1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски

    Еве јас да ти одговорам. Генетика е во прашање, но освен тоа има и други фактори кои можеби играат и поголема улога во тоа.
    Забите се искривуваат поради тоа што обично се работи за мали вилици и големи заби, па нема место за сите, па се збиваат и преклопуваат, и како резултат на тоа збивање некои се над другите, некои под другите, значи секој си пораснал кај што има место.
    Е сега, не значи дека секогаш ќе дојде до вакво нешто. А тука голема улога имаат и факторите на околината - пред се' исхраната. Зошто? Затоа што последниве генерации деца (зборувам за дваесетина и повеќе генерации наназад) - јадат исклучиво преработена храна. Тука и родителите имаат голема вина. Кога се почнува со дохрана на бебето (значи кога не е доволно само доењето), многу родители грешат со кашичките, всушност се' што детето јаде е во форма на кашичка. Ајде, нека се почне со кашички од 6 месец, ама веќе од 7-8 месец треба да му се дава сецкано јадење (поситни парчиња) на детето, не блендирано во миксер, за да се научи да џвака - многу е важна улогата на џвакањето во правилниот развој на вилиците што ќе доведе до правилно поставување на забите во текот на нивното никнење. Затоа е препорачливо месото, зеленчукот, овошјето, лебот - да биде сецкано, па дури да се јадат и корките од лебот - да се поттикне функцијата на џвакањето. Многу родители грешат тука, и им даваат на децата кашички, и после кога треба да џвака, детето не може да се навикне, па се засркнува или ја голта храната неизџвакана. А со тоа што не знае да џвака, автоматски и нема правилен развој на вилиците.
    Друго - многу е важна оралната хигиена, уште од раѓање. Сите ќе речат „е како да не, нема уште заби“. Без оглед на тоа што забите не се уште никнати, мора усната празнина да се одржува чиста. Кај мало бебе што нема заби, може да се чисти устата со газичка на прстот натопена со вода или чај од камилица. Тоа особено помага во чистење на остатоците од млекото. Кога ќе почнат да никнуваат забите, и тие треба да се чистат, на сличен начин, прво со газичка, а кога малку ќе потпорасне, има специјални четкички, како напрсток, и со нив се поминуваат забите после јадење, само со обична вода. Кога детето ќе научи дека забите треба да се мијат (тоа веќе на година и пол), му се купува четкичка и се учи на правилата на орална хигиена. Тогаш забите се мијат само со вода, а пастата се употребува дури кога детето ќе научи да плука, некаде после третата година. Доволно е механичкото чистење на забите со вода, и, тука пак ќе го спомнам џвакањето како начин на кој забите природно се чистат од забните наслаги.
    Третово има врска со второво - навечер пред спиење, и во текот на ноќта на детето не треба да му се даваат овошни сокови и млеко за полесно да заспие. Многу родители грешат тука, му даваат на детето овошен сок или млеко ако се разбуди ноќе и плаче. Остатоците од млекото и сокот ги користат бактериите во усната празнина и создаваат киселини кои ги нагризуваат забите, па се јавува кариес (сите сте виделе какви знаат да бидат црни забите кај малите деца). Кариесот брзо се шири ако не се лекува бидејќи млечните заби се понежни и попорозни. Ретко кој родител ја сфаќа важноста на млечниот заб, па не се обрнува внимание на нивното чување и лекување. Затоа најчесто млечните заби паѓаат прерано и на нивно место прерано никнуваат трајните заби, и тоа не секогаш правилно. За секој млечен заб си има одредено време кога треба да биде заменет, и секое предвремено вадење резултира со неправилно поставени трајни заби. Млечните заби се фактички чувари на просторот за трајните заби, па ако се извадат предвреме, тој простор се губи, и забите растат збиено, пред се' поради тенденцијата да се движат према напред, т.е према медијалната линија на лицето.

