Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    15.104
    Пол:
    Женски
    Море колку си ги засакав забите со протезите :wasntme: Љубов на втор поглед :rofl:
    Си ги обожавам.Само си ги менам боите на гумичките,како мало дете сум :$
     
  2. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Девојки сега почна да ми расте доле осмицата и страв ми е да не ми направи проблем со протезата бидејќи нема многу место :?: Веројатно ќе мора да ја вадам одма искуство некое слично?
     
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас носев фиксна протеза на долната вилица околу година и ми ја извадија. Кога ми ја ставија на почетокот, ја мразев и ја криев цело време. Кога ми ја извадија вилицата многу ме болеше и ми недостасуваше, ама сега се навикнав без неа и многу сум среќна што ми ја ивадија :D
     
  4. milko7

    milko7 Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    И јас го имам тој проблем, ОТВОРЕН ЗАГРИЗ, предната вилица ми е понапред и не се спојува со долната, и како со години чекам тој простор помеѓу нив се зголемува. Ми е страв да ставам фикси од помислата да не ми се деформиса изгедот, вилицата, немам претстава како ке се среди и дали ке изгледа така убаво ме плашат моите од дома.
    Бидејќи ти веќе носиш протези, кажими дали ти се средија забите и дали се сега убави, и како ти изгледа фацата во делот кај устата, има промена???
    И колку коштаат на двете вилици протези


    Ајде нека каже некој што го имал овој ист проблем ОТВОРЕН ЗАГРИЗ, и ставил протези...
    На двете вилици се нисат фиксни протези? И колку време треба носење? и Колку пари е тоа?
    Дали се менува ликот на лицето во делот на устата..
    Незнам што да правам дали да ставам...ама морат ми смеќаваат и во јадење немојш саглам да јадиш, од откасаш, ама и во зборување грдо изгледа, како јазикот повеќе да излага надвор.
     
  5. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    јас го немам тој проблем но моја другарка го имаше и си го реши, сега зависи колку е тој отворен загзриз, голем.. таа ги носеше некаде 3 години, не беа силиконски туку обични. ликот и е сменет и преубава насмевка има, има специјални ластици што се користат се прикачуваат на долната и на горната протеза (што значчи дека мора и горе и доле) ластиците се прикачуваат на горната и долната 6ка и не се гледаат, но устата ти била како кутија :) така си ја осеќала таа... ти ги менуваат често и ја чинеше 600 евра голе и доле исто што и мене.

    јас сум задоволна ги носам 5 - 6 месеци, и задоволна сум, имам проблем со 3тројките и ги решив скоро еве ги гледам се вртат :D понекогаш ме фаќа нервоза ама се издржува.а дека болат болат, кога ги затегнува и ги мења ластиците а тоа е на две до три недели, болка по 2 дена. тоа е тоа.. поздрааавв
     
  6. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    И јас треба да носам ама НЕЈЌАМ....Мама и тато само ме тераат ама јас НЕ! :$ :$
     
  7. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Зависи во која ординација ќе ги ставаш, но обичните фиксни не би требало да се поскапи од 350 евра за една :)
     
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Сеуште ја носиш протезата? Ако сметаш дека нема доволно место подобро извади ја. Пред да носам фиксни протези ги извадив сите четворки затоа што немав доволно место. И сега кога почнаа да ми растат 8ките повторно немам место:/ и ја извадив едната па за некој месец и другата. Не е страшно :)


    Подобро сега да носиш. Во иднина ќе бидеш благодарна за тоа што те терале твоите да носиш. И нормално ќе се фалиш со твојата насмевка :)
     
    На tweety-tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    981
    Ех јас и моето патешествие ..
    Носев мобилна пред неколку години ама мнооогу нередовно..скоро ич.
    И си ја извадив..
    Е сега треба да носам фиксна , ама за да ми стават фиксна треба прво да ги поправам забите . :sweat:
    А мене тоа поправање на заби ми е СМРТ. Толку се плашам од таа машинката абе ужас. :doh:
    А мајка ми е стоматолог , ама за џабе , моли секој ден , вика по мене да одам додека е време , демек нема да боли и се тоа..ама никако да ме убеди ..си знам јас како сум си поминувала кога сум седнала на тоа проклето столчиште. :x
    И со анестезија ме боли бе луѓе ...и тоа многу ..
    Јас сум рипала на столче , крокодилски солзи сум леела , живи срамови.. :D
    Свесна сум дека треба да одам..ама ете ..ден по ден , си лета времево..
     
