На заболекар ви предложуваат да носите мобилни затоа што вие полуматура, а после од 1-ва фиксни.
    Што би одбрале?

    Ако можете одговорете :D Во дилема сум, јас сум за фикни ама сепак сакам и други мислења :!:
     
  3. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Би те советувала што е можно побрзо да ставиш фиксни...Па што дека и за полуматура би носела протези? Има на пример невести што и на сопствената свадба носат фиксни па не е ништо чудно. Но сепак ти ќе си одлучиш како сакаш. Не е ништо страшно.

    Јас скоро 1година и 8 месеци носев фиксни протези и долу и горе и дефинитивно се исплатлива инвестиција :) И мислам дека е подобро на помала возраст да се носат...барем од 15год. :)
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    48.952
    Пол:
    Женски
    Meне пред да ми стават фиксна ми извадија 3 здрави заби за да се направи место за да исправат остатанатите.Јас имам мала вилица со големи заби. Така да без разлика дали ке ти извадат заб ако не носиш протеза тие сами од себе нема да се исправат бидејки веке се пораснати криво.Вадењето заб е само за да се направи место за останатите да можат право да зафатат место на вилицата.

    Мојот бивш дечко стави фиксна на 26год.Така да нема ништо страшно во тоа сега да ставиш.Колку порано ке ја ставиш толку порано ке ја извадиш т.е нема да ја носиш на постари години. За полуматура и јас носев протеза. Ја извадив негде во прва средно кога бев.Според мене колку порано се стави толку подобро е . :)

    Во врска со вракањето на забите во првобитна положба од кога ке се извади протезата,вистина е дека ако не се носи после тоа 6 месеци редовоно мобилна протеза можно е пак да се искриват.Не како што биле порано,но може да се поместат.Јас имав таков случај.Кога ја извадив долната фиксна,бидејки не ја носев мобилната дел од забите ми се искривија иако не се како порано криви.За горната кога требаше да ми ја вадат забарката ми ја остави без да ја стега + 6 месеци и од кога ми ја извади без мобилна да носам сите заби ми останаа на место.Така да за да не се искриват пак после вадењето на фиксната многу битно е редовно да се носи мобилната или уште поубаво да и кажете на забарката да ви ја остави фисканата да ја носите плус уште некој месец наместо мобилна да ви даде.

    Во ворска со болката.Да, вистина е дека боли првите неколку дена од кога ке ви ја стеснат,но се трпи таа болка.Тие што ги извадиле затоа што не можеле да ја поднесат болката според мене се многу лигави суштества кои нејкат ни малце да потрпат болка.Да било нешто што не се издржува сигурно немало да ги ставаат тие протези.

    Во главно најбитно од се кога носите фиксна протеза е РЕДОВНО МИЕЊЕ НА ЗАБИТЕ ПОСЛЕ СЕКОЕ ЈАДЕЊЕ па макар тоа и да значи да ги миете по 10 пати во денот.

    Ете јас носев фиксни некои 3-4 години и кога ги извадив ни кариес немав на забите а не па да имам некое посериозно оштетување.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Леле, глупости. Стави си што побрзо, па нема нозете да те болат од фиксните па да не можеш да играш на полуматура. Ај да речеш матура, ама вака па, големата вечер. :fubar: Кој протетичар ти го кажал тоа да ми е да знам...

    Стави најбрзо што можеш, тоа ти е мој совет.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    827
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите :inlove: Ги ставив протезите дури во Саботата..
    За болка воопшто не осетив ми рекоа да излегувам тие денови да не мислам така да не болеше многу :D
    Сега се навикнав, само имам малечки проблеми со устата, пред да ми ја стави протезата ми ставаа киселина некоја и имам кај устата како испукано или херпес, незнам што е ама ќе помини :D

    Веќе и добив комплименти дека добро стоела :$
    Фала ви многу :*
     
  7. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Јас порано многу сакав протеза фиксна или наочари, некако ми изгледаа многу интересни, модерни незнам зошто така ама многу ми се допаѓаа луге со протези или наочари, и пустата јас со желба за протеза одам кај стоматологот и му викам вака и вака, јас сакам фиксна протеза во бои различни и му објаснувам пола саат... :lol: и на крај ми вика слушај девојче, ај не се занесувај немаш никаква потреба и џабе пари да даваш само.... ме разубеди некао :lol: После некое време почнав дома да им кажувам на моите дека глава ме бои многу често од компјутерот, дека ми ги замара очите и ека ми требаат наочари за пред комјутер. И ајде со татко ми на очно, па дури и докторот го убедував да ми даде некоја цвикера демек за одмарање... абе детска работа :rofl:
     
  8. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Уште неколку дена ќе ми ставаат фиксни протези па сакам да прашам нешто, дали кога ги ставаат протези те боли, затоа што премногу сум уплашена и не сакам да ги носам ама ете ќе морам.
     
  9. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    па види може да имаш болка бидејќи со самото ставање на протезата таа ти ги влече забите нели за да се исправат минлива е болката и не е страшна нема од што да се плашиш јас имам носено , мисли на тоа колку ќе ти бидат убави забите од кога ќе ги извадиш протезите :D
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    827
    Пол:
    Женски

    Не боли воопшто, нема дури и да осетиш :)
    Само првиот ден може амлце да те болат, мене воопшто не ни ме болеа, само малце :D
    Нема ништо страшно
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie.Angie

    Angie.Angie Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    9
    Една другарка планира да извади заб :o е сега сака да знае дали ќе и се подисправат забите кога ке се направи простор и за колку време може да се случи тоа пошо малку и се криви, а не сака да носи протези? :?:
     
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Мора да отиде на ортодонт, од кај да знаеме ние какви и се забите :D
    Во некои случаји може.
     
  13. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Нема да и се исправат забите на другарка ти ако извади заб, завите криви ке и останат и само ке се рашират дека има простор нели?
     
  14. Angie.Angie

    Angie.Angie Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    9
    Па не знам онака малку и се криви... таа мислеше дека со просторот што ке се отвори ке се поместат забите. Знам случаеви каде што се исправиле забите, но додека биле помали ваделе, најдобро нека не си се глупира и да се исправат подолг период сигурно ке треба :) :)
     
  15. scorpijagirl

    scorpijagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    и девојки како ви e во љувовта со фиксните ? ви сметаат ли?
     
  16. kika18

    kika18 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    имам дечко а треба да ставам протеза дали кје ми смета за мување? :DDDDDDD
     
  17. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Кажете ми нешто за тие ластичињата гумичките што се ставаат на горната и долната вилица, вчера почнав да ги носам,
    http://www.youtube.com/watch?v=zF0rOGwWx9g
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    48.952
    Пол:
    Женски
    kika18 и scorpijagirl Не и не. :D
     
    На scorpijagirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ash

    ash Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Бев на заболекар и ми кажаа дека имам длабок предгриз, па дали од вас се има сретнато со овој проблем, бидејки треба да носам протези :)
     
  20. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Носев фиксни протези додека студирав. И искрено-ми фалат! Ич не ми сметаа, добро одбегнував да се сликам со окезени заби, но не се срамев да се смеам громогласно и од се срце во друштво. И немавв проблем ама ич со љубовта. Баш тогаш имав најмногу додворувачи (некои од нив и познати градски фаци ;) ). Мислам баш им бев симпатична, онака слабичко девојче(добро си имав згодничко тело и милна фаца), ама најважен ми беше пристапот и односот кон сама себе-сигурна и без срам, без комплекси.
    Не запаѓај во бедови дека нешто тоа им смета на машките, барем од мое искуство, не е така.
     
    На scorpijagirl му/ѝ се допаѓа ова.