јас моментално носам само горна фиксна,и заболекарката ми кажа дека мора и долна да носам за да не ми се вратат забите како во првобитната состојба. Инаку штознам консултирај се со заболекар ако долу ти се прави забите можеби и не треба да носиш сепак ти разговарај си со заболекар
Мислам дека не, јас само горе носам долу не.. Долу ми се прави ама малце искривени, треба понеделник да земам мобилна за долу Сепак прашај на заболекар.
Ако само долната вилица треба да се корегира може само доле да ти стават, а инаку кога ја ставаат не боли, ама два-три дена после ставањето додека да се навикнеш боли малку
фиксна протеза Здраво!! девојки кажете ми ваше мислење........Дали да ставам фиксна протеза(некако срам ми е) 25 години сум али ми треба такво нешто предните заби ми се разделени прилично повеке ама не е многу лошо баш интересно ми седат на мојата фаца.........се плашам да не треба да ја носам повеке од година и пол
Ве молам да ми препорачате некоја ординација по можност во Аеродром, и дали има некој што носел протези или носи од Ортовизија-М или Ортодонција-М? Ако има некој од овие две ординации ве молам нека ми напише мислење и дали е задоволен од резултатот. И ако некој ставал во Јане Сандански да ми каже дали се задоволни и од кој стоматолог. Ви благодарам однапред
Немој во Јане Сандански! Ќе те втаќаат 100 пати, мене така ми правеа. Ќе отидам таму и: аа девојче мала си уште...ова треба она треба.... Инаку мене ми ставија во една ординација во зградите позади палма (слаткарницата). Спојлер Ама не во ендомак. На сите кога им кажувам за таму мислат. Во зградата позади Ендомак. А инаку незнам како се вика ординацијата
А колку ти наплатија во твојата ординација? И задоволна си од услугата сега за сега? За Јане Сандански не би требало да ми викаат дека сум мала бидејќи имам 16години мислам дека сега е време за носење протези па можеби и сум закаснила малку
Јас како мала одев во Јане Сандански за фиксна протеза, кај една докторка, не и го памтам името и стално ме маткаа. Ми викаа, е па треба да се сменат сите заби, па овој ти е расипан... Два пати ми земаа мерка и ништо... Не оди таму.
Јас носам протези од Ортодонција-М скоро една година веќе и можам да кажам дека сум задоволна, пред се докторката многу убаво и внимателно работи (посебно за личност како мене што се потресува од стоматолози ), а она што ме убеди да ја изберам таа ординација е тоа што не ти вадат здрави заби (сеа не знам дали баш во сите случаи, ама мене сегде претходно ми викаа дека ќе треба да ми извадат некој здрав заб па да ставам протези, а тоа не сакав НИКАКО). Кога отидов на преглед докторката се убаво ми објасни, и рече дека нема потреба да се вадат здрави заби, што ми беше најбитно (да се решев да одам во претходната ординација ќе си останев без заби ). Резултати имав за многу брзо време по ставањето, забите што ми беа искривени се исправија, но уште треба да ги носам протезите за да се доведат вилиците во ред, па се надевам крајниот резултат ќе биде најдобар што може. Контролите се баш тогаш кога си закажал, не се случувало да ти откажат или да презакажуваш или па да чекаш пола саат. Се на се многу добро и професионално работат. Јас ти ја препорачувам ординацијава.
PinkSparkle за која цена ги зема горните и долните протези од прика и каде точно се наоѓаат тие Ортодонција-М ?
Вкупно цената за горната и долната протеза беше 700 евра (во претходната ординација кај што бев ми рекоа 600 евра ама реков ќе платам уште 100 евра само да не ми вадат здрави заби). Инаку се наоѓаат во Аеродром, кај трговскиот Бисер, поточно некако позади трговски му доаѓа, има таму како пазарче на отворено и има тука Тинекс маркет, е баш кај скалите кај Тинекс се качуваш горе и таму е ординацијата. Ако те интересира уште нешто слободно прашај
Јас платив 1300 евра во ендомак за фиксна протеза(метална), ја ставив пред десет дена . Е сега скапо е ама се надевам дека ќе вреди . Едвај чекам да го видам финалниот резултат
Ајде нека ми одговори некој што подолго време носе фиксна протеза. 1. Какви ви беа забите пред да ја ставите протезата? (кои заби ви беа криви) 2. За колку време откако ви ја ставија протезата ви се исправија забите? Некои велат за 1-2 месеци се исправуваат забите, но требало да ја носиш подолго за да не ти се вратат. Јас ја ставив пред 1 месец и воопшто не ми се исправени забите ниту малку :/ .. Напред двата заба ми се криви на горната вилица..
^Пред протезата, не сакаш да знаеш какви заби имав Значи секој заб беше крив, некој помалку, некој повеќе. Ја носев 1 ипол година, а подобрување имаше уште првиот месец. Ако не ти се криви многу, може и половина година да ја носиш А по фиксната обавезно носи ги мобилните! На една школска и се вратија во првобитната положба дека не ги носеше!
Е колку време треба да се носат мобилни? не можам да ги трпам преку ден , само ноќе додека спијам, иначе докторката ми препорача почесто носење
^Мене ми беше кажано 8 месеци да ги носам. Ама веќе помина година и јас сеуште ги носам Си имам некоја фобија дека ако не ги ставам 1 вечер, значително ќе се искриват хаха Како што тргнало, цел живот ќе се влечам со протезиве