Мислам дека знам за што зборуваш. Забите не ти се напред, туку вилицата. За вилицата да ти се исправи се носат и горе и доле протези и плус ластичиња. Ластичињата ги носиш неколку месеци, зависи ефектот. Внатрешната протеза се носи од кога ќе ти ја извадат обичната за да не ти се повторно искриват забите, или барем јас така знам и кај нас е така. Цената на внатрешната е околу 4000 или помалку.
Мој совет од искуство -носете ги барем 1 година оти јас ги носев само 8 месеци и ми се вратија на крајот излезе џабе времето,нервите и парите за се крива е мојата докторка....
ги носам веќе 4 месеци и многу сум задоволна од резултатот, горе скоро и да ми се исправија, долната малку побавно ама имам многу криви тројки, сега ми ги ротираат а после ќе ги редат/зближуваат.. Имам едно прашање, доле немам 6-ка а имам 7мица и сега како таа дупка од 5ка до 7мица ќе се спои? сигурно нема да чекам со протезите, а другите заби да се наредат има место и пак ќе остане дупка?
Не се секирај и јас исто ко тебе доле ненам шестка, ама ми кажа дека со протезата ќе се спојат забите и нема да има празно место.
300 или 400 евра зависи каква сакаш и каде ќе ја ставиш, мене 300 евра ме чинеше обична фиксна протеза
300 евра е обичната (железна) фиксна протеза, а 600 евра е порцеланската фиксна протеза (што не се гледа).
А за оваа внатрешната откако ќе се извади протезата т.е. жицата што се лепи одвнатре дали помага? мене ми е страв повторно да не ми се вратат забите како најпрво.... Спојлер А не ли е 2000 ? Јас кога прашав толку ми рекоа... е сега погрешка да не сум слушнала
Таа протеза, ако може и протеза да ја наречам се лепи на забие некако внатре. Тоа е ептен тенка жица, не ја осеќаш но има дејство и нема да дозволи забите повторно да ти се искриват откога ќе ја извариш фиксната. Кај нас е 4000. Штом ти кажале 2000 можеби е така.
Носам протеза точно 1 година, и планирам уште некое време.. Мене веќе ми се прави но има ли можност да се искриват ?
Тоа зависи од твојата вилица... Конкретно имам другарка која носеше фиксна протеза 2 години, потоа уште една година мобилна, која нели задолжително се носи по фиксната... Откако завршија тие преплети, забите повторно почнаа да и се криват и извади две 7ки, оти и сметаа и има тесна вилица. Сега, забите повторно и се малку искривени, но тоа е максимумот. Има ефект од целиот процес во споредба - пред и потоа -. А на пример јас сум носела само мобилна протеза долго време, имам спомнато и претходно, и забите ми се навистина фантастични. Значи се зависи од твојата вилица...
Оваа година сум полуматурантка, криви ми се запчињата малку и ме прашаа дали сакам фиксни или мобилни и одбрав мобилни, затоа што не сакам да бидам полуматурантка со фиксни а сакам да носам фиксни, но само поради полуматурата, не сакам
^Носи ги сега, дур си помала. Кога ќе бидеш прва таман ќе си ги извадиш и ќе си имаш прави заби. Не се замарај за тоа дека на полуматура ќе имаш фиксни. И јас имав па што?? Никоме ништа! Така да стави си фиксни и не се притресувај
Подобро ти е сега да ги ставиш. Јас во Февруар пред полуматурата ги ставив. Нема врска полуматурата. Поубаво ти е сега за побрзо да ги извадиш во средно кога ќе си. Сепак твоја е одлуката
здравоо сакав да прашам дали некој од форумов имал одвоени зааби ги средил со пртоези и за колку време а и колку чинела ? јас имам премногу прави и бел изаби но предните 2 ми се одвоено што тоа многу ме нервира. фала однапред
Користам апаратчиња и горе и доле, не ми беа одвоени, но криви, за одвоеност рекоа дека со тек на времето ќе се доближат, а ако не бива така, стоматолог да посетиш, а апаратчињата, се 3 апаратчиња до 18 години бесплатни се
Јас треба малце долна протеза да носам. Отидов нели за контрола да видам цена и што како,таа ми вика прво требало да се стави горна протеза затоа што сум имала некоја болест да ми опаѓаат забите горе,а мене ми се здрави прави ниту еден заб ми нема паднато траен да не даде господ хаха.И не ми дава да ставам долна,морам горна прво.. И така се договоривме со мама понатаму,не ми се толку криви
Добро луѓе,се зезате или што е работава?Внатрешна ми рекоа 200 евра дека е а тука ми зборите 4000,водов пред некое време 100-150 евра тука пишува мене 690 евра ми рекоа приватно државно околу 300,400 :? Инаку може на недораснати заби да се стават или не?Мислам на седмиците што 3 ми се израснати 4тата ми се нема ни малку појавемо а со заби ко трактор измеѓу нив да ми поминал у средно не идам.