Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Јас носев фиксни 2 години. Чувството е ок, само на почетокот треба малку време за да се навикнеш а и малку ќе те болат па не треба да јадеш тврда храна. Потоа јас се навикнав и кога ми ги извадија ми беше пак чудно без нив :D
     
  2. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И јас треба да носам протези, многу ми се криви забите :worried: Како што знам за да носиш протеза треба сите заби да ти бидат направени.Океј ќе си ги направам, но проблем ама кој ќе ги вади двете 6ки? :( Тие ми се проблемот. Мора ли за да носиш протеза сите заби да ти бидат направени? Јас сакам да ставам фиксна протеза, ама страв ми е како ќе изгледам со неа, а и полуматура имаме сега, а мобилната не знам дали ќе ми ги исправи :(
     
  3. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Јас носам ама мобилна и веќе 1 година и ми многу ми помогнаа :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.855
    Допаѓања:
    202.968
    Пол:
    Женски
    Може, ама зависи од ситуацијата. Јас лично, пред петнаесет години успеав само со еден брекет од фиксен апарат и постојано носење на мобилен апарат да извлечам заб кој беше хоризонтално поставен, во вертикална, правилна положба. Значи, зависи од ситуацијата. Ова твоето може да се среди и со мобилен апарат, само треба упорност во носењето.
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Носам фиксни протези веќе година ипол, и многу ми помогнаа. :) На почетокот првите денови ме болеа забите, ама полека се навикнав на нив и сега веќе не ги чувствувам. Понекогаш ме болат исто така кога ќе појдам на контрола и ќе ми ги сегнат протезите, ама за кратко време поминува. Не знам уште колку време ќе треба да ги носам, затоа што ми помогнаа тоа што требаше.
     
  6. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Колку чини мобилна протеза и за горна и долна вилица,веќе го имам искористено социјалното.Сега имам 18,забите не ми се мнооогу криви :)
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.467
    Допаѓања:
    33.834
    Пол:
    Женски
    Носам мобилна протеза(и горе и долу)скоро веќе 2 години...им велев фиксни да ставам-нема потреба...добро :)
     
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Имам рана во устата од жиците докторката ми рече некој гел да земам Силкосерил мислам беше ама мн ми е скап 500 ден,кажете некоја поефтина варијанта ?
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    15.049
    Пол:
    Женски

    и мене ми се направија рани :( и на горната и на долната од жицата, па ако може нека предложи некој патем и јас да си земам :?:
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Dental wax, иако мислам би требало забарките да ви дадат уште денот кога сте ги ставиле протезите.Јас ставав првите денови и супер ми беше :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Инаку, заборавив да кажам, си ставив протези пред 1 месец и уште сега сум многу задоволна, зашто одма приметив исправување што и други можат да приметат минимална промена. :) Немав никакви проблеми, освен нормално првите 2-3 дена што имав непријатно чувство во устата, и ми се направија рани на образите ама си ставив восок и не чувствував ништо. За болење не ме болеа, само кога јадев потврда храна двојката и тројката ме болеа. Не ми се комплекс воопшто, баш се радувам што ставив дури и интересни ми се, и баш сум самоуверена зашто сум кон патот на мојата нова насмевка. 8)
     
    На love.a7x и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    3.726
    Јас ги носам веќе трета година, доста исправени ми се уште малку ќе ги вадам :rofl:
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Девојки може да ми препорачате некој добар доктор/ординација во Скопје и да работи после 17ч?
    Забите не ми се лоши (сепак далеку од совршени) ама матичната забарка веќе во неколку наврати ми нагласува дека имам многу лош загриз и треба да носам протеза за да ги средам бидејќи понатака може да ми се јават проблеми и парадентоза.

    Ако не е проблем пишете ми ЛП, благодарам однапред.
    :)
     
  14. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Мислам дека имате сосема право да си побарате од ортодонтот восок, колку што знам сите даваат. Со восок немате гајле.

    Јас носев протеза скоро две години и среќа ја имав најдобрата забарка во Скопје. Имав многу зезната ситуација а сега нема човек да не ми рекол дека имам многу убава насмевка. Невиден професионалец што многу добро си ја знае работата. Дури на крај жал ми беше што ја вадам протезата. :lol:
     
    На kala21 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    81
    Дали има друг начин на исправување на заби освен со протези ? Ве молам за одговор побрзо. Фала ви.
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Ме интересира колку време се носи фиксна протеза, мислам наjкраткиот и наjдолгиот период..и дали на 24 години може да се стави протеза?
     
  17. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Немаат врска годините со протезата, на колку сакаш можеш да си ставиш.

    А за тоа колку време ке ја носиш може само стоматолог да ти каже, во зависност од тоа во каква состојба ти се забите и колкава промена треба да се направи. Нема некој си стандарден "најдолг" или "најкраток" период. :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Моја другарка носеше фиксна протеза само 7 месеци. Забите и' беа прави, ја носеше само за да го коригира загризот кој не и' беше правилен и за 7 месеци ја извади. Забите и' останаа во истата положба како кога ја извади. Јас немам слушнато за пократок период на носење протеза освен овој на другаркава.
    А за најдолго, познавам девојка, комшика моја, која што носеше фиксна протеза цели 8 години, можеби и повеќе. Но добро, ова кај неа беше екстремен случај, забите и' беа катастрофа и протезата направи чуда кај неа.
    Инаку, просекот е околу година ипол-две :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас носам фиксна протеза на горната вилица 1 недела. Првите денови забите не ме болеа, но ми беше тешко да се навикнам да јадам, а и сеуште не сум се целосно навикната. Забите не ми се криви, но многу ми се раширени и поради тоа кога ќе ми се зближат ќе ми стават навлака на еден заб, бидејќи ми е потесен од другите. Мобилна протеза носев 2 години, подобрување имаше минимално. Контролите ми се на 1 месец, а на првата контрола ќе ми стават протеза и на долната вилица. За сега ова е моето искуство со протези. :D
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Јас го користам Gingival gel 45 ден. од аптека, а во некои може да го најдете и за околу 90 ден. затоа рашетајте низ аптеките. Ептен е ефикасен.
    [​IMG]

    Може да се ставиви протеза кога сакаш небитно од годините еве јас имам баш 24 год. ставив фиксна месецов. За носење мене ми кажа година ипол, две зошто имам лош загриз, ама и тоа си е индиидуално моја дргарка ги носеше три години, а и знам за дечко кој ги носел пет год.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.