    Се надевам дека ова беше доволно да сфатиш што е причината за најголемиот број на ортодонтски аномалии кај децата. Ух :whew: ама се уморив :D
     
    На АндрејМ, Edie.S, feferona и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Уфф благодарам Ана на исцрпниот одговор :)
    Ова беше и повеќе од доволно за еднаш да сфатам , да си ја расчистам дилемата околку тоа. :D
    Инаку среќа што постојат сега направи за исправување , си викам кога има сега секакви протези и начини на ставање на протезите, жици, навлаки, ништо чудно да измислат метод со инекции за исправување или заболекар да ти препишува рецепт кои таблети да ги земаш за поместување на забите кон лево , кон десно, на напред или на назад, е уште ова да го имаше и тогаш ќе почнев да се сомневам дека ќе измислат и лек за продолжување на живот. :D
     
  3. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Верувај и јас мразам протези испробав секакви а мобилни незнам колку сменив.Носев железа на забите и помагаат мнооггу! Од идиотски заби сега имам убава насмевка. Малце беше чудно на почетокот, но ќе се навикнеш. Многу ме болеше и пиев дури и апчиња за да ми се намали болката. Болката загарантирана ама има и резултати. :)
     
  4. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    956
    Јас ги носев фиксните година дена, на почетокот боли, првите 3 дена со супа се ранев, потоа се молев да боли за побрзо да ми се наместат забите. :D
    Малце имав проблеми со брикетите, ми се одлипија две кога еднаш јадев карамела и сега до ден денес иако не носам веќе протези не јадам карамела
     
  5. duplo.a

    duplo.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    7
    Носев фиксна 14 месеци, извадив 4 трајни заба и буквално го видов Господ во пижами, ама затоа забите од расштимана клавијатура ми се претворија во холивудски осмех! Не е безболно, обично првите 3 дена откако ќе ти ги менуваат ластичињата нема да можеш да јадеш ништо тврдо и ќе те боли, ама после тоа нема да ги осеќаш. И да, многу е битно ако ти дадат да носиш мобилни протези откако ќе ги извадиш фиксните а ги носиш редовно, затоа што ако не се фиксираат добро џабе ти е целата мака со фиксната.
     
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    И мене ми викаат дека треба да носам фиксни протези, но од самата помисла декасе носи година ипол страв ме фаќа. И сега прашањето, а што ако ми се вратат пак забите како што ми се сега?
    Ме остави заболекарката да размислам за тоа дали сакам, бидејќи друга протеза немало да ми одговара. Сум имала збиени и широки заби. Вадев доле 2 здрави заби за да има место за другите и сега одма ме искара еден друг заболекар зошто пак и горе не сум извадила два. Па не сум јас виновна!! А тие што ги извадив ми беа криви, но како се наместија овие другиве и тие два ми се искривија. :devil:
    Чекајте сега. Едни викаат 200 евра била протезава, понапред некоја страна па велите 500 евра, една комшика па ми кажа 300 евра била, и сега колку е? Ама ако знае некој точно да ми каже.
    Благодарам однапред. :bow: :bow:
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    ^ Ани, и јас истото се прашував, колку пари е протезата зашто сите различно велат. Ама мислам тоа зависи и од протезата и од заболекарот, кај ќе идеш. А за моиве заби да не зборам, ама и мене страв ме фаќа кога ќе помислам дека треба да вадам можеби и здрави и прави заби. :worried: А јас болка никаква не можам да трпам. Цела треперам дури и кога ми земаат крв или ми вадат трн од прст, а за ова да не зборувам. :$ :( A треба што побрзо да одам на заболекар, да ја средам конечно и оваа работа, па веќе срам ми е да се насмеам. Ама, никако да не отидам, се од најразлични причини. А и како што тргнала работава, изгледа ќе треба да носам протеза 2 години, зашто стварно ми се катастрофа забите. :x
     
