1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ^^Па забите можат да се вратат во правобитната состојба, ама сето тоа за да не се случи потоа кога ке ја извадиш фиксната се носи од оние што се вадат, мислам дека се викаат мобилни протези(апаратчиња), така кај нас ги викат. Еве јас носам 2години од тие што се вадат, и обично само навечер го носам, за да не ми се повратат забите, и има доста добри резултати но само ако се носи како што треба, според упатството од доктор.
     
  2. summer.girl

    summer.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Јас еве веќе еден месец ги носам.
    денес бев за да ми ги затегнат
    и многу сум среќна
    веќе се навикнав
    не ни забележувам дека ги носам.
    Денес пак ме болат но ке помине
    Веќе се забележува резултат и мноогу сум среќнааа.
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Е дечки пак јас, да бидам малку досадна. Не ми се доразјаснија некои работи, па јас за секој случај пак да си прашам. :) Знае некој колку чини мобилното апаратче, а колку фиксното? Отприлика колку се носи, знам дека тоа варира колку ти се искривени, а еве мене богами ми се многу. Може да се исправат забите од само носење мобилно апаратче и како се практикува, прво се носи мобилното некое време па фиксното или фиксното прво па мобилното, за да не се вратат пак забите? Како протезата може да се намести и да достигне некои заби што се ептен горе на непцето, ептен искривени, а другите се на место. И еве на пример мене скоро сите заби на горната вилица, највеќе десно ми се ептен горе, ама имам еден заб, на горната вилица, како што се првите два предни заба, е тој лево од нив.. ако ме разбравте :$ Епа кога бев мала, не сакав да ги вадам забите и секогаш плачев и врескав на забар од " неиздржливата " болка и почна трајниот заб да ми расте буквално позади млечниот, после бев на забар и го извадив млечниот, ама џабе овој трајниот веќе порасна и ден-денес ми е позади тој предниот заб и тој до него, од лево.. Го буткам, ама не може да се избутка пошто нема доволно место, и празнината се смалила со текот на времето :sweat: Сега ви изгледа глупо, незнам како да ви објаснам.. Знам дека ви поставив едно сто прашања, ама навистина ќе ви бидам благодарна ако одвоите време, прочитате и ми дадете некој совет. Фала ви. :)
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Дечко ми порано носеше фиксни протези и сега има преубави заби,поубави дури и од мојте.
    Значи фиксна протеза не може да се спореде со мобилна.
    Потоа од кога ќе ти се исправат забите ги вадиш фиксните и треба да носиш поинаов вид на протеза.
    Обично луѓево се залажуваат и носат мобилни протези од 400 денари и пак му се враќаат забите во првобитната положба.А постојат жици (чинам така ги викаја) кои ги носеш постојано и не се гледаат и чинат околу 2000 денари и се многу поквалитетни.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Незнам, јас не сум слушнала за жици :^) А како тоа не се гледаат? Јас сум слушнала за некои силиконски протези што не се гледаат ама викаат многу биле скапи. А иначе фала што ми спомна за ова со жициве, стварно не сум знаела. :)
     
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Тоа ти е како метална жица и стое зад забите од кога ќе ги извадеш фиксните протези и затоа не се заприметува дека носиш нешто.Се носи околу еден месец или два зависи кај секого е различно.
     
  7. 6TrUmFFeTTA

    6TrUmFFeTTA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас фиксната протеза ја платив 200 евра, а сега кога ќе ги извадам ќе носам мобилна и ќе ја платам 600 денари бидејќи можам да ја земам преку фондот за здравство. А каква протеза прво ќе носиш ќе ти каже докторот зависи од искривеноста на забите.
     
  8. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Жиците се носат подолго време по вадењето на фиксната протеза за да ги држат забите да не се раздвојат и вратат во првобитната положба. Јас носам такви. Се ставаат од внатрешната страна на забите и воопшто не се гледаат. :)
     
  9. 6TrUmFFeTTA

    6TrUmFFeTTA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Колку ги плати жиците, имаш ли некаков проблем при јадење, дали ти сметаат и дали ќе носиш потоа мобилна протеза?
     
