^ Јас како помала носев мобилни протези,но малку се,како да кажам,терсене.Ми се смалија за брзо време,немаше некој огромен ефект,во почетокот кога ќе ги носиш ќе ти се гади од нив,плус и не можеш чисто да зборуваш,звучи смешно . Нели тие треба секоја вечер да се затегнуваат,е сега,ако случајно пропуштиш да ги затегнеш малку ќе се поремети сето тоа,па после дур се снајдеш...Јас имав сменето 2-3пара такви протези бидејќи ептен ми беа зафркнати,те се смалиле,те нешто затегнувањето не било во ред,триста чуда.Поголем ефект мислам дека има со фиксни протези,ако не се лажам.
Носењето и затегнувањето се најмал проблем. Сега носам мобилна протеза, веќе 6 месеци и нема некои видливи резултати П.С: ти се исправија забите, или останале исто како и претходно?
^^ И јас носев мобилна порано ама резултати од неа слабо. Фиксната (на горната вилица) ја носам два ипол месеци и резултати има, плус не ми пречи додека зборувам, што не е случај со мобилните.
Пред пет часа ми наместија фиксни протези, заболекарката рече дека ќе почнат да ме болат од утре, ама еве сега почнуваат да ме болат. Нормално е или,...? Иначе не може да е од храна, не јадев ништо, само пудинг и супа..
Нормално е, не се грижи. Утре уште повеќе ќе те болат забите, ама после 3-4 дена ќе помине, па ќе можеш и потврда храна да jадеш.
Дојде утре... Ауу ова не се трпи Ќе ги откорнам.. Иначе ластичињата беа плави, утрово гледам, зелени ..
Јас носам мобилни протези, горна и долна. На почетокот, додека да се навикнам, премногу ми се гадеше од нив, и премногу ме стегаа. Ми рекоа дека мора да ги носам преку ноќ, и 4 часа преку ден. За преку ден не се замарав да ги носам, и сеуште не ги носам. Јас ноќта ги носев, но често ми се случуваше да се разбудам и да ги извадам. Ми рекоа да ги вртам на секои две недели, па некогаш заборавам. Сега веќе се навикнав, и понекогаш кога ќе ги ставам не ни забележувам дека ги носам. Малку е смешно зборувањето, не ме разбираат дома што зборувам. Не знам точно колку време ги носам.
На повеќе места сум била да побарам мислење и сите ми рекоа дека мобилните помагаат до 9 години,а после немаат никаков ефект. И јас имам носено и сменето 3-4 мобилни и преку ден и преку ноќ и нема никаков ефект. Мене ме интересира дали има некој искуство со внатрешни фиксни протези?
Јас имам позитивно искуство со мобилни. Ги носев, бидејќи мене требаше да ми се разделат малце забите, за после фиксна да ставам. Јас бев доста упорна во носењето. Ги носев и за спиење и преку ден, редовно вртење, миење, ги потопував во сода бикарбона и беа видливи резултатите. Дури и ортодонтот се зачуди. Може па и до коската да е. Како и да е, ако веќе имаш, биди упорна. Мене долната ми смета и ја избегнувам. Навечер додека спијам често се случува несвесно да ја извадам. Нормално е, не е од храната. Деновиве биди на полесна, течна храна. Мене ме болеа и после менување на едни ластици низ целата протеза. Тие денови на течна храна и немаш гајле.
Добро прашање Seashell31. И мене ме интересира истото Имам носено мобилни протези како помала 6-8 одделение и имаше големи резултати, бидејќи редовно ги носев. Ама сега пак ми се изместија забите дека ми растеа умњаците. Па се мислам дали да ставам внатрешни протези. Инаку имам 22 години. Би била благодарна, ако може некој што носел внатрешни да сподели мислење
како и кога ги ставаат оние внатрешни протези...Мислам што има разлика од внатресни и мобилни какво е дејството?
Како може најлесно да се извади гумчето од брикетата ама дома ? Едно ми падна и сакам другото да го извадам за да се исти.. ? Утре и задутре не работат, и дури мора понеделник да одам на заболекар..
Колку би ме чинела само долна фиксна протеза со сини картони во државна болница? (или во јане сандански, ако ставаат таму )
Девојки ве молам за совет и мислење! Вака. Носев фиксни протези околу 2 години и ги извадив пред околу 2 години. Имав проблеми бидејќи бев во погрешни раце, ужас, докторот си немаше појма, па така лутав некое време додека не најдов добар доктор. Како и да е, ги средив забите и ја извадив протезата. Забите беа супер, ја носев и редовно мобилната протеза навечер, но ете и покрај се, а воедно и поради некои грешки но не по моја вина, забите се изместија. Не е којзнае колку, но јас ја гледам разликата и знам како беа на почетокот, а какви се сега. Единиците отидоа напред, двојките и тројките почнаа чудно да се преклопуваат и едноставно се изгуби таа убава полукружност на забите. И ми е криво. И единствено решение за сево ова е да носам повторно фиксна но овој пат ќе се исправат тие грешки и не би требало да се искриват потоа пак. Ако се искриват пак, боже мој, судено било.. И бидејќи го имам искуството на носење фиксна, ги знам добрите и лошите страни од процесот, но замислете не ми е мака тоа што пак ќе носам, па контроли, редовно миење, повремени болки...туку психички моменти ми се. Како тоа пак ќе носам фиксна, па ај да студирав во друг град, немаше да ме знаат, но како тоа сега тие што знаат дека сум носела и ме гледале со фиксна, сега пак ќе ме гледаат...нели е срамно, нели е смешно, што е оваа толку опседната и упорна со забиве... е такви работи повеќе ми се вртат во главата... а 20 години имам, не сум средношколка. Па уште кога ќе ми текне на љубов уште толку ми станува лошо..бидејќи не сум во долга врска па да не се замарам многу....и се ова собрано...ептен ме спушта на нула. И се прашувам дали вреди да поминувам низ се ова, или едноставно да баталам се? Инаку за најмалце да се познаваат, нема да ставам од металните туку од безбојните брикети со безбојна жица. И треба да ги носам до некаде март месец, значи отприлика од сега до март (најкасно април) бидејќи немам некоја огромна искривеност и нема да трае долго носењето. Во голем проблем сум и мислачки, ве молам пишете ми мислење за се ова.