Zdravoo! Pa vaka, moite zabi ne mi se nesho mnogu strashni no mnogu me nerviraat prednte dva posto mi se taka krivichki i nosev proteza mobilna okolu 2-3 godini a mozhda i poishe i sea se otkachav posho ne mi se iispravija i sakam fiksna da nosam. Mislam deka voopshto nema da mi stoi. No sea se raboti za ubavinata, a godina dena ne e malce no vo sporedba so cel zhivot so vakvi zabi e malce.. pa sea prashanjeto e sigurno postavuvano 100 pati na forumov ama pak da si prasham: - Dali boli dodeka gi nosish, dali posle vadenjeto treba da nosam mobilna i ushte nekoi opshti raboti ako mozhete da m kazhete za protezive b vi bila blagodarna ! pozz [mod-kirilica:t12h42bo][/mod-kirilica:t12h42bo]
Фала многу на одговорот...... И јас студирам и ги носам фиксниве веќе еден месец имам 21 год. Првите денови се чувствував чудно затоа и прашав во темава... најјак беше моментот ко се видов прво во огледало откако ми ги постави хаха ама сега полека полека си ги засакав и се смеам со самодоверба онака титануим смајл. Башка секој втор носит протеза . Иначе за болката кај сите е различно мене не ме болеа многу ,многу брзо се навикнав и има некои подобрувања.... да се надеваме на најдоброто хехехе И сеа ми преостанува да си ја освојам симпатијата хахаха
Иако веке неколку пати понаред е напишано пак ке ти повторам. -Боли само првите денови кога ке ти ги стеснат прстените,но не е некоја неиздржлива болка . -После вадењето секако ке треба да носиш мобилна протеза,но ако не сакаш мобилна можеш на забарот/забарката да им кажеш да ти ја остават фиксната неколку месеци повеке без да ја стегаат.Мене така ми напраи забарката за горната вилица,бидејки за долната не ја носев мобилната и неколку запчиња пак се изместија. -Најбитно од се е редовно да идеш на контроли,јас секој месец имав контрола и ПОСЛЕ СЕКОЕ ЈАДЕЊЕ ДА ГИ МИЕШ ЗАБИТЕ убаво и темелно.
Би сакала за мала помош или совет од вас тука на форумов особено до Annath како постручна во областа. Имам 23 и веќе 2ипол години носам горна фиксна протеза. Извадив 5ка и 6ка и сега пораснати ми се двете горни осмици и третманот е некаде при крај - забите ми се супер. Сега во дилема сум по вадењето дали да носам мобилна протеза или пак ретејнери(тенки жички) позади забите, што е поефикасно, со што е помал ризикот повторно да се изместат забите? Другата дилема ми е дали да ставам и долна протеза,бидејќи малку ми се изместени единиците, ми бегаат на едната страна за некој милиметар. Ортодонтот само ми вели дека е подобро да носам и долна.Јас искрено не сакав и доле да носам, но од едната страна ми е пораснат умникот, а од другата до пола и сега како што расте чувствувам притисок кон двојките и единиците напред и верувам дека повеќе ми се изместуваат. Па затоа изгледа ќе морам и доле да извадам некоја 4ка или 5ка и да ставам.... сепак сакав да слушнам некој совет и од вас тука... И дали би било поризично за горниве заби(мислам на изместување) доколку ја извадам горната па ставам долна?
Во принцип, добро е да се ставаат и горен и долен апарат истовремено, ако има проблем на двете вилици со забите. За долен апарат, дали да ставаш или не, зависи како растат умниците, дали и понатаму ќе ти прават проблем. Може и да нема потреба да вадиш здрави заби, кај долната вилица поретко се применува тоа. Ако ти смета искривувањето, можеш да ставиш и долен апарат, зошто да не, ама тогаш може е подобро ретејнер на горната вилица (претпоставувам дека наскоро ќе го вадиш горниот апарат). Што е подобро да носиш после вадењето на фиксниот апарат, дали мобилен апарат или ретејнери, тоа најдобро ќе ти каже ортодонтот, зависно од твојата ситуација. И едното и другото се ефикасни, само ретејнерите ги носиш постојано, подолг период, а мобилниот апарат го носиш само ноќе и кога имаш слободно време дома. Ако се носи редовно, не гледам зошто мобилниот апарат не би бил ефикасен. Забите ретко се враќаат во првобитната положба после носење на фиксен апарат, меѓутоа, ако се подрани со ставање на апаратот, тогаш шансите за враќање на забите постојат. Имајте предвид дека во текот на животот забите се движат постојано, не се статични. Одат према напред, т.е према средишната линија на лицето, меѓутоа тоа движење не е толку забележливо, а е сосема нормално. Кога никнуваат умниците, поради немањето доволно место (најчесто) вршат притисок и предизвикуваат изместување и искривување на забите. Затоа е пожелно да се стави фиксен апарат кога ќе се контролира ситуацијата со умниците.
Фала Annath Ќе треба да се обратам кај друг ортодонт за ретејнери, кај мојов нема опција за тоа...само мобилна давала после вадењето на фиксната, ќе ми биде незгодно после кога ќе одам повторно за долна протеза но тоа е тоа.
Едно прашање.... Некои личности што ги познавам, што носеле фиксна протеза им се исправиле забите, но по неколку години тие пак им се искривувале... Дали тоа е можноо???
После фиксна протеза се носи мобилна за да забите не се вратат. После неколку години не би требало пак да се искриват, но можно е. Можеби во периодот кога била носена фиксната протеза сите заби не биле никнати, па затоа после некоја година се искривиле. Фиксни не треба да се носат додека сме мали и уште имаме млечни заби.
