здраво, сакам да ве прашам, вие што имате од белите протези дали и жицата ви е бела? гледав различни слики има и со нормална жица, и со бела која многу поубаво стои и колку сте задоволни од нис, дали ви се обојуваат од јадење, кафе, цигари
Јас имам уште еден заб за поправка , па треба да ја ставам протезата. Фиксна. Е сега , кај мене проблем се тројките, пошто многу ми се остри, шилести не знам како да се изразам, толку ми се долги тие 3ки што мислам дека низ горната усна , низ непце ке пробијат. Бетер од куче ми се. Имам и неправилен загриз. т.е горната вилица целосно ми ја покрива долната. И д-р рече дека мора да се извадат тројките и двете па да ставиме протеза. На тој начин ке се зближат забите. Ама ај кога ке ми ги извадат , ке имам дупки огромни на тие места, и како ке се насмеам ? Ужас ..
како бре тројки да ти вадат, тие се очни заби, ризично е :/ а за дупки не се секирај, веднаш ке си се спојат од протезите
е ајде де ..не знам се плашам. Никогаш не сум вадела здрави заби..а ни расипани (трајни) само како дете , млечни..
Како бе да ти вадат заб? Не дозволувај Колку и да се доближат забите ако има дупка ќе се познава. Тројките имаат специфичен лик, како шилести, но тоа добар стоматолог може да ги иструга доколку ти сметаат и да ги моделира според вилицата да не штрчат. Мој совет побарај си друго мислење, види што ќе ти кажат. Чисто за информација
@Oscar Lady јас прв пат слушам некој доктор да препорача да се извадат тројки. o Да, доколку вилицата ти е тесна, има потреба од вадење на заби, но најчесто се вадат 8те. Е сега, доколку некој заб, пример 5ка, 6ка или 7ца е расипан, имаш умртвен нерв тогаш тој заб се вади, но најмали корени имаат токму 8те и затоа и заздравувањето е најбрзо.
знам женски, и стравувам. И двајцата ортодонти ми го рекоа тоа. Дека треба да ми се извадат тројките прво. Од тројките не ми се гледаат другите позадни заби кои ми се прави. Ама ете тројките пречат. Инаку страшно се плашам од вадење на заби..
се лекувам во државна. Мајка ми работи таму. Во Св. Пантелејмон Не е за пари, цела зграда ме знае таму. Скоро секој ден сум кај мајка ми на работа.. Цел живот денар не ми земале за поправка на заб
Оф, јасно, и јас таму се лекувам, мислев да не си во некоја приватна ординација.. Прашај уште некој доктор, таму има многу добри доктори..
^ знам , има одлични доктори Се би направила само да не ми ги извадат тројките. А искрено само они ми се најголемиот проблем.
Значи во некои случаи докторите одредуваат дека треба да се извадат заби, особено кога е вилицата мала, а забите крупни и тоа најчесто даваат да се извадат четворки, посебно кај помали деца кои сеуште немаат осмици. Но во некој случај сигурно можат да предложат и друго решение. Мене кога ми рекоа дека на син ми ќе треба да му вадам 4 здрави четворки цела недела не спиев. Ама вилицата му беше цела нанапред отидена за да ги издржи сите тие заби, а сега му е супер, повлечена наназад, убаво обликувана, уште малку му остана да ги носи фиксните.
Здраво девојки, имав слушнато дека фиксните протези се околу 300 е, предмалку мајка ми се јави да праша кај оваа заболекаркава што си идам и таа и кажа 600 е, тоа е дупло, дали се накачени? дали имам лошо слушнато претходно дека биле 300 е ? дали докторите сами си одредуваат цени ? ве молам побрзо одговор додека моите не се предомислиле да ми земат
Ако таа цена е за горна и долна не е скапо,а ако е само за една 600 евра барај си друг доктор.Имам пишано претходно на клиника е 200 евра една и секој контрола еднаш месечно си ја плаќаш.
Јас ги извадив сега брзо, после 2 години. Се е супер, си носам само позиционер за време на спиење. Се надевам нема да се вратат како што беа порано ..