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Се сепнав кога слушнав како едно девојче со криви заби и било грдо да носи протеза. Па ја носиш една година а после цел живот имаш прави заби.
    А една професорка ми кажа зошто сум носела протеза, за мода ли. Даа, секако, за мода. |(

    Доколку имате можности ставете ја, се додека има време.
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене после 5 месеци не носење фиксни протези. :D

    (долната вилица ми е назад... носев и ластици, но не помогнаа) :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

    • download (18).jpg
      download (18).jpg
      Големина на фајлот:
      14,5 KB
      Прегледи:
      444
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    И јас додека ја носев, често знаеше некоја таква исфрустрирана да ме праша а за мода ја носиш?! Не за мајка ти ја носам. Од психопати што можеш да очекуваш освен нешто такво.. :?:
     
  13. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Имам едно прашање,двојката и тројката ми се истрошени и немаат убав облик па сакав после протезата да си ставам навлаки на тие заби за да не ми иде во вода за џабе носењето протеза бар да има естетски ефект. Е сега, нели се носи мобилна после тоа. Ќе прават проблем навлаките?
     
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема да има проблем, имам и јас на еден заб навлака и се е во ред, заболекарот ти го струга забот и според просторот кој го имаш после ти зема мера и става навлака :)
     
  15. nikongirl

    nikongirl Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Цена, доктор и искуство за Фиксни Протези

    Сакам да ве прашам дали сте запознаени со цени и доктори за фиксни протези. Ми требаат информации и искуство. Сакам да носам па сакам и да се распрашам за цена и да прашаам: Дали некои ја знаат цената на протезата, начинот на исплата и доктори во Штип? :D
    - извинете ако има веќе постоечка тема , но ми треба за Штип бидејќи сум од таму :)
    но сепак споделете искуство и ако не сте од Штип ;)
     
  16. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Јас моите ги платив 250 евра. Во цената ми беа вклучени и месечните прегледи, така да само со толку си поминав. Другарка моја си ги плати 300 евра плус секој месец по 500 ден. за преглед. Друга другарка пошто имаше од оние белите ( што не се гледаат, како железава) не ми текнува како се викаат сеа, си ги плати 350/400 евра мислам дека и плус секој проглед по 1000 ден. Значи кај секој доктор ти е различно. Иначе ти кажувам за Скопје..
     
  17. pipi123

    pipi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    128
    Може ли да ми кажете по Струмица и Штип како се движат цените на протезите и на тие белите(што не се гледаат) и на овие другите ?
    И кои доктори се така подобри .
    Благодарам однапред.
     
  18. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.744
    Цената на протезите е секаде скоро иста, овие беливе се 350 евра не верувам дека некаде се поефтини :)
     
    На pipi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    Да го споделам и моето искуство. Забите драстично ми се искривија (единиците и на горна и на долна вилица) со растењето на осмиците. Чекав подолго време да ми пораснат колку толку, па ги извадив сите 4 и конечно пред 4 месеци ставив фиксна протеза. Бев решена дека ќе носам внатрешна протеза, но поради загризот сите лекари ме советуваа да ставам обична протеза. Сега имам порцеланска на горната вилица, а на доланата следниот месец ќе ми стават обична метална (поради поголемото искривување) и ќе ги носам 2 години. Оваа комбинација ме чини 1200 евра. Плаќам фиксна цена во која е вклучено се (сите прегледи, промени на жици, брикети...)
    Да ги охрабрам сите што се мислам за ваков чекор, дека болката е индивидуална. Мене не ме болеше воопшто, немав главоболки,не се напив никаков анелгетик, само малку ми беа поосетливи забите. (ортодонтот ми рече дека сум една од ретките што вака лесно поминале :) )
     
  20. iffet.m

    iffet.m Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите :D
    Нова сум на форумот и ми требаат информации дали некоја од вас има или имала ставено фиксна damon протеза , колку чинат ,колку се ефективни , кај кои ортодонти ги има :D и општо онака за металните и керамичките фиксни протези дали сте задоволни од користењето , бидејќи конечно решив да ставам фиксна :clap: :sweat: