Сум носела мобилна протеза од 6 години (во I одделение ја зедов првата), сменив неколку и носев се до II година средно... Секако ја носев само за спиење, многу шушкав кога зборував... Станува збор за мнооогу долг временски период ама презадоволна сум од резултатите, сум имала многу криви заби, секој терал своја политика, ама сега добивам комплименти за забите...
МацаЛав јас носев протеза, ама одамна. Значи мене бидејќи многу ми беа искривени забите и мораше да ми се извадат 2 здрави заба. Имам другар стоматолог и ми кажуваше дека сега веќе е многу поразвиена медицината во врска со тоа и дека не практикуваат вадење заби. Тебе докторот ли ти препорача вадење ?
Ова ти го гарантирам, и не станува збор за тесна вилица туку за ,,широка'' бидејки , се вади заб, и тогаш доага ред на стеснување на вилицата, правејки простор за исправување доколку го нема, и враќање на забите поназад доколку се нададени кон понапред. Ваков случај беше со брат ми, за година и пол со фиксна, со вадење на 5ка, сега изгледа како никогаш порано.
Не се секирај, сум видела 40-годишни жени што си носат протези Доколку стварно ти е срам, можеш да си ставиш силиконски, безбојни се и не се забележуваат многу, но сепак поскапички се Изброт е твој
Немам отидено, зошто собирам пари. Мене ми се многу искривени, периодов горните уште толку ми се искривија, и се бедирам многу. Работата е што сакам онакви невидливи, коска боја или позади заби, ама знам дека многу време треба. Би извадила 2 ако треба, ако ми остане простор секогаш ќе можам импланти да ставам.
На доктор ќе ти кажат дали има потреба од вадење заби или не. Инаку јас носев метална. Тие невидливите се порцелански, а за таква позади заби не знам. Се’ зависи од искривеноста на забите, на доктор најубаво ќе ти кажат.
Колку чинат горна и долна протеза во државна во Скопје.. јас имам носено пред две години, 600 evra ми фатија
Позади заби, односно лингвална, се става на долната вилица само, а и за неа треба да има индикации. Реално, помалку ефикасна е од обичните. Направи рентген, оди кај ортодонт, ќе ти каже дали има потреба од вадење. Доколку треба да ставиш фиксна, биди истрајна многу. Процесот е долг, треба да ја носиш неколку години, а потоа треба да носиш мобилна, односно ретинер уште толку, за да не ти се вратат забите во првобитната положба. Тебе забите ќе ти се исправат уште првите неколку месеци (ако се си тече нормално), ама како што кажав, мора долго да се носи за да не се вратат. Ќе имаш болки, ќе ти смета се првите недели, дури и малку при говор ќе смета, ама се е навика, така и ова. Вреди за убава насмевка
Се извинувам, направив грешка, наместо порцелански, сум пишала силиконски, ахх ЛејдиНитро кај ти е главата
дечки, препорачајте ми добар стоматолог во Скопје, зошто носев фиксна протеза, ама после неа ортодонтот не ми даде ни мобилна ни задна парцијална мобилна ко што ставаат некои после фиксната, и забите ми се повратија назад. сакам да си ставам мобилна, или таква одзади само на еден заб, но не знам добар стоматолог
Можеш да ја посетиш д-р Валентина, соработува со фондот и бесплатно ти изработуваат 3 мобилни, пошто нели треба да се менуваат. Ординацијата е во Аеродром, на Трета Македонска Бригада, спроти Тинекс. Многу е добра во својата струка, иако е малку напорна дека многу збори ахаха. Пиши ми ЛП ако сакаш бројче да ти дадам
прашање едно, можно ли е да ми стават само едно како да кажам коцкичка фиксна на тројката, дека ми е изротирана а др заби ми се прави, па да се прикаче само на неа или тоа не е изводливо па ќе треба да носам на сите заби? ако некој знае малку постручно нека ми каже? исто и на долната велица сите ми се прави само тројките ми се изротирани? некој совет, мислење, знаење?
јас знам само дека една брикета е неизводливо да ти стават, затоа што таа треба да се поврзе со други со жица за да има ефект... е сеа можеби може и со мобилна ако е малку искривувањето, но најубаво е да те провери стоматолог и да ти предложи...
Од 7 години па се до сега имам променето 3 протези мобилни. На 7 години ми направија протеза за предните заби горе и ми се исправија и ми се немаат разместено а ептен ми беа криви, едниот ми идеше настрана а другиот нанапред По некое време 3 години мислам дека, ми направија нова протеза за двојките и тројките горе со штрафови кои требаше да ги вртам за да се направи место. И после 2 години ми направија нова која ја носам и ден денеска и сум многу задоволна. Ке треба да ја носам уште малку време. Точно е дека мобилните протези треба да се носат подолго време ама мене многу ми помогнаа.
Не сум сигурна, но мислам дека немора да се стави фиксна на сите заби, туку може да се стават брикети на тројката, четворката, петеката и така навнатре. Но сепак, треба да се консултираш со ортодонт