1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Е и јас сакав да прашам нешто. :$ И мајка ми рече имало како некоја протеза, силиконска ја викале :^) ама ми рече многу скапа била.. Оваа твојава мобилната вака ти се приметува кога ја носиш или не? И колку пари е, како класичната мобилна? Фала. :*
     
  2. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    И јас сум слушнала дека има силиконска протеза што е многу скапа и тие желевцата што се лепат на забите биле проѕирни. Не знам ни каде има ни како, а не ми ни текнува кој ми кажа. :$

    Инаку мобилната моја не се приметува баш, бидејќи е проѕирна, како на сликата. За пари, искрено, не знам, не сум прашала.
    [​IMG]
     
  3. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Whatsername, ова на сликата е силиконска навлака. Ја даваат на тие што имаат бруксизам, чкрипење со заби, за да ги заштити од разјадување и кршење. Нема никаква улога во поместувањето на забите! Знам затоа што јас имам бруксизам, и мојата докторка ми препорача да носам, и ми покажа иста ваква навлака како на сликата.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Девојки, еве слика од тоа како изгледаат тие „силиконските“ фиксни апарати.
    [​IMG]

    Не се силиконски, туку керамички, силиконот не врши работа во поместувањето на забите. Вику убаво ви кажа дека тоа претходно е само навлака која се користи за заштита на забите.
    Инаку керамичкиве се малку поскапи, ама и подолго време се носат, барем искуството така покажало.

    А дали знаете дека има и вакви фиксни апарати? Не ви кажале вашите стоматолози? Бидејќи ги има и кај нас, само исто се малку поскапи од обичните... ама штосни се, нели?
    [​IMG]
    еве како би изгледале на забите (ова е сепак само модел, не се вистински заби)
    [​IMG]
     
    На viki44e и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Лингвалните фиксни протези, поточно, фиксните протези кои се ставаат од внатрешната страна на забните лаци, од страната на јазикот
    [​IMG]
     
  6. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    еве неколку слики
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG](долните)
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Има фиксни протези што се ставаат од внатрешноста на забите? :) Не ми текнува кој спомна, имало жици што ги заменувале мобилните протези и се ставале од внатрешноста. А за ова не сум знаела. Ми се свиѓаат а и бар нема да ми се гледаат. :) А да не знаеш колку би чинеле отприлика? :*
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Мислам дека иста е цената, бидејќи за истите се работи. Само што, не сум сигурна за ова, ортодонтите не ги препорачуваат, бидејќи внатрешната страна на забите е малку помала од надворешната, па брекетите немаат доволно простор за да налегнат со целата површина на забот и полесно ќе се одлепуваат, што значи дека и не се толку ефикасни. А и за докторите и за пациентите е полесно кога брекетите и жиците се од надворешната страна, т.е видливи. За тоа кој метод ќе се користи за одржување на положбата на забите, дали ретејнери (лингвални жици) или мобилно апаратче, зависи од случајот. Како и да е, најважно е да се одбере правилното решение за секоја ситуација.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
  10. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Порцеланските протези се многу поскапи, околу 1200 евра се, а лингвалните (од внатрешната страна на забите) се 1500 евра, многу се комплицирани тие за местење и одражавање, а и јазикот многу пати од нив.

    Најдобри се обичните фиксни, а и најефтини се.
    Јас моите ги носам 15 месеци, а планирам уште толку негде да ги носам. 500 евра ги платив и сега не плаќам за контроли.
    Како е кај вас?
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    а како да знаеме дали имаме бруксизам?
    јас мислам дека го имам, али мислам..сепак, како да бидеме сигурни? бидејки тоа нели во текот на соно т.е. спиењето, воопшто не го осекаме..
    одговор некој? :?:
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Се забележува на забите - има изразено трошење на предните заби, и тоа не е рамномерно. Ако некој спие со тебе во собата, може и да го слушне чкрипењето на забите. Се јавуваат болки во виличните зглобови и ушите при џвакање; џвакалните мускули наутро се згрчени или те болат; не многу силни утрински главоболки - сето тоа може да бидат знаци дека постои бруксизам.
    Причини за бруксизам: стрес, постоење на неправилности во забните низи (искривени, неправилно поставени заби) или пак некои лекови (ова е многу ретко). Се лечи со отстранување на причината, односно користење на соодветни штитници за забите при спиење.
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Имам едно прашање.. за ова со бруксизамов, и јас исто на моменти си 'чкрипам' со забите, најчесто со предните, како да кажам ги тријам и на едниот преден заб малку ми е нерамен. Ноќе мислам не правам така. А другарка ми има страшна навика, со сите заби чкрипи и ужасно е приметливо ама нема никакви проблеми, не и се одронети забите ни ништо. :^)
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Девојки а тие жиците се тргаат? Баш убава работа, би сакала жици да носам затоа што грозно ми мириса мобилната протеза (погрозна миризба никогаш не сум осетила :puke: а во уста го ставам) и поради тоа секоја вечер ја трлам со четката и паста.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски

    Зависи од самите заби, од тоа колку се склони кон абразија. Некои имаат поцврсти заби, некои попорозни заби. Ама за да има изразено трошење, потребно е подолготрајно дејство на силата на џвакалните мускули, што обично се случува ноќе, несвесно. Иако има и луѓе кои постојано чкрипат со забите и преку ден, без да се свесни за тоа, а причината е нервоза, стрес.


    Сите мобилни апаратчиња така мирисаат, поради материјалот од кој се направени, а посебно, ако ги носиш подолго време. Биди упорна, кога ќе имаш резултати, ќе заборавиш на миризбата ;) Само ти продолжи да си ја чистиш како и досега, но да не ја чуваш во вода кога не ја носиш.
    А жиците не се тргаат - кога ќе ставиш фиксен апарат, нема вадење најмалку 6 месеци до година дена. И мораш после секое јадење да ги миеш забите, ама баш после секое. Не дека кога немаш протеза не мораш да ги миеш после секое јадење, ама кај фиксните апарати е особено изразена потребата од орална хигиена.
     
  16. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Јас 3 години носев фиксни... Забите ми беа маалце забегани..Едната диница ми беше малце над другата, аа имав и качор. Заболекарот ми рече дека можеби ке треба и заб да вадам ( :sweat: ) за да ги извадам за 1 година.. меѓутоа, јас не баш многу сакам болка ии си ги износев долго време.. баш интересни се, со тек на време се привикнуваш на нив. На почетокот многу ме болеа забите, неможев ни вода да се напијам, по потоа ми станаа секојдневие. е сега си треба хигиена да одржуваш, после секој оброк да си ги миеш. јас за тие 3 години се откажав од грицки, како сончоглед и семки (кој би поверувал...) аа кога ги извадив се чувствував како воопшто да немам заби.. толку чуден филинг, што во еден момент ме фати паника дека навистина немам заби.. :D :D потоа, уште 1 година носев мобилни протези, и сега забите ми се ко бисерчиња ( :D кој нарцис )
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Блазе си ти, аа извинете малку ако е глупо прашањево што е тоа качор? :$
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Блу еве ти глупав одговор :D Не шала на страна, со качорите нема зафркавање, не знам точно стручно ама знам дека качор е искривен заб што стрчи горе над другие заби.
    Е сега и јас имам едно подпрашање очекувам стручен одговор
    Од што се криват забите? Мислам која е причината што забите растат криви?
    Некој има еден крив заб, а сите други му се прави, на некој сите криви, некој па нема ни еден крив.
    Дали генетиката е во прашање или положбата на забите , големина на вилица не знам.
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311

    Хахаха :D Јас мислев дека е нешто друго.. Епа тогаш и со ова моево нема зафрканција.. И јас имам такви, и тоа не еден, повеќе се. :!: Ја прашав мајка ми, ми рече нема везе, тоа забарот ќе средел, он знаел како треба. Офф лелеее.. тешко мене. Кои проблеми си ги имам со забиве. :@
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    А инаку за тоа што праша, забите се криват, зашто не се вадат некои на време, па некои растат подоле, некои погоре, некој повнатре а некои се поиспакнати. (барем јас ова добро знам. |( ). А еве на пример на другарка ми сите заби и се прави, само еден и е крив и поиспакнат. Ја прашав зашто, и ми рече дека тој покасно го извадила млечниот, а тој што не требало до него го извадила порано и затоа овој немал место да расте и така се направил. Ако ме свати нешто. :lol: А исто може да се причина и овие три фактора што ти ги наброја. :)