  8. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Ја протезата ја носам година ипол и сега уште некој месец и ќе ја ваѓам :) Аннии ако ти се криви забите не се двоуми дали да ставаш или не.Јас имам мала вилица а широки заби па затоа горе и доле два заба ми беа криви и ми штрчеа и морав да ваѓам здрави заби.Откако ќе ја извадам фикснава протеза некое време ќе носам мобилна за да не се вратат како што ти биле.А за цената,една протеза чини 250 евра ,а ако ставаш и горе и доле 500.Малку ќе се изнамачиш на почетокот,по контролата, односно откако ќе ти ја стегне протезата ќе те болат забите и ќе неможеш да јадеш потврда храна,но за ден-два ќе помине.Иначе,многу сум задоволна како ми изгледаат забите сега,како бисери :$ :D Сега конечно можам слободно да си се смеам :D
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Абе Блу не за џабе сме комшики. :lol: Мене како помала за уши уште да фатеа да ме тегнат, ама на забар не идам и тачка. Многу имав страв од самиот збор амбуланта, а да не зборам за заболекари. Највеќе ми е страв од бурмашините. Иначе баш денес бев на консултација кај еден заболекар и ми рече дека ќе ми ставел 100 евра протеза ваљда мобилна ќе да е и ќе сум ја носела 6 месеци, но ми рече дека сум требала и од горе да извадам два заба здрави. За фиксна ќе одам во Воена болница. Да не испадне некоја реклама, но таму ми се погоди и заболекарката и таму ќе ставам изгледа. Ма ќе трпам болки. Подобро болки отколку вака да се срамам да се насмеам. :worried: :worried: И кога зборам, зборам со полуотворена уста. Башка тројките ми се криви. :|
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Дечки мене забите ми беа урнебес. Секој си го беше фатил својот пат и бев како кловн. Значи ставив протеза само горе и ја платив 250 евра. Од првинта кога ми ја ставија ме болеше скоро две недели. Доктрорката ми препиша триста апчиња ако ме болат ама јас за среќа си ја истрпив болката. После секоја контрола се мењат ластичињата и боли околу два дена. Периодот колку ќе ја носиш протезата зависи од искривеноста на забите. Јас ја носев 2години а некој година па и помалку :!: . За да не се вратат забите назад се носи мобилна протеза само на спиење. Не се плаќа туку се зема со упут од матичен заболекар. Обавезно идење на контроли и после обавезно носење мобилна протеза (тоа зависи и од вашите години, до 18 мора да се носи). Ајде одете исправајте си ги забите затоа што најубавото нешто и првото што се приметува кај некоја личност тоа е насмевката. Бидете убави и секогаш насмеани. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Нема зошто страв да те фаќа, на почеток можеби ќе ти сметаат, ама после ќе се привикнеш на нив. За да ти бидат поинтересни имаш и ластичиња во бои, мислам некој поназад ги постира. Не верувам дека ќе ти се вратат назад, мислам дека баш поради таа причина се носат мобилните протези од пола година, до година дена и немаш проблем (ако грешам поправате ме). За парите, јас носев само горни и ги платив 250 евра, а иначе ако сакаш да си ставиш и горни и долни 500 евра беше цената.

    Штрумфета, мислам дека нема потреба да се носи до 18 години мобилната... :?: Јас ставив протези од 6то а ги извадив во 8мо. И после ги носев мобилни само година дена. Така ми рече заболекарот. И немав никаков проблем, ни наназад ми се вратија, ни ништо.
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    ^Незнам тоа Фортуне, мене заболекарката ми кажа дека до 18 години вилицата расте нели и забите секако се движат па ако биле криви па исправувани лесно можеле да се вратат во првобитната положба.
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Во цела горна вилица само едната двојка ми е крива, тројка на таја страна немам, растеше внатре во непцето и ја туркаше двојката, и ми ја извадоја и сега двојката е крива, дали треба на цела вилица да се носи фиксна протеза за да се исправи само еден заб? ај стручно ако знае некој нека ми одговори. Фала однапред. :)
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Да, на цела вилица треба да носиш и не верувам долг период. Можеби најмногу една година.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од фиксен апарат, може и со мобилен. Ама зависи од искривеноста на забот, и дали треба да се придвижува целосно, со коренот или пак само видливиот дел (коронката). Ако треба целосно да се помести (т.н bodily движење), тогаш се препорачува фиксен апарат.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Еве јас носев фиксни година и пол, декември ги извадив. Презадоволна сум од резултатот. Сега носам мобилна само за спиење. Би требало да ја носам најмногу една година. Нема врска тоа до 18год, но што побрзо ставиш тоа се поголеми шансите да се исправат побрзо забите. Затоа побрзајте, ако треба носете. Не е срамота, денес се многу честа појава. Што е година или две носење протези, а цел живот заби ко бисери?! Или повеќе сакате криви забулиња?? хахаххаха
    поззз
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Има кај мене професор што има 40 години , може и повеќе и носи фиксни на двете вилици , другарке ме вика :D :D
    Знам дека сум офф ама сакав да ви кажам дека не е срамота да се носат :)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски

    Колку побрзо ставиш, толку се поголеми шансите да се вратат забите во првобитната положба, без разлика дали носиш или не носиш мобилен апарат. И на секој што носел порано од 16 години скоро задолжително му се враќа по некој заб каков што бил. Затоа се чека, за да не мора да се повторува носењето ;) а ако некој сака само да ти ги земе парите (како што е тоа случај денес во државава), баш ќе му биде гајле колку години имаш.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Па ајде да ти наведам пример. Братучед ми стави протези на 25год. ги извади по 1год. Заботе пак му се вратија во првобитна положба. Јас како помала, негде прво, второ одделение носев мобилни но не помогнаа. Како што веќе кажав, ја извадив фиксната и забите ми се во ред. Инаку, немам сеуште 16год. (наскоро полнам) па немаше никаков проблем. Баш за да не дојде до повторно искривување носам мобилни протези. А, што ти да не си стручњак па така сигурно зборуваш?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски

    Па стручњак сум, барем за забите, цел факултет го завршив ;) па би требало да знам што зборувам. А тоа што на братучед ти му се вратиле забите, тоа значи дека не го носел фиксниот апарат доволно долго, ниту пак бил упорен после вадењето на истиот со носење на мобилниот апарат. Забите не остануваат на исто место цел живот, тие постојано се движат и тоа према напред. Тоа треба да се има предвид секогаш.
    Мобилните апарати што се носат во рана возраст служат за насочување на забите кон нивното правилно место на раст. А тоа што тебе не ти помогнале - пак ќе повторам - не си била доволно упорна во нивното носење. Мислам, можеш колку сакаш ти мене да ме убедуваш во тоа дека си ги носела цело време, како и сите пациенти што сум ги имала кога работев во специјалистичка ординација по ортодонција (морам да појаснам дека ортодонција е посебна гранка на стоматологијата за мобилни и фиксни апарати за исправање на забите), но факт е дека децата не ги носат - се познава на самите апарати кој ги носи, а кој не.
    Ти се исправиле со фиксниот апарат, тоа е во ред, носиш мобилен апарат, и тоа е во ред, ама не очекувај премногу. Штом престанеш со носење на мобилниот апарат, може да ти се вратат забите како што ти беа првобитно, затоа што вилиците растат најмалку до 18 години. Плус до 18 години ни умниците не се излезени, а кога ќе почнат да излегуваат, можат да направат проблем, па џабе ти било носењето на било каков апарат.
    Сите светски стручњаци препорачуваат фиксни апарати најрано после 16 години. Порано не. Ама овие нашиве мислат дека се најголеми стручњаци, па си тераат по свое, а тоа што секој сака да си заработи на нечија мака, тоа е веќе друга приказна.
    Се надевам дека сфати оти јас не ги трескам овие информации од ракав, туку имаат научна основа. Не сум глупава до толку да солам памет некому за некоја тема за која што не ме бива.