  10. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Девојче тие жици ја заменуваат мобилната протеза.
    Кај нас во нашиот град те прашуваат дали сакаш да носеш жици или мобилни.
    Жиците се 2000 денари и мислам дека воопшто не боли кога ги носеш,како нешто најнормално се и многу се ефикасни.
    А девојчето не знам колку ги има платено.
     
  11. 6TrUmFFeTTA

    6TrUmFFeTTA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да, ама јас ќе носам жица на долната вилица, а на горната мобилна. Сепак фала
     
  12. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Јас од вчера почнав да носам мобилна.

    Сабајле во 3 се разбудив-6ките многу ме болеа,2-3 секунди ја извадив,пак ја ставив и си легнав...

    Упорна сум.Сакам прави заби!

    Морав прво мобилна зошто горните заби ги преклопуваат долните,па горните заби ќе ја уништуваа долната протеза.

    Мобилната ја носам кога можам.

    Е сега,сакам да прашам.

    Пример-ако ти дале рок од 2 години да ја носиш,но тебе ти се исправиле порано,дали ќе ти ја извадат порано или ќе трпиш до крајниот рок? :)

    Поздрав!
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на 13 годисна возраст носев фиксна протеза, а пред тоа ми извадија 2 цетворки, и а носев 1 и пол, наместо една година, бидејки од кревет не мозев да станам од здраствени прицини, и кога ми ја ивадија се бесе ок :rofl:
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    ЛејдиСтајл тие отприлика ти кажуваат колку време би ги носела . Мене за фиксниве ми кажаа година или година ипол а во јануари со горната правиме 2 , па во април со долната 2 години . Сега последен пат кога прашав зашто ме зафркава секој месец и ми рече таа може и сеа ако сакаш ама зашто ако си ги носела толку да не почекаш да ти бидат најубави ? И си реков има право и ок е .
    Сакам да кажам може ќе ти речат и помалце , а ти секако биди упорна . Правилно постапуваш ;)
     
    На LadyStyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Фала Душица :)

    Само уште нешто не ми е јасно-горната е супер прицврстена,но долната некако лабава е.Дали е нормално или НЕНОРМАЛНО :lol: ?
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ау... па не знам со сигурност да ти кажам ама чим е лабава валда треба да идеш да ти ја зацврстат . Во секој случај ако ти е сеа скоро контролата ќе си прашаш :)
     
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Јас носев 1,5 година фиксна протеза на горната вилица,помегу двата предни заба имав место колку една соленка да влезе толку мн ми беа разделени :lol: :$ но сега убавини со прави заби..Кога ја ставив од почетокот првата недела се секавам ужасно ме болеа забите т.е. ме чешаше жлабината од тоа што ми беа мн стегнати забите.Потоа се навикнав и не ми сметаа.Но пред се треба голема ХИГИЕНА!! обавезно миење на забите после секое јадење,тоа е мој совет
     
  18. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    За пари не знам, не сум ги прашала моите колку платија, но мислам дека тука беше негде 2-3 илјади. Не сметаат при јадење, не се ни чувствуваат, а мобилна имам, но не е класична, туку како проѕирна обвивка од силикон ми е што ја ставам на забите.

    Се извинувам што одговарам сега, но не сум ја отворила темава одамна. :$
     
  19. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Да,за отприлика 4-5 дена ми е :)

    Фала многу! :*
     
  20. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Никако не се откажувајте од мобилната! Носев фиксна 2 години, ми се исправија забите, ама кога ја добив мобилната ја поносев ден два а после прашина фаќаше по дома...и нормално си имаше последици, долните заби сите ми се вратија скоро ко претходно, среќа горе ми беа прави пред да ја стаам, а и си имав проблем со вилицата што ми го реши па како и да е вреди да се носи, а на металната насмевка се навикнува за брзо време..може ќе ја криеш на слики, посебно на оние сликани со блиц, АМА затоа кога ќе ја извадиш нема да престанеш да се смееш :)