Девојки,да ве прашам.Дали пред да се стават фиксни протези мора да извадат, на пример четворките ако тројките се криви? За да дојдат на место,или пак зависи од просторот што е останат? Ако нема доволно место се вадат заби или посекако? И дали има добар ефект од мобилните протези? Не сакам да носам фиксни протези,одвратни ми се.
се зависи од од големината на вилицата. ако ти е доволно голема вилицата и има место за забите тогаш нема потреба да се вадат заби,а ако ти е мала и ако нема простор за останатите заби убаво да си завземат лежиште е во тој случај да. а за мобилните протези треба да си ептен истрајна и да ги носиш колку што е можно подолго во текот на денот ако сакаш добри резултати, ќе видиш се во договор со стоматологот
Се зависи од вилицата, јас ги имам извадено сите 4ки, а 3ките не смеат да се вадат колку и да е крив забот ќе се среди тоа со протезата, инаку мој совет ти е подобро да носиш фиксна, подобро ќе ти се исправат забите, а мобилната ми е малтретирање и тоа имам носено ( инаку ги носев само на спиење дека преку ден е речиси невозможно освен ако не седиш по цел ден дома ) треба многу време да се носи за да се добие добар резултат, а и не се толку ефикасни како фиксните, ако треба сега да носам пак протеза воопшто не би се двоумела и ќе прифатам фиксна !
Забрането е со закон да се вадат заби за протезите. Така ќе ти ги стават. Ефект од мобилните не очекувај, т.е не очекувај драстични промени. Сепак друго е кога ќе ставиш фиксна.
Како може да е забрането, а што ако немаш место во вилицата како мене на пример, имам големи заби а мала вилица и каде ќе ми одат забите.. Прв пат слушам за ова ..
Мојот стоматолог кажа дека е забрането вадење на заби за протези. Јас пред да ја ставам протезата бев кај други стоматолози и сите сакаа да ги извадат тројките, кога отидов кај таа кажа дека е забрането и не смее да вади заби. Забите ми се прави сега. Иако многу кажаа дека треба да ги извадам. Едноставно е, забите ќе си најдат местото.
Јас сакам фиксни протези.Модерни и корисни се.А мене ми треба,штета што моментално неможам да си ја дозволам.Сега носам мобилна,ама воопшто не е корисна.Сум ја носела и пред неколку години,ама и тогаш ништо.Сега пак обиди,ама ништо работа небива и овојпат.Чудо,што вилица ке имав јас.
Мене мобилната протеза ми помогна малку од малку. Да jа носев редовно ќе имаше подобри резултати... Сега ќе ставам фиксна протеза. Прочитав тука дека после фиксна сте носеле и внатрешна протеза, па и мобилна. Колку долго мора да се носат овие? Мене на забно ништо не ми спомнаа за ова...
Мојот стоматолог кажа дека е забрането вадење на заби за протези. Јас пред да ја ставам протезата бев кај други стоматолози и сите сакаа да ги извадат тројките, кога отидов кај таа кажа дека е забрането и не смее да вади заби. Забите ми се прави сега. Иако многу кажаа дека треба да ги извадам. Едноставно е, забите ќе си најдат местото.[/quote] И јас кога ставав протези стоматологот нит ми кажа дека треба да се вадат заби нит ништо. Мене ми беа искривени само 1-те и нешто од позади, али во секој случај вадење немаше. И сите кога ме прашуваа дали сум вадела заби им кажував дека ниту еден заб немам извадено, а сепак си носам протеза. И забите сега ми се супер на место уште од кога ја извадив протезата ми се немаат ич поместено или искривено. Затоа пред да ставате, убаво прашајте си да не вадите за џабе.
И јас кога ставав протези стоматологот нит ми кажа дека треба да се вадат заби нит ништо. Мене ми беа искривени само 1-те и нешто од позади, али во секој случај вадење немаше. И сите кога ме прашуваа дали сум вадела заби им кажував дека ниту еден заб немам извадено, а сепак си носам протеза. И забите сега ми се супер на место уште од кога ја извадив протезата ми се немаат ич поместено или искривено. Затоа пред да ставате, убаво прашајте си да не вадите за џабе. [/quote] И пак ќе кажам дека се зависи од вилицата и од тоа колку место имаш на неа и колку ти се искривени забите ! Значи ги имам извадено сите 4ки и долу и горе и океј се ми се средија забите и кога почнаа да даваат абер умниците дека се за излегување мене забите пак ми се искривија ! И тоа од причина дека немав место на вилицата и нема кај да ми одат забите и се шуткаат еден со друг за да се направи место и затоа со операција ги вадам и умниците уште не излезени, за да не ми се искриват уште толку забите ако ги чекам да излезат па да ги вадам .
Забрането е тројките да се вадат, бидејќи се едни од најцврстите и најспецифични заби - незаменливи...Иначе пред да се стави фиксна протеза најчесто се вадат заби, еден или два, најчесто четворки или умници, ортодонтот одлучува тоа...Каде ќе ти се исправат забите ако немаш простор на вилиците, на каде ќе се движат со протезата?
луѓе како ги ставате ластиците на протезта, дали со прстите или употребувате нешто друго. Мене ми многу тешко да ги ставам ластиците, многу се мали и не можам со прстите. Ај кој знае нека ми пише.
Со прстите ги ставав, јас вака правев го закучував ластичето за куката на прстенот на тој што е ставен со куката од внатрешната страна и пота го фаќав ластичето и го тегнев до другата надворешна кука. Мене првин тие што ми ги даде никако немозев да ги ставам премногу беа мали и само едно успеав да ставм па од што премногу чуствував притисок ме фркна глава ненормално, па си отидов утредента на забар и ми ги смени со малку поголеми кои безпроблем ги ставав, воопшто не ме болеше глава и супер си ја завршија функцијата. Се надевам дека ме сфати.
Jас ги фаќав со чупалица а и на заболекар со слична “направа“ ги ставаат , со прсти е многу тешко скоро невозможно да ги растегнете не па да ги ставите. И јас слично како А-ј-а , ластичето го ставав на прстенот што е на шестката и тегнев со чупалицата до тројката (до тука требаше да го ставам), е сега зависи како ти рекле да ставаш мене ми објаснија и не беше тешко
Јас утре имам закажано на ортодонт, најверојатно или веднаш утре или недела ( пошо ни е близок пријател ) ќе ми ја наредат фиксната така да поактивна ќе сум во темава, малце ме фаќа страв али тоа е сигурно слатко ќе ми стои
Се израдував дека за скоро време ќе ги вадам протезите и џабе било. Ќе ги носамм се до другата школска година, накај октомври изгледа ќе ги извадам. А забите ми се прави уште од првиот месец, па не е фер.
Да(барем на мене така ми направија), носев фиксна само доле и кога ми ја извадоа ми дадоа мобилна за не ми се искриват пак