Јас носев една година фиксна протеза, ми стоеше ептен слатко Немав проблеми со миризба или слично, не ги стргав забите после секое јадење, некогаш само и ги плакнев и немав никаков проблем. Верувајте, не е воопшто лошо, само многу е битно кај кој доктор ке одите..
Здраво сакам да прашам дали има некои ставано во државна-стоматологија фиксни протези?Доколку имате ставено какво искуство имате на државно?Незнам дали да ставам и на долна вилица протеза иако тројките ми се малце искривени..На горна вилица планирам да ставам не ми се многу искривени но загризот ми се спојува со долната вилица и поради тоа морам да ставам,исто така ми кажаа дека можам и со мобилна да ми се исправеле,но за тоа време што ке ја носам мобилната ке ја износам фиксната и ке ми бидат исправени.Помогнете ми со вашите совети фалаа
Многу сум исфрустрирана, затоа што како да приметувам докторката ми работи ради реда, а не како треба... случајно дознав во разговор дека меѓу просторот помеѓу горните и долните заби мене ми е поголем одошто треба (секако тоа е индивидуално, ама таа ниту ми спомнала нити ништо, а веќе пред вадење на фиксниве сум, доста време ги носам, стварно ме завлечка) следен пат кога отидов на преглед ја прашав дали треба така да биде, и почна да ми објаснува, ти ако сакаш може да се помести. (ма не ја дали сакам, туку како Треба да биде, толку пари фрлам за џабе?! ) и ми дае ластичиња одма, значи не било планирано ако јас не спомнев, и после ми кажа дека кога ќе ги носам мобилните ќе ги монтирале така да ми ја поместат вилицата за да се исправи тој простор, а во меѓувреме ми рече, 'јас секако ќе ти кажев дека така треба' (нешо у тој смисол) само мене ми е малце страв да не ми се измести долната вилица некако настрана... и ова не е единствено, имам и други ситни забелешки... којзнае можеби има уште некое проблемче, ама ја не сум ортодонт!! а пред да ја ставам протезата, колку убаво се однесуваа, зборуваа, ти даваат информации, само за да им станеш пациент... и сеа сакам да идам на преглед кај друг забар, чисто информативно туѓо мислење, малце е нефер, не знам ни дали прават, ни дали сакаат да прават такви прегледи кога веќе имаш ставено фиксни, ама јас давам пари и сакам работата до крај да биде добро завршена. а и не знам каде би идела, не им ги знам круговите, нели колеги ортодонти може меѓу себе си контактираат
Oди приватно негде само за консултација.Обично не сакаат да превземаат туги пациенти,барем јас коа ја носев мојата фиксна памтам на докторката и дојде туг пациент и нејкеше да го прими. Распрашај се ако имаш некој познат да те видат. Мислам тотално е непотребно кога веке носиш фикнсна,после со мобилна да ги доисиправуваш или не знам што да им правиш. Мобилната после се носи само за да не се вратат во првобитната состојба.
Не најдов тема за мобилни па затоа тука ќе пишам Не ми се толку криви забите и сакам да пробам мобилна протеза. Како што прочитав негде, некои се жалат од неа и викаат дека за џабе ја носеле. Некој што носел САМО мобилна нека ми сподели искуство во ЛП ако сака А и да, колку чини?
Може ли да ми препорачате и да ми дадете број на неколку ортодонти да се распрашам убаво околу протези? Фала
Ние одиме кај др. Маргита Смилева и сме многу задоволни. Бројот е 3178 650. Првиот преглед со совет е бесплатен, евентуално ако се решите да ги работите протезите кај нив, ќе ви направат панорамска снимка и таа чини 600 ден. Цената на протезата зависи од тоа каква ќе ви предложат и сл. „Обична“ протеза со жици чини 600 еур за двете вилици во готово, а ако плаќате на рати ќе ве чини 700 еур. Контролните прегледи се влезени во цената, значи не ви ги наплаќаат посебно.
Здраво, нова сум на Фемина, поточно бев регистрирана и порано, но си го заборавив пасвордот хаха Исто така, вчера ставав фиксна протеза и многу ме боли, вчера ставав горна, деновиве и долна...Сакав да ве прашам тие што носите подолго време...за колку време сте се навикнале на протезата, колку време сте чувствувале болка по првото ставање на протезата? И дали сте се бакнувале? И дали сите протези имаат гумички, бидејки мене не ми ставија, незнам зошто и малце ме гребе.Фала однапред Ве молам, ако може да ми одговорите што побрзо за да знам што, како, фала.
ја носам протези веќе подолго време, првата недела и мене ме болеше и неможев ни да јадам, но многу бргу се навикнав и сега си немам никакви проблеми со нив а за бакнување немај си гајле не сметаат
подолго време сум размислувала да ставам фиксни протези, но се немало пари загризот на горната и долната вилица ми е прав, долните заби ми се прави само тројките ми се ужасни настрана и остри горе, горните заби ми се прави само што имам раширени единици, големината на забите е правилна и нормална.. шеските ми ги извадија затоа што немав место каде да пораснат 7-ците, сега се е потполнето, но имам место и за умници (правев снимка). тоа е околу моите заби! имам неполни 23 години и се мислам дали би ми помогнала мобилна протеза за да си доближам забите горе (што не ми е некој проблем) повеќе сакам долните 3ки да ги исправам како ѓавол сум во профил незнам дали ке има ефект или да ставам фиксна протеза , колку чини со силиконски гумички а колку со железни??